Јани Макрадули
| Јани Макрадули | |
|---|---|
| Макрадули во 2017 година | |
| На должноста | |
| Стапил/ -а 1 јуни 2017 | |
| Премиер | Зоран Заев |
| Заменик министер за животна средина и просторно планирање | |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 28 март 1965 Битола, СР Македонија, СФРЈ |
| Националност | Македонец |
| Народност | Влав |
| Партија | СДСМ |
| Професија | политичар |
| Вероисповед | Православен христијанин |
Јани Макрадули (роден на 28 март 1965 во Битола) — македонски политичар.
Основно образование завршил во ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје, а средно образование во СУ „Раде Јовчевски Корчагин“. Завршил на Електротехничкиот факултет во Скопје, а последипломски студии во Белград и во 1994 година станал магистер.
По завршувањето, тој се вработил на Електротехничкиот факултет најпрвин како асистент, а од 2001 година станал шеф на лабораторијата при Институтот за компјутерска техника и информатика.
Својата политичка кариера ја започнал во 1996 година, кога станал член на Советот на Општина Центар од редовите на СДСМ. Во 2002 година, тој бил избран за пратеник. По промена на власта во 2008 година, тој станал потпретседател на Собранието на Република Македонија.
Во периодот од 1999 до 2006 година бил избран во ИО на СДСМ, а од 2006 до 2009 бил потпретседател на партијата. Во 2012 година од страна на партијата бил кандидиран за градоначалник на Скопје.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Јани Макрадули е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје“. Посетено на 2012-11-12.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Родени во 1965 година
- Политичари од Битола
- Македонски Власи
- Југословенски Власи
- Политичари од СДСМ
- Пратенички состав 2002-2006
- Пратенички состав 2006-2008
- Пратенички состав 2008-2011
- Пратенички состав 2011-2014
- Апсолвенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје
- Магистри на Белградскиот универзитет