Шумска тринга

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шумска тринга
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Фамилија: Мочварки
Род: Тринги
Вид: Шумска тринга
Биномен назив
Tringa glareola
Linnaeus, 1758
Синоними

Rhyacophilus glareola (Linnaeus, 1758)

Шумската тринга (науч. Tringa glareola) е мала крајбрежна птица од фамилијата на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на трингите (науч. Tringa). Таа е најмалата тринга која живее во Евроазија, а ја има и во Македонија.

Опис[уреди]

Шумската тринга личи на шарената тринга (T. ochropus), со краток фин клун, кафеав грб и долги жолтеникави нозе. Белото под опашката кај оваа тринга е поневпечатливо.[2]

Во поблиско сродство е со црвеноногата тринга (T. totanus), и овие две имаат сестринска врска со блатната тринга (T. stagnatilis). Сите три ја создаваат групата тринги со малку помали црвени или жолтеникави нозе. Перјето во сезоната на парење им е одозгора светло кафеаво, со темнокафеави прошарувања и точки од друга нијанса на кафеаво на вратот и градите. [3]

Распространетост и однесување[уреди]

Вон сезона на парење

Шумската тринга се размножува во субарктичкте мочуришта од Шкотска, преку Европа и Азија. Таа е птица преселница што зимува во Африка, јужна Азија, Индија и Австралија. Птици скитници се забележани во Пацификот, на Хаваи. Чест посетител е и на Микронезија.[4] Оваа птица обично се среќава крај слатките води додека мигрира или зимува. Тие колваат во плитката вода и кал, јадејќи инсекти и други слични помали животни. Гнездата ги прави на земја или користи напуштени гнезда на дрво од други птици.[2] Четири светло зелени јајца ги лежат меѓу март и мај.

Статус[уреди]

За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици. Овој вид има статус на најмала загриженост.[5]

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Tringa glareola. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106003025. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. 2,0 2,1 Hayman et al. (1986)
  3. Hayman et al. (1986), Pereira & Baker (2005)
  4. Hayman et al. (1986), Wiles et al. (2000), VanderWerf (2006), VanderWerf et al. (2006)
  5. BLI (2008)
  • Hayman, Peter; Marchant, John & Prater, Tony (1986): Shorebirds: an identification guide to the waders of the world. Houghton Mifflin, Boston. ISBN 0-395-60237-8
  • Pereira, Sérgio Luiz & Baker, Alan J. (2005): Multiple Gene Evidence for Parallel Evolution and Retention of Ancestral Morphological States in the Shanks (Charadriiformes: Scolopacidae). Condor 107(3): 514–526. DOI:10.1650/0010-5422(2005)107[0514:MGEFPE]2.0.CO;2 PDF fulltext
  • VanderWerf, Eric A. (2006): Observations on the birds of Kwajalein Atoll, including six new species records for the Marshall Islands. Micronesica 38(2): 221–237. PDF fulltext
  • VanderWerf, Eric A.; Wiles, Gary J.; Marshall, Ann P. & Knecht, Melia (2006): Observations of migrants and other birds in Palau, April–May 2005, including the first Micronesian record of a Richard's Pipit. Micronesica 39(1): 11–29. PDF fulltext
  • Wiles, Gary J.; Worthington, David J.; Beck, Robert E. Jr.; Pratt, H. Douglas; Aguon, Celestino F. & Pyle, Robert L. (2000): Noteworthy Bird Records for Micronesia, with a Summary of Raptor Sightings in the Mariana Islands, 1988–1999. Micronesica 32(2): 257–284. PDF fulltext
  • Pizzey, Graham and Knight, Frank: The Field Guide to the Birds of Australia. HarperCollins, Sydney. 2012.

Надворешни врски[уреди]