Јордан Миладинов
Јордан Миладинов | ||
Роден | 30 декември 1922 Куманово, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 23 октомври 2001 Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | професор |
Јордан Миладинов (роден на 30 декември 1922 година во Куманово - починал на 23 октомври 2001 година во Скопје) — македонски градежен инженер и универзитетски професор.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Јордан Миладинов е роден на 30 декември 1922 година во Куманово. Работел на Градежниот факултет во Скопје до своето пензионирање во 1987 година по предметите од областа на техничката механика, јакоста на материјалите и од теоријата на еластичноста и пластичноста. Завршил Градежен факултет во Белград (1949) и бил првиот кандидат што одбранил докторска дисертација на Техничкиот факултет во Скопје (1955). Предавал на сите технички факултети на Скопскиот универзитет, а гостувал и на други универзитети. Специјализирал во Минхен (1955), Цирих (1957) Хановер (1962/63). Вршел повеќе функции, од кои позначајни се: шеф на Градежниот оддел на Техничкиот факултет (1958–60), проректор на Универзитетот (1963–65), шеф на Градежниот оддел на Архитектонско-градежниот факултет (1965–67). Исклучително богатата наставна и научна дејност ја заокружил со 7 учебници, објавени во повеќе изданија.
Починал на 23 октомври 2001 година во Скопје.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Миладинов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 949. Text "series " ignored (help)