Алберт Сониксен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алберт Сониксен.jpg
Роден 5 мај 1978
Сан Франциско, САД
Починал 15 август 1939
Вилимантик, САД

Алберт Сониксен (англиски: Albert Sonnichsen) бил американски новинар, заштитник на македонско - одринската револуционерната борба во Македонија и Одринско.

Биографија[уреди | уреди извор]

Алберт Сониксен е роден на 5 мај 1878 година во Сан Франциско. На 21 години во 1899 година заминал како учесник во американска експедиција за Филипините, каде што поминал на страната на бунтовничките локални племиња. Во 1901 година во Њујорк ја објавил својата прва книга со спомени од оваа авантура.

Обиколката на Алберт Сониксен во Македонија.

По Илинденското востание се заинтересиранал за народоослободителната борба на Македонската револуционерна организација во Отоманската империја. Се поврзал со македонските емигранти во САД и како секретар на Македонскиот комитет во Њујорк одлучил да ја посети Македонија.

Во периодот помеѓу 1904-1906 комуницирал исклучиво со револуционери од Македонската револуционерна организација, од февруари до ноември 1906 ја обиколувал Македонија со организациски чети како дописник на англиски и американски весници. Имал средби со: Лука Иванов, Апостол Петков, Сава Михајлов, Георги Сугарев и Даме Груев. Станал сведок на нападите извршени од страна на грчките андартски чети во текот на грчката вооружена пропаганда во Македонија, а во 1907 година по враќањето во Америка продолжил да ја брани каузата на македонските револуционери. Во 1909 година ги објавил своите спомени од престојот во Ениџевардарското езеро и Битола во книгата "Исповед на еден македонски четник".

Во 1911 година, Алберт Сониксен бил претставник на ВМРО во САД, заедно со Ичко Димитров прават неуспешен обид да набават митралези за внатрешноста на Македонија [1]. Кон крајот на Првата светска војна, Алберт Сониксон бил поканет од владата на САД да напише извештај за македонското население. По војната продолжил да се интересира за судбината на Македонија.

Алберт Сониксен умrel на 15 август 1931 година.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Искрен Азманов. „Солунският революционен комитет“, вестник „Българска армия“

Надворешни врски[уреди | уреди извор]