Џун Алмеида

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џун Далзиел Алмеида
РоденЏун Далзиел Харт
5 октомври 1930(1930-10-05)
Глазгов, Шкотска
Починал1 декември 2007(2007-12-01) (воз. 77 г.)
Бексил, Англија
ДржавјанствоБританско
НационалностШкотланѓанка
ПолињаВирологија, хистопатологија
УстановиКралска амбуланта Глазгов, Болница Св. Бартоломеј, Институт за рак Онтарио, Кралско медицинско училиште за постдипломски студии, Истражувачка лабораторија Велком
Познат поПионер во имуно-електронска микроскопија
Влијаел врзАлберт Капикијан
СопружникЕнрикес Розалио (Хенри) Алмеида (в. 1954), Филип Самуел Гарднер (в. 1982–94) (починат)
Деца1

Џун Далзиел Алмеида (англиски: June Dalziel Almeida; 5 октомври 19301 декември 2007)[1] беше шкотски виролог која, со мало формално образование, стана доктор на науки и пионер во снимање, идентификација и дијагноза на вирусите.[2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Џун Далзиел Харт е родена на 5 октомври 1930 во Глазгов во семејството на Џејн Далзиел (екс Стивен) и Хари Леонард Харт, возач на автобус. Го напушта училиштето на 16 години за да работи како хистопатолошки техничар во Кралската амбуланта Глазгов. Тогаш се преместува во Болницата Св. Бартоломеј за да ја продолжи својата кариера.[3]

На 11 декември 1954 се мажи со Енрикес Розалио (Хенри) Алмеида (1913–1993), венецуелски уметник со кого има ќерка, Џојс. Се преселуваат во Канада каде работи во Инстутутот за рак Онтарио како микроскопичар. Иако со мал број на формални квалификации, унапредена е во согласност со нејзините способности.[3] Публикациите ѝ оддаваат признание за нејзината работа во полето на идентификување на виралните структури. Нејзините способности се препознаени од А. П. Вотерсон, тогашен професор по микробиологија во Медицинското училиште Св. Томас, кој ја убедува да се врати во Англија и да работи во болница. Алмеида развива метод за подобро визуелизирање на вирусите преку употреба на на антитела. Работи на Хепатит Б и грип.[4]

Џун ги прави првите слики од вирусот рубела користејќи имуно-електромикроскопија[5]. Дејвид Тирел и Алмеида работат на карактеризирање на нов тип вируси, сега наречени коронавируси.[6] Оваа фамилија вируси го вбројува и САРС вирусот.

Алмеида го следи Вотерсон во Медицинското училиште за постдипломски студии во Лондон, каде нејзините придонеси кон статиите се наградени со докторат. Ја завршува својата кариера во Велком Институтот.[4] Додека работи таму, нејзиното име се наоѓа на неколку патенти во полето на снимање на вирусите.[7] Го напушта Велком и станува инструктор по јога, но се враќа во улога на советник во доцните осумдесетти, кога помага да се снимат нови слики од вирусот ХИВ.[3] Објавува Прирачник за брза лабораториска вирусна дијагноза во 1979.[8]

Алмеида умира во Бексил од срцев удар во 2007.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Times Published: 18 February 2008
  2. Booss, John; August, Marilyn J (2013). To catch a virus. Washington, DC: ASM Press. стр. 209. ISBN 1-55581-507-3. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Almeida, Joyce. June Almeida (née Hart). „British Medical Journal“ (BMJ Group) том  336 (7659): 1511. 28 јуни 2008. doi:10.1136/bmj.a434. ISSN 2044-6055. 
  4. 4,0 4,1 4,2 J. E. Banatvala, ‘Almeida , June Dalziel (1930–2007)’, Oxford Dictionary of National Biography, Oxford University Press, Jan 2011 accessed 18 Oct 2012
  5. Paterson, Andrew (2017). Brilliant! Scottish inventors, innovators, scientists and engineers who changed the world. London: Austin Macauley. стр. 577. ISBN 9781786294357. 
  6. Booss, John; August, Marilyn J (2013). To catch a virus. Washington, DC: ASM Press. стр. 217. ISBN 1-55581-507-3. 
  7. Almeida, June Dalziel, patents, accessed October 2012
  8. WHO Manual for rapid laboratory viral diagnosis 1979