Александар Везенков-Косарин
Изглед
Александaр Везенков | ||
Роден | 9 декември 1867 Крушево | |
---|---|---|
Починал | 1918 |
Александар Петрович Везенков-Косарин (роден во Крушево, 9. XII 1867) - драмски уметник, син на Петар, братoт на Стојан Везенков, и братучед на Владимир Везенков. Студирал во Москва и Одеса (1891–95). Како соработник на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург и поборник за независна македонска држава, од името на „македонските автономисти“, полемизира со руските словенофили, и е потписник (покрај Димитрија Чуповски, Наце Димов и Гаврил Константинович[1]) на Меморандумот на Македонските народници од декември 1913 г., испратен до Лондонската мировна конференција по повод новото тројно ропство во Македонија.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ “Македонски Глас“ - Орган на приврзаниците на независна Македонија, бр. 1, 9 јуни 1913 г., стр 23
- ↑ Македонска Енциклопедија, Скопје, 2009 г., стр. 253