Чапја лажичарка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чапја лажичарка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Пеликановидни
Фамилија: Ибиси и лажичарки
Род: Лажичарки
Вид: Чапја лажичарка
Биномен назив
Platalea leucorodia
Linnaeus, 1758

Чапјата лажичарка или обична лажичарка (науч. Platalea leucorodia) е птица од потфамилијата на лажичарките во рамките на фамилијата ибиси и лажичарки. Овој вид го има во Македонија.

Oпис[уреди]

Лажичарката достигнува должина до 1 м и тежина од околу 1-1,2 кг. Распонот на крилјата е 115-135 см. Бојата на птицата е бела, а нозете и клунот се црни. На врвот од клунот има една жолта точка. Во сезоната на парење мажјакот има бела пувка на главата. Претежно се тивки, речиси неми, комуницираат повеќе со штракање со клунот, но сепак испуштаат и некакви звуци.

Распространетост[уреди]

Гнезди во Јужна Европа, поретко во Западна Европа, а исто и во Азија и Северна Африка. Европските лажичарки презимуваат во Централна и Источна Африка, а азиските во Индија и Кина.

Начин на живеење и исхрана[уреди]

Живее во влажни региони, во колонии од 6 до 160 птици. Претполага мали слатководни или соленоводни басени или бавнотечни реки.

Се храни со мали риби и жаби, ларви на инсекти, црви, ракови, а понекогаш и со водни растенија.

Размножување[уреди]

Лажичарките гнездат во трската, на дрвјата, но и на гнезда поставени ниско над водата. Обично снесуваат 3 до 6 јајца, кои се излежуваат од двата родитела во тек на 21-25 деноноќија.

Пилињата се одгледуваат и прехрануваат и од двата родитела. Најпрво поседуваат дебел и мек клун кој се претвора во карактеристичен за овој вид дури по 5-6 недели. Започнуваат со летање околу 49 дена по испилувањето.

Систематика[уреди]

Истражувањата на митохондриската ДНК на лажичарките укажуваат на тоа дека чапјата лажичарка е сестрински таксон на клада која ги содржи црноклунестата лажичарка и малата лажичарка.[2]

Чапјата лажичарка има три подвидови:

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Platalea leucorodia. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106003802. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. Chesser, R.Terry; Yeung, Carol K.L.; Yao, Cheng-Te; Tians, Xiu-Hua; Li Shou-Hsien (2010). „Molecular phylogeny of the spoonbills (Aves: Threskiornithidae) based on mitochondrial DNA“. „Zootaxa“ (2603): 53–60. ISSN 1175-5326.