Александар Маркус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Маркус
Роден 20 јуни 1926
Скопје, Кралство Југославија
Починал 14 март 2012
Скопје, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање режисер
преведувач

Александар Маркус (роден на 20 јуни 1926 година во Скопје - починал на 8 ноември 1988 година во Скопје) — македонски режисер и преведувач.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Александар (Саша) Маркус дипломирал на Високата филмска школа во Белград во 1951 година, а потоа работел во „Вардар филм“ (1953–1955). Станал режисер и уметнички раководител на Театарот на народностите во Скопје (1955–1957). Режирал во Битола, Куманово, Ниш, Скопје - во Театарот на народностите и на Детската сцена на Младинскиот театар (подоцна Драмски театар), Струмица, Велес и Штип. Од 1957 година работел како слободен уметник. Како глумец учествувал во првата целовечерна пиеса на МНТПлатон Кречет“. Повремено пишувал критички осврти, рецензии и друг вид написи за театарската и филмската уметност. Саша Маркус е еден од основачите на Академскиот кино клуб во Скопје.

Филмографија:

  • 1953: Кој е крив? (Асистент на режија)
  • 1953: Пожар (Сценарио)
  • 1953: Европа (Режија, Сценарио)
  • 1954: Македонски тутун II (Асистент на режија)
  • 1955: Хигиенско-техничка заштита (Режија, Сценарио)
  • 1967: Мементо (Асистент на режија)
  • 1969: Време без војна (Асистент на режија)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Маркус“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 922. Text "series " ignored (help)