Александар Митровиќ (фудбалер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Митровиќ
Лични податоци
Полно име Александар Митровиќ
Роден на 16 септември 1994(1994-09-16)(29 г.)[1]
Роден во Смедерево, Србија
Држава Србија Србија
Висина &100000000000001890000001,89 м[1]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Фулам Фулам
Број 9
Младинска кариера
2005–2011 Партизан Партизан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011–2012 Телеоптик Телеоптик 25 (7)
2012–2013 Партизан Партизан 28 (13)
2013–2015 Андерлехт Андерлехт 69 (36)
2015–2018 Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед 65 (14)
2018Фулам Фулам 17 (12)
2018– Фулам Фулам 150 (85)
Репрезентација
2011–2013 Србија Србија 19 13 (5)
2013–2017 Србија Србија 21 8 (6)
2013– Србија Србија 69 (44)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 19 март 2021
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 27 март 2021

Александар Митровиќ (српски: Александар Митровић; роден на 16 септември 1994 година) — српски професионален фудбалер кој моментално настапува за англискиот Фулам и фудбалската репрезентација на Србија на позицијата напаѓач. На 18-годишна возраст, Митровиќ бил именуван во топ 10 талентите за категорија на фудбалери во Европа до 19 години, селектирани од страна на УЕФА.[2]

Тој е младински производ на Партизан, но на почетокот на кариерата бил позејмен наТелеоптик, но сепак останал како дел од првиот тим, со кој ја освоил Суперлигата на Србија во својата прва сезона. По две сезони во Партизан тој му се приклучил на белгискиотАндерлехт за клупски рекорд од 5 милиони евра, постигнувајќи 44 гола во 90 натпревари во сите натпреварувања во период од две сезони. Тој ја освоил Белгиската про-лига во својата прва сезона со клубот, и бил најдобар стрелец во лигата во својата втора сезона. Во 2015 година тој се преселил во Премиер лигата во тимот на Њукасл за 13 милиони фунти.

Митровиќ и помогнал на српската репрезентација под 19 години да го освои Европското првенство под-19 години во 2013 година, каде бил именуван за најдобар играч на турнирот. Од таа година, тој исто така е стандарден сениорски репрезентативец со над 20 настапи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Premier League Player Profile Aleksandar Mitrovic“. Barclays Premier League. 2016. Архивирано од изворникот на 2016-05-29. Посетено на 2 February 2016. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  2. „Ten Under-19 talents to watch“. uefa.com. 2 August 2013. Посетено на 5 August 2013.