Лексикографски завод „Мирослав Крлежа“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зградата на заводот во Загреб
Третото издание на Општата енциклопедија

Лексикографски завод „Мирослав Крлежа“ (порано: Југословенски лексикографски завод, српскохрватски: Jugoslavenski leksikografski zavod) — националниот лексикографски завод на СФРЈ.

Историја[уреди | уреди извор]

Установата е основана во 1950 г. под името „Лексикографски завод на ФНРЈ“, а во 1964 го добил името Југословенски лексикографски завод. Негов долгогодишен директор бил Мирослав Крлежа, а главен уредник бил Мате Уевиќ. Заводот бил со седиште во Загреб, со ограноци во Љубљана и Белград.

По смртта на Крлежа во 1981, установата го добива името Југословенски лексикографски завод „Мирослав Крлежа“ во негова чест.

По распадот на СФРЈ, во 1991 г. заводот е преименуван во Лексикографски завод „Мирослав Крлежа“ (Leksikografski zavod "Miroslav Krleža") како национален лексикографски институт на Хрватска.

Издавачка дејност[уреди | уреди извор]

Заводот голем број научници и стручњаци од сите области. Издадени се општи и тематски упатни дела, но и карти и водичи. Еве некои позначајни изданија на заводот:

  • Енциклопедија на Југославија (Enciklopedija Jugoslavije) — I изд. во 8 тома (1955–71); II изд. со само 6 од предвидените 12 тома (1980–90), вклучувајќи македонско издание
  • Поморска енциклопедија (Pomorska enciklopedija) — во 8 тома (1954–64)
  • Енциклопедија на ликовните уметности (Enciklopedija likovnih umjetnosti) — во 4 тома (1959–66)
  • Техничка енциклопедија (Tehnička enciklopedija) — во 13 тома (1963–97)
  • Медицинска енциклопедија (Medicinska enciklopedija) — во 6 тома (1967–70)
  • Општа енциклопедија (Opća enciklopedija) — I изд. во 10 тома (1955–64); II изд. во 6 тома (1966–69); III изд. во 8 тома (1977–82) со дополнителен IX том објавен во 1988 г.
  • Шумарска енциклопедија (Šumarska enciklopedija) — во 3 тома (1980–87)
  • Хрватски биографски лексикон (Hrvatski biografski leksikon) — во тек, досега објавени 8 тома, 1983–2013 г.
  • Лексикон на југословенската музика (Leksikon jugoslavenske muzike) — во 2 тома (1984)
  • Филмска енциклопедија (Filmska enciklopedija) — во 2 тома (1986–90)
  • Библиографија на расправи, написи и книжевни дела (Bibliografija rasprava, članaka i književnih radova) — во 14 тома (1956–86)
  • Хрватска енциклопедија (Hrvatska enciklopedija) — во 11 тома (1999–2009)

Некои други југословенски прирачни дела:

  • Воена енциклопедија (Vojna enciklopedija) — I изд. во 11 тома (1958–69); II изд. во 11 тома (1970–76)
  • Мала општа енциклопедија (Mala splošna enciklopedija) — на словенечки, во 3 тома (1973–76)
  • Енциклопедија на Словенија (Enciklopedija Slovenije) — на словенечки, во 16 тома (1987–2002)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]