Јелен Капан џамија

Координати: 41°59′54.5″N 21°26′27.5″E / 41.998472° СГШ; 21.440972° ИГД / 41.998472; 21.440972
Од Википедија — слободната енциклопедија
Јелен Капан џамија
Координати: 41°59′54.5″N 21°26′27.5″E / 41.998472° СГШ; 21.440972° ИГД / 41.998472; 21.440972
Место Скопје
Општина Денес тоа е Центар
Држава Македонија
Местоположба

Карта

Изградена пред 1565 година
Архитектура
Минариња 1

Јелен Капан џамија — поранешна џамија во Скопје, Македонија. Таа се наоѓала помеѓу булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“, во непосредна близина каде што сега е Судската палата.[1] Била изградена најдоцна пред 1565 година и била срушена во 1975 година. Во 1963 година, била прогласена за Споменик на културата.

Историја[уреди | уреди извор]

Секакви информации за градбата и името на Јелен Капан џамија се изгубени низ времето. Заради сличноста на архитектурата со Мустафа-пашина џамија (1492 година) и Јаја-пашина џамија (1503 година) и Муезин Хоџа-Дуќанџик џамија (1549 година), се претпоставува дека потекнува од првата половина на 16ти век. Дополнително, во текот на возобнувањето на џамијата, во гробиштата до џамијата била пронајдена надгробна плоча на извесен Ахмед, син на Мухамед со означена година на смртта хиџриска 983 година (1575-1576), факт кој го потврдува градбата на џамијата пред 1575 година.[2][1]

Многу работи се непознати за Јелен Капан џамија. Ктиторот и „вакаф-намето“ се изгубени, плочата со градењето на градбата не била пронајдена, а и името Јелен Капан џамија не е веројатно правото име на Џамијата.[1] Во еден документ од 1896 година веќе се потврдува дека дури во 19 век, Џамијата така била позната.[2]

Џамијата како и многу други претрпела оштетувања за време на земјотресот во 1963 година. По новиот урбанистички план во 1965 година за обновата на градот, Џамијата припаѓала во зоната во која нови јавни градби ќе бидат изградени. Иако Јелен Капан џамија била прогласена за Споменик на културата во 10 декември 1963 година, со новиот урбанистички план за Скопје била намената за рушење и во март 1975 година истата била срушена.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Архитектурата на Јелен Капан џамија бил карактеристичен претставник на раната отоманска архитектура. Нејзината основа била квадратна со димензии 16.15 м х 16, 15 метри покриена со покрив на четири води од тули. Влезот во градбата бил преку нартекс (трем) на северната страна кој бил изработен од дрвена конструкција со столбови кои се поврзани со полукружни лакови. Материјалот кој бил користен е ѕидан и клепан камен со редови на тули, ѕидовите било со дебелина до 150 цм. Сводовите од тремот биле потпирани на десет дрвени столбови.[2]

Минарето на џамијата било со кружна основа и со кружно стебло. Врвот бил украсен со извонредни делкани сталактитни украси но за време на земјотресот во 1963 година биле оштетени и повеќе не преизградени. На источната и западната фасада се наоѓале три прозорски отвори на горната страна и два на долната страна, додека на јужната фасада две прозорски отвори на горната страна и два на долната страна.[2]

Се претпоставува дека нејзината архитектура била изменувана и дека била од видот на куполните џамии. Можните изменувањеа веројатно биле поради земјотресот од 1555 и по опжарувањето на Скопје 1689 година.[1] За потврда на оваа хипотеза не постојат доволно информации и на фотографиите со неа, не се познаваат траги од тромпи над кои би била поставена куполата.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Јелен Капан џамија“. ceipa.pmf.ukim.mk. Архивирано од изворникот 2022-07-05. Посетено на 19 јуни 2023.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Мартин Ефремовски (21 април 2023). „Јелен Капан Џамија / Скопје XVI – 1975“. marh.mk. Архивирано од изворникот 2023-06-19. Посетено на 19 јуни 2023.