Јозеф Менгеле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јозеф Менгеле
Податотека:Josef Mengele (1943).jpg
Менгеле некаде пред 1945 г.
ПрекариАнгелот на Смртта (германски: Todesengel)
Роден16 март 1911(1911-03-16)
Гнцбург, Баварија, Германија
Починал7 февруари 1979(1979-02-07) (возр. 67)
Бертиога, Сао Паоло, Бразил
Држава Трет Рајх
Род СС
Служба1938-1945
Чинхаупцурмфирер, СС (капетан)
Заповедал соЧовечки медицински експерименти направени над затворениците од концентрациониот логот Аушвиц, и селекција на луѓе коишто требале да бидат отруени со гас во Аушвиц
Битки/војниВтора светска војна
ОдликувањаЖелезен крст I Класа
Црна значка за повредените
Медал за грижата кон германскиот народ
Сопружник/циИрена Шенбајн

Јозеф Менгеле (германски: Josef Mengele; 16 март 1911 - 7 февруари 1979) — германски лекар кој го добил пракарот „Ангел на Смртта“ поради неговите дејства во Аушвиц и другите концентрациони логори. Вршел експерименти врз луѓе, а бил задолжен и за организацијата во логорите: во гасните комори пратил околу 400.000 луѓе, како и Адолф Ајхман. Роден е во Гинцбург, Баварија.

Се борел како член на V Дивизија на СС-овците и добил Железен крст во првиот и вториот ред. Во Аушвиц правел разни неетички експерименти. Тој е во некои области заслужен за напредокот на медицината денес но не сите експерименти на Менгеле биле од научна вредност, вклучувајќи ги и обидите да ја промени бојата на очите со што вбризгувал со инекција хемикалии во очите на децата, ампутации на екстремитетите, тој вршел и операции (експерименти) врз мозокот на луѓето без анестезија и многу други брутални операции. Бил и во други логори. Им побегнал на Сојузниците, затоа што не знаеле кој стои пред нив. Идентитетот му е потврден дури во 1992 година. Тој никогаш не се покајал за своите злочини.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Менгеле бил најстариот син во семејството. Татко му Карл бил индустријалец кој го основал основал претпријатието „Карл Менгеле и синови“. Имал два брата. Се женел двапати и имал син Ралф.

Работата во Аушвиц[уреди | уреди извор]

10 блок – блок за медицински испитувања во Аушвиц.

Менгеле го користел Аушвиц како можност да го продолжи своето истражување за наследност, користејќи ги затворениците за човекови експериментирања. Тој бил особено заинтересиран за идентични близнаци, кои прво биле селектирани а потоа ставени во посебни бараки. Исто така го вработил Бертолд Апштајн, педијатар со еврејско потекло. Како лекар, Бертолд Апштајн му предложил на Менгеле да ги проучува лекувањата на болеста наречена НОМА за која што беше констатирано дека особено ги погодува децата од кампот. Менгеле се заинтересирал за физички аномалии откриени меѓу дојденците во концентрациониот логор. Тука се вклучени џуџиња, особено од семејството Овиц - деца на еден романски уметник, од кои седум од 10 члена беа џуџиња. Пред нивното депортирање, тие ја обиколија Источна Европа, како дружината Lilliput. Менгеле ги нарекувал "моето џуџесто семејство"; сметал дека тоа би било совршен израз за "ненормално". Субјекитите на истражувањето на Менгеле беа подобро исхранувани и чувани за разлика од обичните затвореници, и во тоа време ,беа безбедни од гасните комори. Кога ги посетувал децата- субјекти, тој се претставувал себеси како "чичко Менгеле" и им нудел слатки. Некои од преживеаните, се сеќаваат дека и покрај неговите ужасни акти, тој исто така бил нарекуван "Заштитникот Менгеле". Во книгата Деца од пламен, има белешки за медицинските експериментални активности на Менгеле врз околу 3.000 близнаци кои минале низ кампот на смртта Аушвиц за време на Втората светска војна до неговото ослободување на крајот на војната. Само околу 26 парови близнаци преживеале; 60 години подоцна, како деца кои ги преживеале неговите медицински експерименти и инјекции,тие се изјасниле за посебните привилегии кои ги уживале во Аушвиц благодарение на интересот на Менгеле за близнаците, како и за нивното страдање кое било резултат на тоа.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]