2001: Вселенска одисеја (филм)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„2001: Вселенска Одисеја“
2001Style B.jpg
Оригинален филмски постер
Режирано од Стенли Кјубрик
Продуцент Стенли Кјубрик
Сценарист Роман:
Артур Ч. Кларк
Сценарио:
Стенли Кјубрик
Артур Ч. Кларк
Настапуваат Киер Дулеа
Гери Локвуд
Вилијам Силвестер
Дениел Рихтер
Леонард Роситер
Даглас Рејн
Кинематографија Џефри Ансворт
Монтажа Реј Лавџој
Дистрибутер Metro-Goldwyn-Mayer (1968-1998, само видео од 1986-1998)
Turner Entertainment (1986-1996)
Warner Bros. (преку Turner) (кино и ТВ од 1996, видео од 1999)
Премиера 6 април 1968 (САД)
Времетраење Премиера:
160 мин.
Реиздание:
141 мин.
Држава Обединето Кралство Обединето Кралство
Flag of the United States.svg САД
Јазик Англиски
Буџет $10,500,000
Следен 2010: Годината кога ќе оствариме контакт

2001: Вселенска Одисеја (анг. 2001: A Space Odyssey) е научно-фантастичен филм од 1968 година режиран од Стенли Кјубрик, кој заедно со Артур Ч. Кларк е и автор на сценариото. Филмот се занимава со тематски елементи на човековата еволуција, технологија, вештачка интелигенција и вонземскиот живот, а е познат по научниот реализам, пионерските специјални ефекти, провокативната двосмислена и често надреална сликовитост, звук на местата на традиционалните наративни техники и минималното користење на дијалог.

И покрај различните осврти при пуштањето на филмот, тој денес е признат од критичарите и публиката како еден од најдобрите филмови кои кога и да е биле направени; анкетата од 2002 година, на списанието Sight & Sound, спроведена врз критичари, го рангира филмот меѓу десетте најдобри филмови на сите времиња [1]. Филмот е номиниран за четири оскари, а добива еден за специјални ефекти. Во 1991, прогласен е за „културно, историски, или естетски значаен“ од Библиотеката на Конгресот на Соединетите Држави и избран за зачувување во нивниот Национален Филмски Регистар.

Филмот поставува нови стандарди за специјални ефекти во научната фантастика на филм и телевизија.

Кратка содржина[уреди]

Насловната секвенца ја прикажува Земјата како се крева над Месечината додека Сонцето изгрева над Земјата.

Врз пејзажен приказ на африканската пустина, се прикажува наслов „Зората на Човекот“. Племе од праисториски човеколики мајмуни се бори да преживее во сушната пустина. Едно утро мистериозен правоаголен монолит се појавува во близина на нивната населба. По овој настан, еден човеколик мајмун (Даниел Рихтер) ја измислува првата алатка, кога зема коска од едно купче и открива дека може да ја употребува како палка за да крши други коски. Овој човеколик мајмун, кој сега стои делумно исправено, го предводи своето племе во одбрана на нивното поило од друго племе, употребувајќи ја палката за да убие еден непријателски водач до смрт, на тој начин за прв пат полезно користејќи го новооткриеното оружје. Победоносниот човеколик мајмун го фрла оружјето во воздух и во тој момент филмот скокнува во иднината низ кадар кој ги поврзува коската со орбитирачки сателит направен од човекот.

Преглед[уреди]

Наслов[уреди]

На почетокот, Кјубрик и Кларк меѓусебно го нарекувале овој проект „Како го освоивме соларниот систем“, како омаж на популарниот вестерн на Ем-џи-ем „Како го освоивме западот“ од 1962 г. Но Кјубрик одлучил да го именува проектот „Патување отаде ѕвездите“ и ова го објавил на прес-конференција одржана на 23 февруари 1965. Сепак, и други наслови биле во игра, но „дури единаесет месеци по почетокот, во април 1965, Стенли го одбра ’2001: Одисеја во вселената’. Колку што се сеќавам, идејата беше чисто негова“, пишува Кларк. Со намера да го оддалечи неговиот филм од типичните тогашни научно-фантастични филмови во кои изобилуваат „чудовишта и секс“, Кјубрик ја зема ХомероватаОдисеја“ како инспирација за насловот. „Ни текна, вели тој, дека широките морски пространства за Грците биле исто толкава мистерија колкава што за нашата генерација денес е вселената“.

Стил[уреди]

Кларк и Кјубрик симултано го пишувале романот и сценариото, но додека Кларк одлучува појасно да го објасни мистериозниот монолит и Ѕвездената порта во книгата, Кјубрик одлучува да го направи филмот позагадочен со тоа што дијалозите и објаснувањата ги сведува на минимум. „2001, вели Кјубрик, е невербално, визуелно искуство“ кое ги одбегнува зборовите сакајќи да допре до потсвеста на човекот на еден поетичен и филозофски начин. Филмот е субјективно искуство кое „допира до свеста на секој човек како музиката или сликарството“.

Некои гледачи велат дека филмот им предизвикал чувство на возвишеност и духовност. Роџер Еберт забележува: „одбиената музика на Норт, која е достапна да се купи, е добра филмска музика, но немаше да биде соодветна за „2001“ бидејќи, како и сите други филмски музики, се обидува да соодветствува со дејството, да дава ’емотивни’ знаци. Класичната музика која Кјубрик ја одбра постои надвор од дејствието. Го покрева. Сака да биде возвишена; визуелното го прави посериозно, трансцендентално“.

Грегори Каико, во својата книга, пишува дека „2001“ е илустрација на двете контрадикторни желби што нѐ мотивираат да ја истражуваме вселената: желба за нешто возвишено – нешто поразлично од нас, духовно, и желба за убавина која ќе ни „каже“ дека не сме веќе изгубени во вселената, туку дома.

Белешки[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: