Прејди на содржината

Автобуска несреќа кај Ласкарци (2019)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Автобуска несреќа кај Ласкарци
Група луѓе пред Инфо центарот на ГОБ „8 Септември“ чекаат информации за состојбата на пациентите
Сумирани податоци за автобуската несреќа кај Ласкарци
Датум13 февруари 2019
Видавтобуска несреќа
Местокај Ласкарци, Македонија Македонија
Патници51
Жртви16[1]
ОператорДурмо турс
ДестинацијаСкопје-Гостивар

Автобуска несреќа кај Ласкарци — автобуска несреќа која се случила на 13 февруари 2019 година околу 17 часот во атарот на селото Ласкарци, скопско, во која загинале 16 лица.[2][3] Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар. Автобусот излетал од автопатот Тетово-Скопје и паднал во провалија откако ја пробил заштитната ограда на автопатот.[4] На местото веднаш претрчале мештани од Ласкарци и околината.[5] За спасувањето биле мобилизирани сите комбиња на брзата помош од „Здравствен дом - Скопје“ и од приватните болници „Невромедика“ и „Систина“.[4][6] Несреќата допрела до целата македонска јавност. На друштвените мрежи се појавило неформално движење под мотото „Сите се возиме во ист автобус“, изразувајќи сочувство за несреќата и преку истото граѓани самоиницијативно на блиските на учесниците во несреќата им понудиле сместувања, храна.[7] Министерот за внатрешни работи Спасовски два дена по несреќата изјавил дека МВР дотогаш има покренато пет постапки за говор на омраза поврзани со несреќата.[8] Владата ги прогласила за ден на жалост 14 и 15 февруари.[2] На 14 февруари пак во Гостивар се оддржала комеморативна седница за загинатите во автобуската несреќа, на која присуствувале претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев,[9] и исто така била прогласена тридневна жалост на ниво на општината.

  • Бугарија Бојко Борисов — „Со болка ја слушнав веста дека на патот Скопје - Тетово животот го загубија 14 лица. Им изразувам жалење на најблиските на загинатите и посакувам брзо заздравување на повредените“.[10]
  • Косово Со едноминутен молк започнала седницата на косовската влада.
  • Украина Павло Климкин — „Украина упатува искрено сочувство до семејствата на погинатите и им посакува поброзо оздравување на повредените во трагичната сообраќајна несреќа близу с. Ласкарци во Република Северна Македонија. Во овие тешки времиња Украинците се заедно со пријателскиот македонски народ“.
  • Германија Томас Герберих — „Длабоко ме погоди веста за тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово што се случи вчера вечер. Ви изразувам најдлабоко сочувство и од името на германската Амбасада. Нашето длабоко сочувство го упатувам особено до семејствата на жртвите“.
  • Босна и Херцеговина Милорад Додиќ — „Сите нас во БиХ длабоко не потресе тажната вест за оваа страшна несреќа и загинувањето на голем број граѓани. Ве замолувам на семејствата на настраданите да им ги пренесете изразите на сочувство, а на повредените граѓани им посакувам искрени желби за што поскоро опоравување“.[11]
  1. „Почина тешко повредената девојка во несреќата кај Ласкарци“. Радио Слободна Европа. 20 март 2019. Посетено на 20 март 2019.
  2. 2,0 2,1 Утре и задутре ден на жалост во Македонија, почина уште едно лице
  3. „Почина уште еден повреден во несреќата кај Ласкарци, бројот на загинати е 15“. Сакам Да Кажам. 16 февруари 2019. Посетено на 16 февруари 2019.
  4. 4,0 4,1 Автобус со 50 патници излетал во провалија на патот Скопје - Тетово
  5. Сведоштва за несреќата: Молеа за помош, но не можевме сите да ги спасиме[мртва врска]
  6. Сите коли на брза помош од Здравствен дом Скопје и од приватните болници Невромедика и Систина се испратени во Тетово
  7. МВР го истражува говорот на омраза на друштвените мрежи
  8. Спасовски: Покренати пет постапки за говор на омраза
  9. Во Гостивар комеморација за загинатите - присуствуваат претседателот Иванов и премиерот Заев
  10. Борисов: Со болка ја слушнав веста за сообраќајката кај Тетово
  11. Сочувство од Додик до Иванов за трагедијата кај Ласкарци