Акбар Велики
Акбар Велики | |||||
---|---|---|---|---|---|
Акбар Велики | |||||
трет Могулски цар на Индија | |||||
На престол | 27 јануари 1556 - 25 октомври 1605 ( 49 години и 275 дена) | ||||
Крунисување | 14 февруари 1556, близу Каланаур, Гурдаспур | ||||
Претходник | Хумајун | ||||
Наследник | Џахангир | ||||
Регент | Бајрам Кан (1556-1561) | ||||
Роден(а) | 14 октомври 1542 Умаркот, Синд | ||||
Починал(а) | 27 октомври 1605 Фатепур Сикри, Агра | (возр. 63) ||||
Почивалиште | |||||
Сопружници | 36 жени вклучувајчи ја и Маријам-уз-Замани | ||||
Деца | Џаханџир, Мурат, Данјал, 6 други ќерки | ||||
| |||||
Династија | Тимурид | ||||
Династија | Могулско Царство | ||||
Татко | Хумајун | ||||
Мајка | Хамида Бану Бегум | ||||
Вероисповед | Дин-и-Илахи |
Џелалудин Мухамед Акбар попознат како Акбар Велики (Умаркот, Синд, 15 август 1542 - Агра 16 август 1605) бил владетел на Могулското Царство од 1556 година. Познат е како еден од најголемите и најзначајните владетели на Индија во историјата. Роден е во Иран како бегалец, а на престолот доаѓа како законит наследник на неговиот татко Хумајун на 13 годишна возраст. Тоа е единствениот случај во историјата на могулската династија некој да дојде на власт без војна или крвопролевање.
Неговиот постар брат Мухамед Хаким не се противел на именувањето на Акбар за владетел. Тој е единствениот владетел кој бил потполно неписмен, но имал голема желба за знаење и волја за учење. Иако бил неписмен, "прочитал" стотина свети свитоци и учени текстови така што истите му ги читале неговите дворјани.
На почетокот на своето владеење, до полнолеството државните работи во негово име ги водел Бахрам Кан. Потполно посветен и значително умен и интелигентен човек. Кога Акбар наполнил 18 години, Бахрам Кан се повлекол од јавниот и политички живот а на негово место главното влијание на владетелот го имале неговата дадилка, Махрам Анга. По 1562 година, Акбар владеел потполно самостојно.
Ја зацврстил власта на могулската династија, ја обединил Индија и со многу успешни војни ги проширил границите на државата, кршејќи го отпорот на локалните господари. Со многуте реформи ја зацврстил средишната власт, со поддршка на научници и уметници. Иако бил муслиман, им дозволил на сите слобода на вероисповед и се спротивставувал на верскиот фанатизам. Во обид да се помират хиндусите и муслиманите создал синкретична религија (dīn-i-ilāhī) во која тој бил врховен владетел. Мавзолејот му е изграден 1612.-13. во Сикандер кај Агра.
Акбар Велики Роден(а): 14 октомври 1542 Починал(а): 27 октомври 1605
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Хумајун |
Могулски цар 1556–1605 |
Наследник Џаханџир |
|