Шарена тринга

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шарена тринга
Со перје во сезона на парење
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Фамилија: Мочварки
Род: Тринги
Вид: Шарена тринга
Биномен назив
Tringa ochropus
Linnaeus, 1758

Шарената тринга (науч. Tringa ochropus) е мала крајбрежна птица од фамилијата на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на трингите (науч. Tringa). Оваа птица ја претставува древната лоза на родот tringa, а нејзин единствен близок жив роднина е осамената тринга ( Т solitaria). Тие и двете имаат кафеави крилја со малку светли точки и прошарани кафеавкави глава, врат и гради. Покрај тоа, овие два вида гнездото го сместуваат во дрвјата, за разлика од повеќето други мочварки кои ги несат јајцата на земја.[2]

Со оглед на нејзината основна позиција во родот на трингите, малку е изненадувачки што има пријавено хибридни случаи на оваа птица со птицата од сестринскиот род Actitis, речната тринга.

Опис[уреди]

Со перје вон сезона на парење

Шарената тринга е малку подебелка крајбрежна птица, со темно зеленикавокафено перје одозгора и на крилјата, сивкавокафени глава и гради, а одоздола е бела. На грбот има бели точки во различен обем, најмногу кога е во сезона на парење, а најмалку вон сезона на парење и кај младенчињата. Нозете и краткиот клун се темно зелени. Долги се 21—24 см, тежат од 50 до 80 г, а имаат распон на крилјата од 41 до 46 см.

Воочливи и карактеристични се во лет, со крилја темни горе и долу и брилијантно бели задници. Во лет има карактеристична тринотна свирка.

Распространетост и однесување[уреди]

Шарената тринга се размножува низ субарктичка Европа и Азија и е птица преселничка која зимува во јужна Европа, Индија, југоисточна Азија и тропска Африка. Презимува и во Македонија. Се храни со мали без'рбетници кои ги собира од површината на калта и тоа го прави постојано на бреговите од езерцата што ги одбира за живеење. Не се многу дружељубиви, но може да се сретнат повеќе птици на едно место ако има доволно храна. Ова е птица на слатките води која живее на места ограничени за другите мочварки, зашто сака да има чист поглед наоколу. Гнездото го прави на старо дрво и несе 2-4 јајца. Младенчињата го напуштаат гнездото по околу 3 недели од излегнувањето.

Статус[уреди]

За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици. Широко распространет и вообичаен, овој вид има статус на најмала загриженост.[1].

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2012). Tringa ochropus. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106003024. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. Pereira, Sérgio Luiz & Baker, Alan J. (2005): Multiple Gene Evidence for Parallel Evolution and Retention of Ancestral Morphological States in the Shanks (Charadriiformes: Scolopacidae). Condor 107(3): 514–526. DOI: 10.1650/0010-5422(2005)107[0514:MGEFPE]2.0.CO;2 PDF fulltext

Надворешни врски[уреди]