Александрина Тине

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Александрина Тине (1835-1869)

Александрина Тине (Александрина Петронела Францина Тине) (17 октомври 1835 - 1 август 1869), холандски истражувач на Африка и првата жена, која пробала да ја премине Сахара.

Детство и младост[уреди | уреди извор]

Родена е во Хаг во Холандија . Ќерка е на Филипа Тинеа, холандски трговец, кој се населил во Англија за време на Наполеоновите војни. Подоцна се вратил во Холандија. Мајка ѝ била ќерка на холандскиот заменик-адмирал. Младата Александрина ја учеле дома. Одлично свирела клавир и била добар фотограф во почетокот на фотографирањето. Имала десет години, кога починал татко ѝ, и ѝ оставил големо богатство.[1]

Патувањата на Блискиот исток и средишната Африка[уреди | уреди извор]

Таа и мајка ѝ многу патувале по Норвешка, Италија на Блискиот исток и во Египет. Го барала изворот од реката Нил, па стигнала до Гондокор. Повторно тргнала да го следи Нил во 1861 год. Престојувале во Каиро, од каде што почнала со мајка ѝ и тетка ѝ ѝ во 1862 год. После краткото престојување отишле во Картум, па продолжиле да го следат Бел Нил. Стигнале над Гондокор, истражиле дел од Собат и се вратиле во Картум во ноември. Во меѓувреме им се придрѕжиле Теодор фон Хојглин иХерман Штојднер, па во февруари 1863 год. тргнале према Бахр ел Газулу. Целта била да се утврди колку западно се протега базенот на Нил. Освен тоа настојувале да ги истражат извештаите за езерото во средишната Африка.

Кога дошле до крајната точка до која можело да се плови на Бар ел Газулу продолжиле пеш перку Азанија. Сите патници имале грозница. Штојднер и мајката на Александрина починале од болест. После многу проблеми и исцрпеност остатокот на експедицијата се вратил во Картум во јули 1864]] год. Таму починала и тетката на Александрина. Уништена после смртта на блиските особи се вратила во Каиро.

Географски и научни резултати на екпедицијата биле многу значајни, тоа може да се заклучи од трудовите Die Tinnésche Expedition im westlichen Nilgebiet (1863-1864 (Gotha, 1865), и Reise in das Gebiet des Weissen Nils Leipzig, 1869). Откриле нови билки и вовеле 24 нови врсти во науката. Александрина Тине четири години живеела во Каиро со ориентален стил, а патувала во Алжир, Тунис и другите делови на Медитеранот.

Експедиција во Сахара и смрт[уреди | уреди извор]

Во јануари 1869 година трганала во Триполи на експедиција во Сахара. Имала намера да дојде до езерото Чад, па да продолжи преку Вадај, Дарфур, Кордофан до горниот Нил. Во Мурзук се сретнала со германскиот истражувач Густав Наџтигал, со кој имала намера да ја премине пустината. Бидејќи Наџтигал имал намера најпрво да го истражи Тибести, таа заминала сама на југ.

По патот од Мурзук до Гат таа и двајцата Холанѓани биле убиени на 1 август 1869 година. Наводно Туарезите ги убиле. Постојат неколку теории за мотивот, но ниеден не е докажан. Еден друг истражувач дознал дека постоела можност да е убиена бидејќи била под заштита на лидерот на северните Туарези. Со тоа наводно други Туарези докажале дека лидерот на северните Туарези е релативно слаб.

Наводи[уреди | уреди извор]