Блатна тринга

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Блатна тринга
Со зимско перје
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Фамилија: Мочварки
Род: Тринги
Вид: Блатна тринга
Биномен назив
Tringa stagnatilis
(Bechstein, 1803)

Блатната тринга (науч. Tringa stagnatilis) е мала крајбрежна птица од фамилијата на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на трингите (науч. Tringa), која се размножува на отворени тревнати површини, во степите и тајгите од источна Европа до централна Азија. Се среќава и во Македонија.

Marsh Sandpiper (Tringa stagnatilis) in Hyderabad, AP W IMG 2400.jpg

Опис[уреди]

Блатната тринга наликува на малата елегантна златнонога тринга, има долг прав клун и многу долги жолтеникави нозе. Во сезона на парење има сивкавокафени перја на грбот кои се посветли преку зима, а стомакот е светол со кафеникави точки на градите и вратот. Долга е 22 до 26 см има распон на крилјата 55 – 59 см и тежи од 45 до 120 г.[2]

Блатната тринга е птица преселница, повеќето од нив зимуваат во Африка и Индија, а помалку во југоисточна Азија и Австралија. Преферираат слатководни езера и мочуришта и може да се видат сами или во помали јата. Се хранат со инсекти кои ги наоѓаат во калта или со други мали без’рбетници. Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици се однесува и на блатната тринга.

Наводи[уреди]

  • Hayman, Peter; Marchant, John & Prater, Tony (1986): Shorebirds: an identification guide to the waders of the world. Houghton Mifflin, Boston. ISBN 0-395-60237-8
  • Pereira, Sérgio Luiz & Baker, Alan J. (2005): Multiple Gene Evidence for Parallel Evolution and Retention of Ancestral Morphological States in the Shanks (Charadriiformes: Scolopacidae). Condor 107(3): 514–526. DOI: 10.1650/0010-5422(2005)107[0514:MGEFPE]2.0.CO;2 HTML abstract

Надворешни врски[уреди]