Алјаски Венец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алјаски Венец
Врвови на Алјаскиот Венц кај Денали
Највисока точка
ВрвДенали
Надм. височина6.190 м
Географија
ЗемјиСАД
ДелАлјаска
Координати63°04′10″N 151°00′26″W / 63.06944° СГШ; 151.00722° ЗГД / 63.06944; -151.00722Координати: 63°04′10″N 151°00′26″W / 63.06944° СГШ; 151.00722° ЗГД / 63.06944; -151.00722
Се граничи соКрајбрежни Венци

Алјаски Венец (англиски: Alaska Range) — планински венец во јужноцентралната област на Алјаска, САД. Се протега во должина од 650 км, од езерото Кларк на југозападниот крај до Белата Река во канадската територија Јукон на југоисток. Највисока планина во венецот е Денали (6.190 м)[1][2] — највисока во целата Северна Америка. Венецот е дел од Кордиљерите и претставува највисок венец во светот вон Азија и Андите.

Опис и историја[уреди | уреди извор]

Хејс во источниот дел на Алјаскиот Венец.

Венецот образува лак во правец исток-запад со најсеверниот дел во средина; оттаму оди на југозапад кон Алјаскиот Полуостров и Алеутите, па кон југоисток во Крајбрежните Венци крај Тихиот Океан. Планините имаат улога на висока пречка за воздушниот тек од Алјаскиот Залив кон север и затоа се вбројува меѓу местата со најсурови временски прилики во светот. The heavy snowfall also contributes низа големи ледници како Кенвел, Кастнер, Блек Репидс, Саситна, Јанерт, Малдро, Елдриџ, Рут, Токоситна и Кахилтна. Венецот го пресекуваат четири поголеми реки: Делта и Ненана во средишниот дел и Набесна и Чисана во источниот.

Венецот е дел од Тихоокеанскиот Огнен Прстен и Деналискиот Расед кои минуваат по неговата јужна граница и предизвикуваат земјотреси. На североисточниот крај на Алеутскиот Вулкански Лак е сместен познатиот стратовулкан Спур, кој има две ждрела — планинскиот врв и блискиот Крејтер Пик.

Делови од венецот се заштитени како дел од националните паркови Врангел-Свети Илија, Денали и Лејк Кларк. Автопатот „Џорџ Паркс“ од Енкориџ до Фербенкс, автопатот „Ричардсон“ од Валдиз до Фербенкс и потегот „Ток“ од јазолот Галкана до Ток минуваат низ неговите падини. Алјаскиот нафтовод („Трансалјаска“) се протега напоредно на автопатот „Ричардсон“.

Поважни врвови[уреди | уреди извор]

Денали

Подвенци (од запад кон исток)[уреди | уреди извор]

Врвови во венецот
  • Нејакола
  • Ревелејшн
  • Тиокали
  • Кичатна
  • Средноалјаски Венец/масив Денали
  • Источноалјаски Венец/венец Хејс
  • Делта
  • Ментаста
  • Нуцотин

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. USGS (2 септември 2015). "New Elevation for Nation’s Highest Peak". Соопштение за печат.  посет. 16 мај 2016 г
  2. Wagner, Mary Jo (ноември 2015 г). Surveying at 20,000 feet. „The American Surveyor“ том  12 (10): 10–19. ISSN 1548-2669. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]