Јован III Схоластик

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Јован III Цариградски)
Јован III Схоластик
Ιωάννης Γ΄ Σχολαστικός
Цариградски патријарх
ЦркваЦариградска црква
Ракоположен565
Службата завршила577
ПретходникЕвтихиј
НаследникЈован IV
Лични податоци
ЗанимањеЦариградски патријарх

Јован III Цариградски или Јован III Схоластик (31 август 577) — 32-и Цариградски патријарх од 12 април 565 година сè до неговата смрт во 577 година. Тој исто така се смета за светец во Источната православна црква.

Живот[уреди | уреди извор]

Роден е во Сирим, во близина на Антиохија. Во тој период во Антиохија имало позната школа за правници, каде тој се запишал и со тоа си направил услуга. Школата била потисната во 533 година од страна на царот Јустинијан I. На Јован му било наредено па така тој станал секретар и пратеник за неговата црква. На овој начин тој дошол во контакт со дворот во Цариград. Кога Јустинијан, при крајот на својот живот, се обидел да ја поткрене сектата на афтародокетите до степен на правоверство, и бил решен да го отстрани Евтихиј поради неговото противење, на негово место доаѓа Јован, способниот правник-свештеник од Антиохија, кој истовремено бил познат што во голема мера ги надополнил каноните.

Во неговите заслуги се вбројува и методската класификација на канонските закони, како Збирка на канонски закони. Надоврзувајќи се на постарите завршени постари обврски кои ги споменува во воведот, го напуштил историскиот план за давање на декрети за секој собор подредено и ги подредил по филозовски начела, според нивната важност. Постсарите записи имале шеесет поглавја, но тој ги свел на педесет.

На каноните од соборите во Никеја, Анкира, Нова Цезарија, Гангра, Антиохија, Ефес и Цариград, веќе ја прифатиле и влегле во составот на источната црква, Јован додал 89 „апостолски канони,“ дваесет и едно членовиот собор на Сардика, и 68-те канонски писма на Васил. Пишувјќи му на Фотиј, Никола I цитира дел од каноните во кои ги вклучува и каноните од Сардика, кои може само да се од Јован Правникот. Кога Јован пристигнал во Цариград, тој го уредил Номоканонот, дополненине на неговата поранешна работа,со дополнување споредба на империјалните записи за граѓанските закони (особено делата на Јустинијан) во секое поглавје. Балсамон го цитира ова без да го наведе авторот, во неговите забелешки од првиот канон од шестиот вселенски собор. Во запис во Париската библиотека Номокоанонот му се придодава како дело на Теодорит Кирски, но во сите други стои дека е дело на Јован. Теодорит Кирски не би ги внел и „апостолските канони“ и оние од Сардика, а и стилот не е ист како неговиот. Во 1661 година овие две дела биле изадени на почетокот од том ii. на Bibliotheca Canonica од Јустел, во Париз. Фотиј (Cod. lxxv.)ја споменува сопствената катахиза, во која го воспоставува учењето за светото тројство, во кое запишал дека истото е напишано во 568 година, за време на владеењето на Јустин II, и дека подоцна е критикувано од страна на Филопон. Фабрициус смета дека Збирката и Номоканонот доследно се дела на Јован Правникот.

Многу малку се знае за неговата епископска кариера. Седум месеци по неговото назначување царот Јустинијан починал. Новиот цар, Јустин II, бил крунисан од патријархот на 14 ноември 565 година.

Тој го помогнал компромисот меѓу халкедонците и нехалкедонците во 567 година, и привремено ги обединил двете секти во 571 година.

Јован починл кус период пред смртта на Јустин во 577 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

Johann Albert Fabricius, xi. 101, xii. 146, 193, 201, 209; Evagrius Scholasticus H. E. iv. 38, v. 13, Patrologia Graeca lxxxvi. pt. 2; Theophanes the Confessor Chronogr. 204, etc., Patr. Gk. cviii.; Nicephorus Callistus Xanthopoulos iii. 455, Patr. Gk. cxlvii.; Victor Tunun. Patrologia Latina lxviii. 937; Caesar Baronius, ad. ann. 564, xiv. xxix.; 565, xvii.; 578, 5; Patr. Constant. in Acta Sanctorum Aug. i. p. * 67.

  •  Оваа статија вклучува текст од дело денес во јавна сопственостSinclair, W. M (1911). „Joannes Scholasticus, bp. of Constantinople“ . Во Wace, Henry; Piercy, William C. (уред.). Dictionary of Christian Biography and Literature to the End of the Sixth Century (third. изд.). London: John Murray.CS1-одржување: ref=harv (link)
Духовни титули
Претходник
Евтихиј
Цариградски патријарх
565–577
Наследник
Евтихиј