Прејди на содржината

Ѓуро Спасовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓуро Спасовски
Роден 1922 година
Миладиновци, Скопје, Македонија
Починал 16 април, 1945 година
Врпоље, Хрватска
Нагазил на мина
Почивалиште Гробиштата во Миладиновци

Ѓуро Блажов Спасовски ( 1922 во Миладиновци, Скопско16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Произлегува од земјоделско сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Подоцна изучил занает и станал колар. На 25 декември 1944 година по ослободувањето на Македонија, стапил во новоформираната против-авионска артилериска единица на Четириесет и втората дивизија, што била во состав на Петнаесеттиот корпус. Со Бригадата учествувал во ликвидирањето на заостанатите балистички банди на Бујановачкиот терен. По успешно извршените задачи заминал за Земун. Таму завршил тримесечен курс од военостручна настава. Бил учесник во големиот пробив на Сремскиот фронт. На 16 април 1945 година, храбро загинал во jypишoт за ослободување на Врпоље, нагазувајќи на една непријателска мина. Бил закопан во Врпоље, но подоцна посмртните останки му биле пренесени во родното село, Миладиновци.

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 130. На |first= му недостасува |last= (help)