Хрвати во Србија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox ethnic group |group=Хрватите во Србија |population=70,602 |regions=претежно Војводина |languages=[[Хрват...
(нема разлика)

Преработка од 15:22, 17 април 2011

Хрватите во Србија
Вкупен број
70,602
Подрачја со значајно население
претежно Војводина
Јазици
Хрватски, Српски
Вероисповед
Католицизам, атеизам
Сродни народи
Срби, Словенци, Бошњаци

Предлошка:Хрвати Хрватите во Србија или Српските Хрвати ( на Хрватски: Hrvati u Srbiji) се признато Хрватско национално малцинство во Србија. Поради многу причини помал број од Српските Хрвати всушност живеат во нивната матична земја Србија. Според пописот од 2002 година, имаше 70,602 Хрвати во Србија или 0.94% од вкупното население. 56,546 од нив живеат во автономната покраина Војводина и 14,056 во Централна Србија, и неколку стотици во Косово.

Население

Бројот на Хрватите во Србија беше поголем во пописот од 1991 година, кога беа 97,344 или околу 1.24% од вкупното население на Србија. Сепак, вистинскиот број на Хрвати би можел да биде помал поради тоа што властите ги сметаа оние сограѓани кои се прогласиле себеси како Буњевци или Шокци како "Хрвати". Денес, повеќето членови на Шокци заедницата се сметаат како Хрвати, додека помал број од Буњевското население се гледаат себеси како различна Буњевска националност, додека мнозинството се сметаат себеси како Хрвати. Некои кои претходно се прогласиле како Хрвати се прогласиле како Југословени во пописот; сепак знак на прашање е дали тие може да се сметаат како Хрвати поради тоа што Југословените се признати како одделна националност.

Најголемиот број на Хрвати во попис воопшто беше во далечната 1961 кога имаше 196,409 Хрвати (вклучувајќи ги и Буњевците и Шокците) ви Социјалистичка Република Србија (околу 2.57% од вкупната популација во тоа време).

Намалувањето на бројот на Хрватите во Србија беше предизвикано од Југословенските војни, посебно во периодот меѓу 1991 - 1995 Војна во Хрватска, кога тие беа под притисок од Српската Радикална Патија и Српските бегалци од Хрватска и Босна и Херцеговина да одат во Хрватска. Во тој период, се случи размена на населението помеѓу Хрватите од Србија и Србите од Хрватска. [1] Друга причина за намалувањето на Хрватите е нискиот степен на наталитет на таа етничка група.


Резултати од пописите

Број на Хрвати во Србија според неколку пописи:

  • 1948: 169,864 (2.60%)
  • 1953: 173,246 (2.48%)
  • 1961: 196,409 (2.57%)
  • 1971: 184,913 (2.19%)
  • 1981: 149,368 (1.60%)
  • 1991: 105,406 (1.08%) или (не ја вклучува територијата на Косово) 97,344 (1.24%)
  • 2002: (не ја вклучува територијата на Косово) 70,602 (0.94%)

Забелешка: Во пописот од 1991 и 2002 година, Буњевците беа напишани како посебна етничка група, додека Шокците беа напишани во категоријата "Останати". Пред тоа тие се прогласиле себеси како Хрвати. Бројот на луѓето во Србија кои се прогласиле себеси како членови од Буњевската заедница беше 20,012 во пописот од 2002, додека бројот на прогласените Шокци не беше даден одделно, но е пресметан помеѓу 1,000 и 2,000 луѓе. Од 1948 до 1991 година резултатите од пописот се дадени за целата територија на Србија, додека резултатите на пописот од 2002 се дадени за територијата на Србија не вклучувајќи го Косово.

Видете исто така

Notes

Предлошка:More footnotes

References

Предлошка:Хрватска дијаспора