1249
| < 12 век | 13 век | 14 век > | |||||||
| 01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
| 41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
| 51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
| 61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
| 71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
| 81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
| 91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
| Грегоријански календар | 1249 MCCXLIX |
| Ab urbe condita | 2002 |
| Асирски календар | 5999 |
| Бахајски календар | -595–-594 |
| Бенгалски календар | 656 |
| Берберски календар | 2199 |
| Будистички календар | 1793 |
| Бурмански календар | 611 |
| Византиски календар | 6757–6758 |
| Еврејски календар | 5009–5010 |
| Ерменски календар | 698 ԹՎ ՈՂԸ |
| Етиопски календар | 1241–1242 |
| Календар Игбо | |
| - Нри-Игбо | 249–250 |
| Ирански календар | 627–628 |
| Исламски календар | 646–647 |
| Јапонски календар | |
| Јулијански календар | 1249 MCCXLIX |
| Кинески календар | 戊申年月日 (3885/3945) — до —
己酉年月日(3886/3946) |
| Коптски календар | 965–966 |
| Корејски календар | 3582 |
| Календар Мингуо | 663 пред РК 民前663年 |
| Селевкидски календар | 1560–1561 |
| Тајландски сончев календар | 1792 |
| Хиндуистички календари | |
| - Викрам самват | 1305–1306 |
| - Шака самват | 1171–1172 |
| - Кали југа | 4350–4351 |
| Француски револуционерен календар | – -543–-542 |
| Холоценски календар | 11249 |
| Џуче-календар | нема (пред 1912) |
1249 (MCCXLIX) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1249. година од новата ера, 249. од вториот милениум, 49. од 13 век и последна од 1240-тите.
Содржина |
Други календари [уреди]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6757 и 6758 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5999 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5009 и 5010 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2002.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1249. година се протега во 3885 и 3886, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3945 и 3946 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1792. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 646 и 647 исламска година.
Настани [уреди]
- 16 февруари - Андре од Лонгжумо е испратен од Луј IX како амбасадор да се сретне со канот на Монголите
- Кралот Луј IX ја освојува Дамиета, Египет, прв поголем воен ангажман во Седмата Крстоносна војна
- Маврите го губат градот Аликанте, во Ал Андалуз (исламска Шпанија)
- Португалскиот крал Алфонс III го завзема маварскиот град Фаро
- Шведска го започнува своето освојување на Финска
- Изграден е утврдениот град Мистра во Ахаја, Грција
- Роџер Бекон издава значајно научно дело, кое вклучува написи за очила со конвексни леќи, за лекување на далековидост, како и првата формула за барут во западниот свет
Родени [уреди]
Починале [уреди]
- 27 септември - Грофот Рајмонд VII од Тулуз
- 23 ноември - Ас-Салих Ајуб, владетел на Египет
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „1249“ |
