Прејди на содржината

Аксаково

Координати: 43°15′38.78″N 27°48′57.32″E / 43.2607722° СГШ; 27.8159222° ИГД / 43.2607722; 27.8159222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Аксаково
Аксаково
град
Поглед на градот
Поглед на градот
Аксаково is located in Бугарија
Аксаково
Аксаково
Местоположба на Аксаково во Бугарија
Координати: 43°15′38.78″N 27°48′57.32″E / 43.2607722° СГШ; 27.8159222° ИГД / 43.2607722; 27.8159222
ЗемјаБугарија
ОбластВарна
ОпштинаАксаково
Управа
 • ГрадоначалникАтанас Стоилов (ГЕРБ)
Површина
 • Вкупна18,96 км2 (7,32 ми2)
Надм. вис.&1000000000000009900000099 м
Население (2022)
 • Вкупно8.004
 • Густина420/км2 (1,100/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код9154
Повик. бр.+359 052
Мреж. местоaksakovo.bg

Аксаково (бугарски: Аксаково) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Аксаково во Варненската Област. Има население од околу 8.004 жители (2022).[1]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Се наоѓа на околу 90-100 метри надморска височина, во јужното подножје на висорамнината Франгенско Плато, со наклон кон Варненското Езеро, на 10 километри северозападно од регионалниот центар Варна.

Историја

[уреди | уреди извор]

Историјата на Аксаково може да се проследи уште од римско време. Во близина на населбата се наоѓа римската тврдина М’глиж која имала важна улога за развојот на населбата и одбраната на регионот. Откако Отоманската империја го презела Второто бугарско царство, дошло до пад на бугарското население во областа. Селото имало претежно турско население и се викало Аџемлер. Кога бил потпишан Санстефанскиот договор (1878), дошло до масовен егзодус на Турците. Новото население се состоело од бугарски бегалци кои дошле од регионот околу Одрин и Лозенград во Источна Тракија. При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, во Македонско-одринското ополчение доброволно се пријавиле 4 лица од Аџемлер.[2] На 14 август 1934 година името на селото е сменето од Аџемлер во Аксаково во чест на рускиот публицист Иван Аксаков кој активно се вклучи во процесот на ослободување на Бугарија. Во 2004 година селото добило статус на град.

  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“. София, Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9, 2006. ISBN 954-9800-52-0. с. 441.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]