Федерални резерви на САД
| Федерални резерви на САД | |||||
|
|||||
| Седиште | Вашингтон Д.Ц. | ||||
|---|---|---|---|---|---|
| Претседател | Бен Бернанке | ||||
| Земја | САД | ||||
| Валута | долар | ||||
| ISO 4217 | УСД | ||||
| Каматна стапка | 0%-0.25% | ||||
| Страница | federalreserve.gov | ||||
|
|
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Федералниот резервен систем (англиски: The Federal Reserve System или Federal Reserve, неформално The Fed) ) е централниот банкарски систем на САД. Неколкумина од светските лидерски банкари во 1910 година го смислиле системот и во 1913 година го спроведиле, преку усвојувањето на Законот за федерални резерви. Усвојувањето на Законот за федерални резерви најмногу било одговор на претходната финансиска несреденост и работење на банките, најголема од кои била несреденоста во 1907 година. Со текот на времето, улогата и одговорностите на федералните резерви се проширувале, а нивната структура се развивала. Некои од најголемите фактори кои довеле до промени во системот на ФЕД биле настаните како големата депресија[1]. Денес нивните обврски, според официјалната документација на ФЕД, се распределени во четири општи области:
- Спроведување на националната монетарна политика преку монетарни и кредитни услови во економијата, со цел да се постигне максимална вработеност, стабилни цени и умерени долгорочни каматни стапки.
- Надзор и уредување на банкарските институции за да се обезбеди безбедност на националниот банкарски и финансиски систем, и заштита на правата за кредит на потрошувачите.
- Одржување стабилност на финансискиот систем и справување со системските ризици кои може да се појават на финансиските пазари.
- Обезбедување финансиски услуги на депозитните институции, Владата на САД и странските институции, вклучувајќи ја и главната улога во управувањето со националниот систем за плаќање.
ФЕД е предмет на делување на Актот за административна процедура и легално е обврзан да ја информира јавноста за нивните организации, процедури и правила. Освен тоа, актот му наложува на ФЕД да воспостави универзални стандарди за раководење при поставувањето на правилата и при арбитража. Според Одборот на гувернери, никој не ги поседува ФЕД и тие не се ,, приватна профитабилна институција’’. Наспроти, тие претставуваат независен ентитет во рамките на Владата, имајќи како државни, така и приватни цели и намери. Всушност, Владата на САД не поседува акции во ФЕД ниту пак во нивните банки, меѓутоа по исплаќањето на платите на вработените го зема целиот нивен профит. На банките коишто се членки на ФЕД им се исплаќа дивиденда која претставува 6 % од нивните вложени стедства и им се додава суфицит на капитална сметка. Владата исто така врши контрола преку поставување на нејзини високорангирани работници. Во 2009 година ФЕД достигнале рекорден профит од 45 милијарди, од коишто речиси сите биле префрлени во Трезорот на САД. Спред ФЕД, постојат пет дела од федералниот резервен систем:
- Одбор на гувернери (назначени од претседателот), владина агенција со седиште во Вашингтон Д.Ц.
- Федерален комитет за отворен пазар (FOMC), којшто ги надгледува операциите на отворениот пазар и претставува основна алатка на националната монетарна политика.
- Дванаесет регионални резервни банки на ФЕД сместени во поголемите градови на државата, кои ја делат државата на 12 области и имаат улогата на фискални агенти во Трезор на САД, секоја со својот одбор на директори од девет члена.
- Неколку други приватни банки на САД, кои се приклучуваат кон бараните суми на непреносливите акции во нивните регионални федерални резервни банки.
- Разни советодавни одбори.
Структурата на централниот банкарски систем на САД е единствена во светот, а со тоа е и ентитет надвор од централната банка кој ја создава валутата. Овој друг ентитет е Трезорот на САД.
Историја [уреди]
Централно банкарство на САД [уреди]
Во 1781 година се ратификувале одредбите за конфедерација и вечна унија (Одредби за конфедерација), па така Конгресот добил овластување да издава потврди за кредити. Подоцна истата година тој потпишал уредба за вклучување на приватни национални банки следејќи ги чекорите на Bank of England. Меѓутоа, тој бил спречен да ја одигра улогата на централна банка во рамките на целата држава заради приговори од типот ,,алармантно странско влијание и фиктивни кредити’’, фаворизирање на странците и нефер конкурентност спрема помалку корумпираните државни банки кои емитуваат свои банкноти, па така законодавството на Пенсилванија ја укинало својата повелба за да раководи со федерацијата во 1785 година. Четири години по ратификацијата на уставот на САД, Владата усвоила друга централна банка- Прва банка на САД- но на крајот заради неуспех во повторното усвојување на повелбата, под раководство на претседателот Медисон таа прекинала со работа. Втората банка на САД, ,,втората централна банка’’, се соочила со иста судбина кога под раководство на претседателот Џексон важноста на нејзината повелба истекла. Двете банки биле основани по примерот на Bank of England, но зголемената федерална моќ која се гарантирала со уставот им дала поголема контрола брз валутата. Прва причина за затварањето на банките била политичкото спротиставување кон централниот банкарски систем, а грижите за корупција останале и понатаму да постојат. На крај, третата национална банка била основана во 1913 година и постои до ден денеска.
Временски тек на централниот банкарски систем во САД:
- 1791–1811 година
- Прва банка на САД.
- 1811–1816 година
- Нема централна банка
- 1816–1836 година
- Втора банка на САД.
- 1837–1862 година
- Период на слободна банка
- 1846-1921 година
- Независен трезор систем
- 1863–1913 година
- Национални банки
- 1913- денес
- Федерален резервен систем
Создавање на првата и втората централна банка [уреди]
Првата институција на САД со одговорност на централа банка била Првата банка на САД, која била овластена од Конгресот и заведена во закон од страна на претседателот Џорџ Вашингтон на 25 февруари 1791 година со залагање на Александер Хамилтон. Ова било направено и покрај противењето на Томас Џеферсон и Џејмс Медисон и многу други. Повелбата траела дваесет години и истекла во 1811 година под раководство на претседателот Џејмс Медисон. Меѓутоа во 1816 година, Медисон ја обновил повелбата во форма на Втора банка на САД. Раното обновување на повелбата на банката станало примарно прашање во повторното избирање на претседателот Ендру Џексон. Откако Џексон, кој се спротиставувал на централната банка, бил повторно избран, ги повлекол сретствата на Владата од банката. Николас Бидл, претседател на Втората банка на САД, преку собирање на приливот на пари влијаел врз Џексон да ја обнови повелбата на банката носејќи ја државата во рецесија, за што банката ја обвинува политиката на Џексон. Интересно е што Џексон е единствениот претседател кој целосно го исплатил државниот долг. Повелбата на банката не била обновена до 1836 година. Од 1837 година до 1862 година, во периодот на слободен банкарски систем, не постоела цантралана банка. Од 1862 година до 1913 година, со Законот за национално банкарство од 1863 година се формирал систем од национални банки. Серија банкарски нереди во 1873, 1893 и 1907 година довеле до голема потреба од создавање на централизиран банкарски систем.
Создавање на Третата централна банка [уреди]
Главната мотивација за создавање на третиот централен банкарски систем произлегла од нередите од 1907 година, кои ги обновиле потребите за реформа на банкарството и валутата. За време на последниот квартал на 19 век и почетокот на 20 век економијата на САД минала низ серија финансиски паники. Според поборниците за федералниот резервен систем и многумина економисти, претходниот национален банкарски систем имал две главни слабости: ,,непроменлив курс’’ на валута и недостаток на ликвидност. Следната година Конгресот го спроведил законот Алдрих-Вриленд, кој предвидел принудна валута и ја основал Националната монетарна комисија за да ја проучи реформата на банкарството и валутата. Американската јавност сметала дека федералниот резервен систем ќе обезбеди финансиска стабилност, така што нереди како оние од 1907 година никогаш повеќе не би се случиле, но само 22 години покасно, во 1929 година, стоковиот пазар повторно пропаднал, а САД влегла во најлошата депресија во својата историја, позната како Големата депресија. Некои економисти меѓу кои Милтон Фридмен, Торстеин Веблен, Бен Бернанке, Роберт Летам Овен, Џон Кенет Галбреит и Мари Ротбард сметале дека ферералниот резервен систем ја предизвикал Големата депресија.
Закон за федерални резерви [уреди]
Лидерот на двопартиската Национална монетарна комисија кој бил финансиски експерт и републикански лидер бил Нелсон Алдрих. Алдрих оформил две комисии- едната длабински да го проучува американскиот монетарен систем и другата, на чие чело стоел самиот, да го проучува европскиот централен банкарски систем и да го известува за истиот. Спротиставувајќи му се на централизираното банкарство, Алдрих заминал за Европа, но по разгледувањето на германскиот монетарен систем си заминал со мислењето дека централизираниот банкарски систем е подобар од владиниот систем кој тој претходно го подржувал. Централизираното банкарство се соочило со многу спротиставувања од страна на политичарите. Критичарите се сомневале во централната банка и го обвинувале Алдрих дека бил пристрасен заради неговите блиски врски со богатите банкари како Џ.П.Морган и сопругот на неговата ќерка Џон Д. Рокфелер Џуниор. Алдрих се изборил за приватна банка со мало влијание од страна на Владата, но се согласил дека јавниот сектор треба да се застапува во Одборот на директори. Многу од републиканците го подржувале планот на Алдрих, но на Конгресот немало доволно подршка за тој да се усвои затоашто западните и рурални држави сметале дека планот ги фаворизира ,,источните институции. Наспроти ова, прогресивните демократи се залагале за резервен систем кој ќе го поседува и со него ќе раководи Владата; тие сметале дека сопствеништвото на САД на централната банка ќе ја прекине контролата на Вол Стрит врз приливот на валутата. Конзервативните демократи пак се залагале за приватен децентрализиран резервен систем кој ќе биде слободен од контролата на Вол Стрит.
1944г. -1971г. : Ерата на Бретон Вудс [уреди]
Во јули 1944 година, 730 делегати од сите 44 сојузни држави се собрале во хотелот Маунт Вашингтон во Бретон Вудс, Њу Хемпшир, САД за да оформат нов меѓународен монетарен систем, кој заради штетите кои се случиле за време на Големата депресија и заради огромните долгови од Втората Светска војна се наоѓал во голема опасност. Нивна главна цел било подобрувањето на трговијата која се засновувала на лесната конвертибилност на валутите. Планерите на системот целосно го подржувале капиталистичкиот пристап, меѓутоа ја претпочитале цврстата контрола врз вредноста на валутата. Договорот ги донесил правилата за трговски и финансиски врски помеѓу најголемите индустриски држави во светот. Бретон Вудс системот бил првиот пример на целосно договорен монетарен поредок кој имал за цел да управува со монетарните врски помеѓу назависните држави во рамките на нацијата. Неговиот раководител сакал да побара од секоја држава да усвои монетарна политика која го одржува неговиот девизен курс. За да се оствари тоа се поставил фиксен девизен курс користејќи се со американски долари како резервна валута. Планерите ги основале Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Меѓународната банка за реконструкција и развој (МБРР) за да управуваат со новооснованиот систем. Меѓутоа со порастот на финансиските тензии, во 1971 година , откако САД унилатерално ги претвориле доларите во злато, Бретон Вудс системот пропаднал. Овој настан предизвикал голем финансиски стрес во светската економија и создал единствена ситуација во која американскиот долар станал ,,резервна валута’’ во државите кои го потпишале договорот.
Од 1971г.- денес Стандард на резерва на доларот [уреди]
Според стандардот на резерва на доларот, американскиот долар бил најфаворизирана валута во сите држави во светот како резервна валута, а ваквиот тренд траел повеќе од 30 години. На почетокот на стандардот на резерва на доларот, 70-тите години биле период на висока инфлација. Како резултат на тоа, во јули 1979 година претседателот Картер го номинирал Пол Волкер за раководител на одборот на федералните резерви. Тој го затегнал приливот на пари и до 1986 година инфлацијата нагло опаднала. Во октомври 1979 година федералните резерви објавиле политика на ,,нишанење на пари и банкови резерви во својата борба со двојната инфлација. Во јануари 1987 година, со инфлација во малопродажбата од само 1%, федералните резерви најавиле дека повеќе нема да го користат вкупниот прилив на пари, како основни упатства за контролирање на инфлацијата, иако овој метод се употребувал од 1979 година, очигледно со голем успех. Пред 1980 година, каматните стапки се користеле како основни упатства, а инфлацијата била многу голема. ФЕД се жалел дека вкупните суми на пари биле збунувачки. Волкер бил раководител се до август 1987 година, кога Ален Гринспен го наследил неговото место, по седум месеци откако вкупната монетарна политика се променила.
Клучни закони [уреди]
Клучни закони кои се однесуваат на федералните резерви се:
- Закон за федерални резерви
- Законот Глас-Стигал
- Закон за банкарски систем од 1935 година
- Закон за вработување од 1946 година
- Спогодба на трезорот на федералните резерви од 1951 година
- Закон за банкарска холдинг-компанија од 1956 година и амандманите од 1970 година
- Закон за реформи во федералниот резервен систем од 1977 година
- Закон за меѓународно банкарство од 1978 година
- Закон за вработување со полно работно време и урамнотежен пораст (1978 година)
- Закон за либерализација на депозитните институции и за монетарна контрола (1980 година)
- Закон за реформи, обнова и стапување на сила на финансиските институции од 1989 година
- Законот Грем-Лич-Били (1999 година)
- Закон за економска стабилизација во критични ситуации (2008 година)
Цел [уреди]
Примарната мотивација за создавање на Федералниот резервен систем е решавањето на банкарската несреденост. Пред основањето на ФЕД, САД поминала преку неколку финансиски кризи. Значитечлно големата криза од 1907 година довела Конгресот за го спроведе Законот за федерални резерви во 1913 година. Денес ФЕД, покрај обезбедувањето стабилност на финансискиот систем, има повеќе одговорности. Тековните функции на ФЕД се:
- Да го реши проблемот со банкарската несреденост
- Да служи како централна банка на САД
- Да овозможи рамнотежа помеѓу приватните банкарски интереси и центализираните владини одговорности
- Да ги надгледува и да ги регулира банкарските институции
- Да ги заштити правата на клиентите за добивање кредит
- Да управува со приливот на пари на државата преку монетарна политика
- Да ги постиге контрадикторните цели за
- максимално вработување
- стабилни цени, вклучувајќи ја и превенцијата од инфлација и дефлација
- умерени долгорочни каматни стапки
- одржување на стабилноста на финансискиот систем и справување со системските ризици кои може да се појават на финансиските пазари.
- обезбедување финансиски услуги на депозитните институции, Владата на САД и странските институции, вклучувајќи ја и главната улога во управувањето со националниот систем за плаќање.
- олеснување на размената на плаќање помеѓу региони
- задоволување на локалните потреби од ликвидни средства
- зајакнување на репутацијата на САД во светската економија
Решавање на проблемот со банкарските паники [уреди]
Банкарските паники се случуваат затоашто банкарските институции во САД се задолжени само да чуваат во резерва дел од парите на вложувачите. Оваа практика е наречена банкарство на фракционални резерви. Како резултат, најголемиот број банки ги инвестираат поголемиот дел од парите на нивните вложувачи. Во ретки случаеви, многу од клиентите на банките ќе ја повлечат својата заштеда и на банката ќе ѝ треба поомош од друга институција за да продолжи со нејзиното работење. Банкарските паники може да доведат до многу социјални и економски проблеми. Федералните резерви биле создадени како обид да се спречи или да се намали појавата на банкарски паники, и да служат како кредитор ако дојде до банкарска паника. Многу економисти, следбеници на Милтон Фридмен сметаат дека ФЕД несоодветно одбиле да им позајмат пари на малите банки за време на банкарските паники од 1929 година. Кон крајот на 1913 година, Конгресот го донел Законот за федерални резерви најмногу врз пристрасна основа, со најмногу гласови ,,за’’ од страна на демократите и најмногу гласови ,,против’’ од страна на републиканците. Последниот Закон најмногу наликувал на планот Алдрих, меѓутоа поголема контрола му била дадена на јавниот сектор.
Променлив курс на валута [уреди]
Еден начин за да се спречат банкарските паники е постоењето на прилив на пари кој може да се зголеми кога има потреба од пари. Во Законот за федерални резерви, поимот ,,променлив курс на валута’’ не значи само можност за зголемување на приливот на пари туку и можност за негово намалување. Според ФЕД, променливиот курс на валута се дефинира како: Валута која поради дејствувањето на централните монетарни власти, може да расте или да опаѓа до сума која е загарантирана од економските услови. Монетарната политика на ФЕД делумно се засновува на теоријата дека пред се најдобро е приливот на пари да се намалува или да се зголемува како ќе се менуваат економските услови.
Систем за реализација на чекови [уреди]
Поради одбивањето на некои банки да реализираат чекови од други банки за време на економска нестабилност, во ФЕД беше создаден систем за реализација на чекови. Тој накратко е опишан во Федерален резервен систем –Цели и функции . Преку создавањето на Федералниот резервен систем, Конгресот имал намера да ги елиминира сериозните економски кризи кои повремено ја уништувале нацијата, а особено оние финансиски паники од 1907 година. За да ги реши ови проблеми, Конгресот го овластил Федералниот резервен систем да создаде национален систем за реализација на чекови. Во тој период системот бил создаден не само да овозможи постоење на променлива валута којашто ќе се зголемува или ќе се намалува до сума загарантирана од економските услови, туку и да озозможи постоење на ефикасен и праведен систем на наплата на чекови.
Позајмувач во краен случај [уреди]
Вонредни ситуации [уреди]
ФЕД има овластување да биде ,,позајмувач во краен случај’’ преку доделување кредит на депозитни институции или на други поединци во несекојдневни ситуации вклучувајќи вонредни состојби на национално или регионално ниво, при кои неможноста да се добие кредит би имала многу негативно влијаније врз економијата.
Варирања [уреди]
Резервните банки преку попусти и кредити им обезбедуваат ликвидни средства на банките за да ги задоволат краткорочните потреби кои произлегуваат од сезонските варирања на депозитите или на неочекуваните повлекувања на пари. Во исклучителни ситуации исто така може да се обезбедат и долгорочни ликвидни средства. Дисконтната стапка е стапката со која ФЕД им ги наплаќа на банките овие заеми. Давајќи вакви заеми, ФЕД служи како резерва на средства при секојдневните неочекувани варирања на понудата и побарувачката. Со ова се придонесува ефикасно функционирање на банкарскиот систем, намалување на притисокот на пазарот како и намалување на степенот на неочекуваното варирање на каматните стапки. На пример, на 16 септември 2008 година, Одборот на ФЕД одобрил заем од 85 милијарди долари за да се избегне пропаѓањето на меѓународниот осигурителен гигант American International Group (AIG). Улогата на ФЕД како ,,позајмувач во краен случај’’ негативно се оценува поради пренесувањето на ризикот и одговорноста на кредиторите и позајмувачите на други ентитети во форма на даноци и/или инфлација.
Централна банка [уреди]
Со својата улога на централна банка на Соединетите држави, ФЕД претставува банка на банките и банка на Владата. Како банка на банкте, тој помага во обезбедување сигурност и ефикасност на системот на плаќање. Како банка на Владата, или финансиски претставник, ФЕД изведува разни финансиски трансакции од трилиони долари. Како што поединец има сметка во банка, така Трезорот на САД има тековна сметка во ФЕД преку која се управуваат влоговите за новите федерални даноци и плаќањата на Владата. Како дел од ова поврзување, ФЕД продава и откупува владини хартии од вредност како државни обврзници и краткорочни меници, банкноти и обврзници. ФЕД исто така ги издава националните монети и банкноти. Трезорот на САД преку Одделот за ковање монети и Одделот за гравирање и печатење банкноти го произведува националниот прилив на пари. Всушност тој им продава банкноти на федералните резервни банки по производна цена и монети по номинална цена. Потоа, федералните резервни банки ги дистрибуираат парите до други финансиски институции на различни начини. За време на Фискалната 2008 година, Одделот за гравирање и печатење банкноти испечатил 7,7 милијарди банкноти по просечна цена од 6,4 центи по банкнота.
Федерални фондови [уреди]
Федерални фондови претставуваат финансиско резервно салдо ( исто така наречени капитал на федерални резерви) кое приватните банки го имаат на своите сметки во локалните федерални банки. Ова салдо ги претставува истоимените резерви на ФЕД. Целта за поседување средства во банка на ФЕД е можноста за постоење на механизам со кој приватните банки си позајмуваат средства меѓусебно. Пазарот на фондови игра важна улога во ФЕД бидејќи тој бил инспирацијата за името на системот и претставувал основа за монетарната политика. Монетарната политика функционира преку контрола на сумата на пари која приватните банки ја наплаќаат меѓусебе за позајмувањето на овие средства. Капиталот на федерални резерви се состои од кредит на федерални резерви којшто може да биде претворен во федерални резервни банкноти. Приватните банки ги чуваат банковите резерви во капитал на федерални резерви.
Рамнотежа помеѓу приватните банки и владината одговорност [уреди]
Системот бил дизајниран според компромисно решение помеѓу конкурентните филозофии за приватизација и владиното управување. Во 2006 година, потпретседателот на Одборот на гувернери, Доналд Л. Кон накратко го образложил компромисното решение. Земјоделските и прогресивни интереси, предводени од Вилијам Џенингс Брајан се залагале централната банка да биде во рацете на народот, наместо во рацете на банкарите. Меѓутоа поголемото мнозинство национални банкари, загрижени за влијанието на Владата врз банкарскиот бизнис, се споротиставило на можноста политички кандидати да управуваат со централната банка. Законот којшто Конгресот конечно го усвоил во 1913 година ја отсликал тешката борба за постигнување рамнотежа помеѓу овие две натпреварувачки гледишта и ја создал државно-приватната, централизирано-децентрализирана структура која постои денес. Во денешниот систем, приватните банки се профитабилни бизниси, а владиното контролирање поставува ограничување онаму каде што може. Федералниот резервен систем е дел од Владата кој ги контролира приватните банки. Рамнотежата помеѓу приватното и владиното учество исто така може да се забележи во структурата на системот. Приватните банки ги избираат членовите на Одборот на директори во нивната регионална банка на федерални резерви, додека членовите на Одборот на гувернери се избираат од страна на претседателот на САД со согласност на Сенатот. Приватните банки им даваат информации на владините функционери за нивната економска ситуација, а владините функционери ги користат истите во одлуките на ФЕД. На овој начин приватните банки можат да водат профитабилен бизнис, додека Владата на САД преку ФЕД ги надгледува и контролира нивните дејствувања.
Контрола и надзор на Владата [уреди]
Законот за ревизија на федералното банкарство, кој стапил на сила во 1978 година како државен закон 95-320 и дел 31 УСЦ од Правилникот на САД предвидува дека федералните резерви можат да подлежат на ревизија од страна на Владината канцеларијата за одговорност (ГАО). ГАО има овластување да врши ревизија на процесирање на чекови, на чување и испорака на пари како и да врши контрола и надзор на банките. Меѓутоа, сепак постојат ограничувања врз она на што ГАО може да врши ревизија. Ревизијата на Одборот и на федералните резервни банки не вклучува:
1. трансакции за или со странска централна банка или Влада, или државна интернационална финансиска организација;
2. размислувања, одлуки или дејствувања за прашања од монетарната политика;
3. трансакции направени под раковотство на Федералниот комитет за отворен пазар; или
4. дел од дискусија или разговор помеѓу членови на Одборот на гувернери и функционери и вработени лица во ФЕД поврзани со горенаведените (1), (2), или (3).
Финансиската криза која започнала во 2007 година, предизвикала потреба од финансиска помош и загрижувања околу тоа дали таинственоста на ФЕД придонела за повторни сомневања околу неговата способност ефикасно да управува со националниот монетарен систем. Анкета направена во јули 2009 година покажува дека само 30% од американците сметале дека ФЕД вршел добра или одлична работа, рангирање кое е пониско дури од она на Федералната даночна управа, кое изнесува 40 %. Законот за транспарентност на федералните резерви бил приложен од страна на конгресменот Рон Пол со цел да се направи подетална ревизија на ФЕД. Тогаш ФЕД ја вработил Линда Робертсон, која веќе стоела на чело на лобинг корпорацијата Ерон во Вашингтон, како советник на сите тројца министри на Трезорот во времето на управување на Клинтон.
Одборот на гувернери на Федералниот резервен систем е одговорен за надзор и контрола на банкарскиот систем на САД, меѓутоа тој нема целосна одговорнот. Федералните резерви даваат општ опис на видовите контрола и надзор кои се вршат врз банкарскиот систем на САД: Одборот исто така игра важна улога во надзорот и контролата на банкарскиот систем на САД. Тој има одговорност да врши надзор врз државните банки кои се членки на Федералниот резервен систем, банкарските холдинг компании (компании кои го контролираат банките), дејностите со странство на банките членки и дејностите на странските банки во САД. Одборот и федералните резервни банки, според одредено овластување, вршат надзор врз приближно 900 државни банки-членки и 5000 банкарски холдинг компании. Други федерални агенции исто така служат како примарни федерални надзорници на комерцијалните банки; Канцеларијата за надзор на пари во промет врши надзор врз националните банки и Компанијата за осигурување на федерален депозит вржи надзор врз државните банки кои не се членки на федералниот резервен систем. Некои одредби донесени од страна на Одборот се однесуваат на целата банкарска индустрија, а други се однесуваат само на банките-членки, односно државните банки кои избрале да се приклучат кон федералниот резервен систем, и на националните банки кои со закон се обврзани да бидат членки на системот. Одборот исто така донесува одредби за спроведување на позначајни федерални закони за заштита на корисниците на кредити, како што се Вистина во позајмувањето, Еднакви кредитни можности и Закон за откривање на хипотеки. Многу од овие одредби за заштита на корисниците се однесуваат и на разни позајмувачи надвор од банкарската индустрија како и на банките. Членовите на Одборот на гувернери се во постојан контакт со другите создавачи на политиката во Владата. Тие честопати даваат мислење пред комитетите на Конгресот за прашања од економијата, монетарната политика, банкарскиот надзор и контрола, заштитата на корисниците на кредити, финанските пазари и други прашања. Одборот има редовен контакт со советниците за економски прашања на претседателот и со други важни економисти. Претседателот исто така одвреме на време се среќава со претседателот на САД и има редовни состаноци со секретарот на Трезорот.
Одборот на директори на секоја банка од системот исто така има одговорности за надзор и контрола. На пример, на банка-членка (приватна банка) не ѝ е дозволено да дава премногу заеми на луѓе кои потоа не можат да ги вратат истите. Ова е затоа што премногу доцнења со отплатата на заемите ќе предизвика банкарска паника. Ако Одборот на директори процени дека банката-членка изгледа сиромашно, тој истото ќе го извести до Одборот на гувернери. Оваа политика е запишана во законикот на САД: Секоја федерална резервна банка треба постојано да се информира за општиот карактер и сумата на заемите и инвестициите на нејзините банки-членки. Директорот на федералната резервна банка треба да го извести Одборот на гувернери на ФЕД за каква било прекумерена употреба на кредити од која било банка-членка, заедно со негов совет. Секогаш кога Одборот на гувернери на ФЕД ќе процени дека која било банка-членка направила таква прекумерена употреба на кредити, тој може, по оправдано опоменување и можност за сослушување, да ја суспендира истата банка за користење на кредити од ФЕД, а исто така може да ја прекине суспензијата или да ја обновува од време на време. Казната за давање лажна изјава или извештај кои ги преценуваат средтсвата исто така се наведени во законикот на САД : Било кој што свесно дава лажна изјава или извештај, или намерно преценува земја, имот или харии од вредност, се казнува со не повеќе од 1 000 000 долари или со затвор од не повеќе од 30 години, или двете заедно.
Национален систем на плаќање [уреди]
Федералните резерви играат важна улога во системот на плаќање на САД. Дванаесетте федерални резервни банки им даваат банкарски услуги на депозитните институции и на Владате на федерацијата. На депозитните институции тие им одржуваат сметки и им даваат разни платежни услуги, вклучувајќи наплата на чекови, електронско пренесување на средства и дистрибуција и примање на парични средства. За Владата на Федерацијата , резервните банки претставуваат фискални агенти кои наплаќаат чекови на Трезорот, процесираат електронко плаќање и емитуваат, пренесуваат и откупуваат државни хартии од вредност. Со усвојувањето на Законот за монетарна контрола и заштита на депозитните институции во 1980 година, Конгресот го реафирмирал својот став дека ФЕД треба да воспостави ефикасен национален систем на плаќање. Законот им налагал не само на комерцијалните банки-членки, туку на сите депозитни институции, да се придржуваат кон условите и им гарантирал еднаков пристап до услугите на плаќање на резервните банки. Тој исто така ја подржувал конкурентноста помеѓу резервните банки и платежните услуги на приватниот сектор барајќи од резервните банки да наплаќаат провизија за одредени услуги на плаќање наведени во законот и да ги надоместат трошоците од таквите услуги. Давајќи им разни финансиски услуги на депозитните институции, федералните резерви играат значајна улога и во националниот систем на плаќање во продажба на мало и во продажба на големо. Плаќањата од продажба на мало воглавно се релативно мали суми на пари и најчесто се вршат од малопродажбени депозитни институции- поединци или помали бизниси. Услугите за продажба на мало на резервните банки вклучуваат дистрибиција на пари, наплата на чекови и електронско пренесување на средства преку автоматски клиринг систем. Наспроти тоа, плаќањата за продажба на големо воглавно се големи суми на пари и најчесто се вршат од големопродажни депозитни институции, вклучувајќи и други финансиски институции. Услугите за продажба на големо на резервните банки вклучуваат електронско пренесување на средства преку Службата за средтсва на ФЕД и пренесување на хартии од вредност издадени од Владата, нејзините агенции и некои други ентитети преку Службата за хартии од вредност на ФЕД. Заради големите суми на средства кои секојдневно поминуваат низ резервните банки, Системот воспоставил политики и процедури за намалување на ризикот од неуспех во спроведување на плаќањата на депозитните институции на резервните банки. Во 2003 година федералните резервни банки започнале повеќегодишна реорганизација на операциите со чекови, како дел од долгогодишната стратегија за надоместување на намалената употреба на чекови од страна на корисниците и на сѐ поголемата употреба на електронско процесирање на чекови. Резервните банки би требало да го намалат бројот на локации на целосна услуга за процесирање на чекови од 45 локации во 2003 година до 4 локации до почетокот на 2011 година.
Структура [уреди]
Федералниот резервен систем е независна владина институција. Системот не е приватна организација и не функционира со цел да направи профит. Акциите на регионалните федерални резервни банки се во сопственост на банките кои дејствуваат во тој регион и кои се дел од Системот. Моќта на Системот произлегува од Законот за федерални резерви усвоен од страна на Конгресот и потпишан од страна на претседателот на САД на 23 декември 1913 година. Како независна институција, Федералниот резервен систем има моќ да дејствува самостојно без претходно одобрување од страна на Конгресот или на Претседателот. Членовите на Одборот на гувернери се назначуваат со долги мандати, со ограничување на секојдневното влијание на политичките ставови. Единствената структура на Системот на федерални резерви исто така дозволува внатрешни проверки и рамнотежи, осигурувајќи се дека не доминираат одлуките и активностите на кој било дел од Системот. Тој исто така независно остварува приход, без потреба од финансирање од Конгресот.
Надзорот и одредбите на Конгресот, кој може да ги менува одговорностите на ФЕД, ѝ дозволуваат на Владата да го контролира Федералниот резервен систем. Бидејќи Системот бил оформен како независен, а истовремено се наоѓал во рамките на Владата на САД, тој многу често се нарува ,,независен во рамките на Владата’’.
Дванаесет регионални резервни банки обезбедуваат финансиски средстава за функционирањето на ФЕД. Секоја резервна банка е организирана како приватно претпријатие така што да може да ги обезбеди потребните приходи за да ги покрие трошоците и да ги спроведе барањата на Одборот. Банките-членки се банки во приватна сопственост кои мораат да купат одреден број на акции во резервна банка од одреден регион за да станат членки на ФЕД. Акциите ,,не треба се продаваат, разменуваат или заложуваат како хартии од вресност за заеми’’ и сите банки-членки добиваат годишна дивиденда од 6%. Никогаш досега, ниту една акција на ФЕД не била продадена на јавноста, на странци или на небанкарски фирми во САД. Овие банки-членки мораат да одржуваат резерви како во трезорски парични средстава така и на сметка во нивните резервни банки. И кај едните и кај другите, банките-членки не добиваат никаков процент. Дивидендите кои федералните резервни банки им ги плаќаат на банките-членки се сметаат како делумна компензација за недостатокот на платена [камата]] за бараните средства. Целиот профит по наплатените трошоци се враќа во Трезорот на САД или се додава на вишокот на средства во федералните резервни банки (и додека акциите во сопствеништво на федералните резервни банки се откупливи само по номинална вредност, номиналните ,,сопственици’’ немаат никаква корист од вишокот на средства). Во 2008 година, ФЕД додал над 31,7 милијарди долари во Трезорот на САД.
Кратка содржина [уреди]
- Централна банка на нацијата
- Регионална структура со 12 области
- Подлежи под власт и контрола на Конгресот
- Дејствува со свои заработени средства
Одбор на гувернери [уреди]
- 7 члена со мандат од 14 години
- Членовите се назначени од претседателот на САД во согласност на Сенатот
- Ги надбљудува активностите на Ситемот, донесува регулаторни одлуки и поставува барања за резерви
Федерален комитет за отворен пазар [уреди]
- Клучно тело на Системот за водење на монетарната политика
- Одлуките на комитетот се барања за зголемување на економскиот пораст преку стабилност на цени со влијание врз приливот на пари и кредити.
- Комитетот е составен од 7 членови кои се членови на Одборот на гувернери и директори на резервната банка, од кои 5 се гласачки членови кои се ротираат.
Ферерални резервни банки [уреди]
- 12 регионални банки со 25 филијали
- Секоја од банките има Одбор на директори составен од 9 членови, од кои 6 се избрани од старана на банките-членки, а другите 3 од Одборот на гувернери
- Поставуваат дисконтна стапка, која треба да биде одобрена од Одборот на гувернери
- Банките ги набљудуваат економските и финансиските институции во нивната област и им даваат финансиски услуги на Владата на САД и на депозитните институции
Банки-членки [уреди]
- Приватни банки
- Поседуваат акции во нивната локална федерална резервна банка
- Избираат шест од деветте членови на Одборот на директори на резервните банки
Советодавни комитети [уреди]
- Имаат разни одговорности
Одбор на гувернери [уреди]
Одборот на гувернери кој брои седум членови е главното раководно тело на Федералниот резервен систем. Негова задача е да ги надледува дванаесетте регионални резервни банки и да помага во спроведувањето на националната монетарна политика. Гувернерите се назначени од Претседателот на САД со одобрување на Сенатот со мандат од 14 години. Според законот, назначените мора да се залагаат за ,, фер застапеност на финансиските, земјоделските, индустриските и трговските интереси како и за географската поделеност на земјата’’, и како што е наведено во Законот за банкарство од 1935 година, два од седумте членови на Одборот на гувернери кои се назначени од Претседателот на САД помеѓу сите гувернери, се застапени од претседателот и потпретседателот на Одборот. Одборот на гувернери, како независна федерална владина агенција не добива средства од Конгресот и мандатите на седумте члена на Одборот опфаќаат повеќекратни претседателски и конгресни мандати. Штом член на Одборот на гувернери еднаш е назначен од претседателот, тој најчесто делува независно. Одборот е должен да доставува годишен извештај на работење до Претседателот на Претставничкиот дом. Тој исто така ја надгледува и контролира работата на Федералните резервни банки и банкарскиот систем на САД воопшто. Членството е со закон органичено по мандат и член кој имал мандат од цели 14 години нема право на повторно назначување. Постојат бројни случаеви каде поединец е назначен да отслужи остаток од мандат на друг член и потоа повторно е назначен со мандат од цели 14 години. ,,При истекувањето на мандатот, членовите на Одборот треба да продолжат со работа сѐ додека нивните наследници не се назначени’’ бидејќи постои можност член на Одборот да работи значително подолг временски период од целосниот мандат од 14 години. Законот предвидива отстранување на член од Одборот со објаснување од Претседателот. Сегашните членови на Одборот на гувернери се:
- Бен Бернанке, претседател
- Доналд Кон, потпретседател
- Кевин Ворш
- Елизабет А. Дјук
- Даниел Таруло
- /
- /
На 2 март 2010 година, Кон го најавил своето пензионирање во јуни, и на 12 март, Белата куќа на чело со Барак Обама најавила тројца можни кандидати. Двајцата економисти се Џенет Л. Јелен, директор на Федералната резервна банка во Сан Франциско кој е и топ кандидат за потпретседател и Питер А. Дајмонд, економист во МИТ (Институт за технологија на Масачусетс) и раководител на Одделот за социјалното осигурување, пензии и оданочување. Адвокатот Сара Блум Рескин е инспектор за финансиска контрола од Мериленд.
Федерален комитет за отворен пазар [уреди]
Федералниот комитет за отворен пазар (ФОМЦ) се состои од седумте члена на Одборот на гувернери плус пет претставници избрани од регионалните федерални резервни банки. ФОМЦ со закон е должен да го надгледува работењето на отворениот пазар, што претставува основа за националната монетарна политика. Ова работење влијае врз големината на билансот на федералните резерви достапен за депозитните институции, а оттаму и врз монетарните и кредитни услови. ФОМЦ исто така раководи со работењето на федералните резерви на девизните пазари. Банката-претставник од втората област, Њу Јорк, е постојан член, додека другите банки ротираат во интервали од две и три години. Сите директори присуствуваат на дискусиите на ФОМЦ, додека само пет директори кои се членови на комитетот гласаат за политички одлуки. Според законот, ФОМЦ ја одредува својата внатрешна организација и по традиција го избира претседателот на Одборот на гувернери за свој претседател, а директорот на ферералната резервна банка во Њу Јорк за свој потпретседател. Обично се одржуваат формални состаноци во Вашингтон Д.Ц. осум пати годишно. Директорите на резервните банки кои не гласаат исто така учествуваат во дискусиите на Комитетот. Воглавно ФОМЦ одржува телефонски консултации осум пати годишно, а други состаноци се одржуваат по потреба.
Федерални резервни банки [уреди]
Постојат 12 регионални федерални резервни банки ( покрај ,,банките-членки‘’) и 25 филијали кои служат како дејствувачки сили на системот. Секоја федерална резервна банка е предмет на надзор на Одборот на Гувернери. Секоја федерална резервна банка има Одбор на директори, чии членови соработуваат со претседателот на нивната резервна банка со цел да го известат поширокото членство за економската состојба и вложувањето на раководниот тим како и за одлуки од монетарната политика. Овие одбори се формирани од општата јавност и од банкарската заедница и ја надгледуваат работата на организацијата. Тие исто така ги предлагаат директорите на резервните банки, кои се назначуваат со одобрување на Одборот на Гувернери. Одборите на резервните банки се состојат од девет членови: шест членови кои се претставници на небанкарски претпријатија и на јавноста и три членови претставници на банки. Секоја филијала на федерални резерви има свој одбор на директори, составен од три до седум членови, кој обезбедува важни информации кои се однесуваат на регионалната економија. Резервните банки започнале со работа на 16 ноември 1914 година. Банкнотите на Федералниот Трезор биле создадени како дел од законодавството за обезбедување пари. Банкнотите биле емитувани до резервните банки, а потоа префрлени до банкарските институции. Различните компоненти на федералниот резервен систем имаа различен правен статус.
Правен статус [уреди]
Федералните резервни банки имаат правен статус со карактеристики и на приватни претпријатија и на јавни федерални агенции. Секоја банка-членка поседува акции кои неможат да се пренесат на друга банка, во својата регионална федерална резервна банка. Акција во сопственост на ФЕД не може да се продаде ниту пак да се тргува со неа, па затоа како резултат на поседувањето акции во ФЕД, банките-членки не го контролираат ФЕД. Меѓутоа тие избираат шест од деветте членови на Одборот на директори на резервните банки. Покрај тоа, статутот на секоја федерална резервна банка е уреден со закон и не може да биде менуван од страна на банка-членка.
Одбор на директори [уреди]
Девет члениот Одбор на директори од секоја област е составен од 3 класи, именувани како класи А, Б и В. Директорите имаат мандат од 3 години. Составувањето на одборите на директори е наведено во Законикот на САД во наслов 12, глава 3, точка 7:
Класа А [уреди]
- Три члена
- Избрани од претсавници на банките кои поседуваат акции
- Банките-членки се поделени во 3 групи според големината- големи, средни и мали банки Секоја група избира еден член од Класа А
Класа Б [уреди]
- Три члена
- Директор од Класата Б не треба да биде службеник, директор или вработен во која било банка
- Го претставуваат народот водејќи сметка за интересите за земјоделство, трговија, инсустрија, услуги, работна сила и потрошувачи.
- Банките-членки се поделени во 3 групи според големината- големи, средни и мали банки Секоја група избира еден член од Класа Б
Класа В [уреди]
- Три члена
- Директор од Класата В не треба да биде службеник, директор, вработен или акционер во која било банка
- Формирана од Одборот на гувернери на ФЕД. Членовите се избираат за да го претставуваат народот водејќи сметка за интересите за земјоделство, трговија, инсустрија, услуги, работна сила и потрошувачи.
- Членовите треба да бидат најмалку две години жители на областа во која се назначени и еден од нив да биде именуван од одборот за претседател на Одборот на директори на федералната резервна банка и за агент за федерални резерви.
Во федералниот Трезор објавена е листа со сите членови на одборите на директори на резервните банки.
Претседател [уреди]
Законот за федерални резерви предвидува дека претседателот на федерална резервна банка е извршен командант на Банката, назначен од Одборот на директори на Банката со согласност на Одборот на гувернери на ФЕД со мандат од пет години. Мандатите на сите претседатели на банките од дванаесетте области течат истовремено со краен рок на последниот ден од февруари на секои пет години. Назначувањето на претседател кој започнува со работа откако мандатот започнал, завршува при комплетирањето на тој мандат. Претседател на резервна банка може повторно да биде назначен по отслужување на цел или недовршен мандат. По навршувањето на старост од 65 години претседателите на резервните банки задолжително се пензионираат.
Листа на федерални резервни банки [уреди]
Подолу се наведени областите на федералните резервни банки заедно со нивната идентификувачка буква и број. Овие букви и бројки се користат на банкнотите на ФЕД за да се идентификува од која банка е емитувана секоја банкнота. Исто така наведени се и 25 филијали.
| Ферерална резервна банка | Буква | Број | Филијали | Веб локација | Претседател |
|---|---|---|---|---|---|
| Бостон | А | 1 | --- | http://www.bos.frb.org/ | Ерик С. Розенгрен |
| Њу Јорк Сити | Б | 2 | Бафало (затворена од 31 Октомври, 2008г.), Њу Јорк | http://www.newyorkfed.org/ | Вилијам Ц. Дадли |
| Филаделфија | В | 3 | --- | http://www.philadelphiafed.org/ | Чарлс И. Плосер |
| Кливленд | Г | 4 | Синсинати, Охајо/ Питсбург, Пенсилванија | http://www.clevelandfed.org/ | Сандра Пианалто |
| Ричмонд | Д | 5 | Балтимор, Мериленд/ Шарлот, Северна Каролина | http://www.richmondfed.org/ | Џефри М. Лакер |
| Атланта | Ѓ | 6 | Бирмингем, Алабама/ Џексонвил, Форида/ Мајами, Флорида/ Нешвил, Тенеси/ Њу Орлеанс, Луизијана | http://www.frbatlanta.org/ | Денис П. Локарт |
| Чикаго | Е | 7 | Детроит, Мичиген/ Де Моин, Ајова | http://www.chicagofed.org/ | Чарлс Л. Иванс |
| Сент Луис | Ж | 8 | Литл Рок, Арканзас/ Луисвил, Кентаки/ Мемфис, Тенеси | http://www.stlouisfed.org/ | Џејмс Б. Балард |
| Минеаполис | З | 9 | Хелена, Монтана | http://www.minneapolisfed.org/ | Нарајана Р. Кочерлакота |
| Канзас Сити | Ѕ | 10 | Денвер, Колорадо/Оклахома Сити, Оклахома/ Омаха, Небраска | http://www.kansascityfed.org/ | Томас М. Хониг |
| Далас | И | 11 | Ел Пасо, Тексас/ Хјустон, Тексас/ Сан Антонио, Тексас | http://www.dallasfed.org/ | Ричард В. Фишер |
| Сан Франциско | Ј | 12 | Лос Анџелес, Калифонија/ Портланд, Орегон/ Солт Лејк Сити, Јута/ Сиетл, Вашингтон | http://www.frbsf.org/ | Џенет Л. Јелен |
Примарни трговци [уреди]
Примарен трговец е банка или трговец-брокер со хартии од вредност кој директно тргува со ФЕД. Кога ФЕД работи со отворен пазар, тие прават понуди и доставуваат информации до бирото за трговија на ФЕД и активно учествуваат во аукциите за хартии од вредност на Трезорот на САД. За финансирање на буџетарскиот дефицит и спроведувањето на монетарната политика тие се консултираат и со Трезорот и со ФЕД. Многу поранешни примарни трговци работат во Трезорот заради нивното познавање во работата со владините пазари на долгови. Овие трговци купуваат најголем број хартии од вредност на Трезорот продадени на аукции, а потоа им ги препродаваат истите на јавноста.
Банки-членки [уреди]
Секоја банка-членка е приватна банка (пр. приватно претпријатие) која поседува акции во една од дванаесетте регионални федерални резервни банки. Сите комерцијални банки на САД може да се поделат на три типа според тоа кое владино тело ги опфаќа и според тоа дали се членови на ФЕД.
| Вид | Дефиниција |
|---|---|
| Национални банки | Оние кои се опфатени од федералната Влада ( преку Кабинетот за контрола на валутата во Трезорот); тие со закон се членки на ФЕД. |
| Банки на држави-членки | Оние кои се опфатени од државите кои се членки на ФЕД |
| Банки на држави кои не се членки | Оние кои се опфатени од државите кои не се членки на ФЕД |
Сите национални банки поседуваат акции во една од федералните резервни банки. Државните банки може да избираат дали да бидат членки ( и да поседуваат акции во регионална федерална резервна банка) под услов да исполнуваат одредени стандарди. Поседувањето на акција во федерална резервна банка всушност не е исто како поседувањето на јавно тргувана акција. Акцијата не се продава, ниту се тргува со неа. Банките-членки годишно добиваат дивиденда од фиксни 6 % за нивниот удел, и тие директно не ја контролираат соодветната федерална резервна банка како резултат на тоа што поседуваат акции. Меѓутоа тие избираат шест од деветте членови на Одборот на директори на резервните банки. Според федералниот закон: При започнувањето со работа или во текот на 90 дена од пристапувањето кон Унијата на државата во која се наоѓа, секоја национална банка во која било држава треба да стане банка-членка на ФЕД со пријавување и плаќање за акции во федералната резервна банка во нејзината област во согласност со одредбите на ова подглавје. Другите банки можат да изберат дали да станат банки-членки. Според федералната резервна банка од Бостон: Секоја државна банка може да стане членка на ФЕД. Дванаесетте регионални резервни банки ги надбљудуваат државните банки-членки како дел од овластувањето на ФЕД да обезбедува стабилност на националните пазари и во банкарскиот систем. Надзорот врз резервните банки се врши заедно со државните управувачи обезбедувајќи постојана и обединета управувачка средина.
Советодавни комитети [уреди]
Спроведувајќи разните одговорности, ФЕД се потпира на советодавни комитети.
- Федерален советодавен комитет
- Советодавен комитет за потрошувачите
- Советодавен комитет за штедилници
Најважни од овие советодавни комитети најверојатно се оние комитети кои ги советуваат резервните банки по прашања за земјоделство, мал бизнис и работна сила. Двапати годишно, Одборот ги разгледува ставовите на секој од овие комитети по пошта.
Монетарна политика [уреди]
Поимот ,,монетарна политика‘’ се однесува на работењето на централната банка, како што во случајов се Федералните резерви, преку кое се влијае врз достапноста и цената на парите и кредитите со цел да се промовираат националните економски цели. Она што се случува со парите и кредитите влијае врз каматите ( цената на кредит) и на одвивањето на економијата на САД. Законот за федерални резерви од 1913 година му ја доделува на ФЕД одговорноста за поставување на монетарната политика.
Основа на политиката е позајмувањето помеѓу банките [уреди]
Федералните резерви ја спроведуваат монетарната политика преку влијание врз меѓусебното позајмување на достапни резерви. Каматната стапка која банките меѓусебно си ја наплаќаат за овие заеми ја определуваат пазарите, меѓутоа со влијание на ФЕД преку трите ,,алатки’’ за монетарна политика опишани подолу. Каматната стапка врз која ФОМЦ директно се фокусира е краткорочна. Ваквата камата на крајот негативно влијае врз долгорочната камата преку економијата. Резимето за основата и спроведувањето на монетарната политика е искажано од ФЕД и гласи: ФЕД ја спроведува монетарната политика на САД влијаејќи врз условите на пазарот за билансите кои депозитните институции ги имаат во федералните резервни банки. Водејќи политика на отворен пазар, наметнувајќи барања за резерви, дозволувајќи им на депозитните институции да поседуваат клиринг биланси и зголемувајќи ги кредитите, ФЕД врши значајна контрола врз побарувачката и приливот на федерални пари и врз стапката на федерални средства. Преку својата контрола врз стапката на федерални средства, федералните резерви имаат способност да ги одржуваат финансиските и монетарните услови во еднаква положба со целите на монетарната политика. Ова влијае врз економијата и врз количината на резерви кои банките ги користат за заеми. Политиката на додавање резерви во банкарскиот систем го охрабрува позајмувањето со повисока каматна стапка, а со тоа се стимулира порастот на пари, кредити и на економијата. Политиката на задржување на резерви дејствува во обратна насока. Задачата на ФЕД е да обезбеди доволно резерви кои би овозможиле адекватна сума на пари и кредити и на тој начин би се избегнал вишокот кој резултира со инфлација и недостатоци кои го отежнуваат економскиот пораст.
Цели [уреди]
Целите на монетарната политика се:
- максимално вработување
- стабилни цени
- умерени долгорочни каматни стапки
- унапредување на одржлив економски пораст
Начини [уреди]
Постојат три начини на монетарна политика кои ги користи ФЕД за да влијае врз количината на резерви во приватните банки:
| Начин | Опис |
|---|---|
| Примена на отворен пазар | Купување и продажба на хартии од вредност во сопственост на Трезорот и на федералните агенции- основен начин на ФЕД за спроведување на монетарната политика. Целта на ФЕД за примена на отворен пазар се менувала со текот на годините. Во текот на 80тите години, фокусот постепено се префрлил кон одржување на одредено ниво на стапката на федерални средства ( стапка со која банките меѓусебно си наплаќале за преку ноќ дадените заеми од федералните средства, кои всушност се резервите што банките ги чувале во ФЕД), процес кој целосно се завршил при крајот на декадата. |
| Дисконтна стапка | Каматна стапка која им се наплаќа на комерцијалните и другите дипозитарни институции за заемите кои ги добиваат од нивната регионална федерална резервна банка. |
| Побарување за резерви | Количината на средства која депозитните институции мора да ја поседуваат наспроти одредените депозитни долгови. |
Примена на отворен пазар [уреди]
Преку примената на отворен пазар се пуштаат и земаат пари од банкарскиот систем. Тоа се врши преку продажба и купување на хартии од вредност на Трезорот на САД. Кога Владата на САД продава хартии од вредност таа добива пари од банката, а банката добива документ на кој пишува дека Владата на САД ѝ должи пари на банката. Така се извлекуваат пари од банките. Кога Владата на САД купува хартии од вредност, таа им дава пари на банките, а банките ѝ даваат документ. Така се враќаат пари во банките. Веб локацијата на ФЕД ја опишува примената на отворен пазар на следниов начин: Примената на отворен пазар вклучува купување и продавање на владини хартии од вредност. Терминот ,,отворен пазар’’ значи дека ФЕД не одлучува со кои трговци на хартии од вредност ќе соработува во определен ден. Поточно кажано , изборот на трговец произлегува од ,,отворениот пазар’’, според кој разни трговци со хартии од вредност со кои соработува ФЕД – примарните трговци- се натпреваруваат врз основа на цена. Отворениот пазар функционира флексибилно и според тоа претставува најупотребуван начин на монетарна политика. Примената на отворен пазар е примарен начин за регулирање на приливот на банкови резерви. Начинот се состои во тоа што ФЕД купува и продава финансиски инструменти и тоа најчесто хартии од вредност емитувани од Трезорот, федерални агенции и претпријатија спонзорирани од Владата. Примената на отворен пазар се врши од страна на Бирото за домашна трговија кое е во склоп на федералната резервна банка од Њу Јорк под раководство на ФОМЦ. Трансакциите се вршат со примарни трговци. Целта на ФЕД во тргувањето со хартиите од вредност е да влијае врз стапката на федерални фондови, стапка по која банките меќусебно позајмуваат резерви. Кога ФЕД сака да ја зголеми количината на резервите, тој купува хартии од вредност, а за нив плаќа преку правење на депозит на сметката која банката на примарниот трговец ја има во ФЕД. Кога ФЕД сака да ја намали количината на резервите, тој продава хартии од вредност и ги наплаќа од истите сметки. Најчесто ФЕД не сака постојано растење и опаѓање на резервите, по така тој врши трансакции кои се променуваат за ден или два. Ова значи дека резеви пуштени во опсег денес можат да се повлечат дури утре изутрина. Овие краткорочни трансакции се наречени договори за повторно купување – трговецот му продава на хартии од вредност на ФЕД и се согласува подоцна повторно да ги купи.
Договори за повторно купување [уреди]
За да се ублажат моменталните или цикличните промени во приливот на пари, бирото прави договори за повторно купување со своите примарни трговци. Договорите за повторно купување во суштина се сигурни, краткорочни позајмувања од ФЕД. На денот на трансакцијата ФЕД врши депозит на пари на сметката на примарниот трговец, а добива хартии од вредност како гаранција. Кога трансакцијата е готова за наплата, процесот се затвора: ФЕД ја враќа гаранцијата и му наплаќа на примарниот трговец преку сметката за главницата и заостанатата камата. Времетраењето на договорот за повторно купување (времето од потпишувањето на договорот до времето за наплата) може да биде од 1 ден ( наречен договор преку ноќ) до 65 дена.
Квантитативна политика [уреди]
Другата политика што ја води ФЕД е позната како квантитативна политика. Преку оваа политика всушност ФЕД повторно ги купува колективните обврзници и хартиите од вредност поседувани од банките или другите финансиски институции. На овој начин повторно се пуштаат пари во финансиските институции овозможувајќи им да даваат заеми и да работат нормално. Одборот на ФЕД водел ваква политика во почетокот на 90-тите години кога економијата на САД претрпувала криза заради штедење и позајмување. Квантитативно олеснување, кое неодамна почна да се користи во САД, е друг начин да се влијае врз монетарната политика.Во суштина, квантитативното олеснување претставува метод преку кој централната банка обезбедува средства со каматна стапка пониска од нула, со цел да се зголеми приливот на пари и да ѝ се спротистави на дефлацијата. Тоа се остварува така што ФЕД го откупува владиниот долг со свежите пари на САД. Со еден збор, ФЕД ја определува вредноста на долгот. Во тековната макро-економска клима ( од крајот на 2007 година па до денес), забавениот обрт на пари ја натерал централната банка на САД да биде во потрага по нова, радикална политика која ќе ја стимулира економијата.
Сомнежи [уреди]
Некои од сомнежите во донесувањето одлуки при монетарната политика се опишани од ФЕД: Додека одлуките на оваа политика изгледаат правилни, создавачите на монетарната политика постојано се соочуваат со очигледни сомнежи. Прво, моменталната економска состојба и порастот на вкупната побарувачка во кое било време се само делумно познати, бидејќи клучните информации за трошоците, производството и цените се достапни со задоцнување. Затоа создавачите на политиката мораат да се потпрат на проценките од променливата економија при одбирањето на соодветната политика, свесни дека може да изберат погрешни информации. Второ, никогаш не е сигурно колку одредено прилагодување на стапката на федерални средства ќе влијае врз порастот на вкупната побарувачка. Создавачите на економијата можат да предвидат како ќе реагира економијата, но ваквите предвидувања се предмет на статистичка грешка. Трето, порастот на вкупната понуда, често наречен пораст на потенцијален резултат, не може да точно да се определи. Во практика, како што и претходно е споменато, создавачите на монетарната политика не располагаат со ажурирани информации за економската состојба и цените. Корисните информации не само што се временски ограничени за подготвување и достапност на клучни податоци, туку се ограничени и со понатамошни проверки кои можат многу да ја променат сликата. Така, и покрај тоа што создавачите на монетарната политика на крајот ќе можат да ги ублажат резултатите од шокот во економијата заради негативната побарувачка, ќе биде потребно да помине одредено време за шокот целосно да се прифати. Целите за постигнување максималнио вработување и стабилни цени, за чие остварување ФЕД ќе превземе ефикасни мерки, полесно би се оствариле ако јавноста ги разбира истите. Целите на монетарната политика се јасно наведени во законот, но не и начините за нивно постигнување.
Индекс на потрошувачки цени [уреди]
Индексот на потрошувачки цени (ИПЦ) се користи како мерка за вредност на парите. Тој се дефинира како: Мерка за просечната цена на основната потошувачка кошничка на стоки и услуги определена од Бирото за статистика на работна сила. Месечните промени на ИПЦ ја претставуваат стапката на инфлација. Просечниот ИПЦ не вклучува непостојани компоненти, т.е. цени на храна и енергија. Податоците за просечните потрошувачки цени во САД можат да се најдат во Одделението за работна сила – Бирото за статистика на работна сила. Земен како сам, ИПЦ не е целосна мерка за вредноста на парите. На пример, монетарната вредност на акциите, недвижнот имот и другите добра и услуги категоризирани како инвестициони средства не се одразува врз ИПЦ. Една од главните улоги на ФЕД е да одржува стабилни цени. Ова значи дека промената на индексот на продажни цени со текот на времето треба да биде што е можно помала. Способноста да се одржува ниска стапка на инфлација е долгорочна мерка од успехот на ФЕД. Иако ФЕД обично настојува да ја одржува промената на ИПЦ од година во година помеѓу 2 и 3 %, создавачите на политиката водат дебата за тоа дали ФЕД треба да води политика која тежнее кон инфлација.
Инфлација и економски систем [уреди]
Постојат два вида на инфлација коишто меѓусебно се блиску поврзани. Монетарна инфлација е пораст на приливот на пари. Инфлација на цени е одржлив пораст на општото ниво на цените, која е еднаква на падот на вредноста односно куповната моќ на парите. Ако приливот на пари и кредити во текот на месеците расте премногу брзо (монетарна инфлација), резултатот најчесто е инфлација на цени. Инфлацијата на цени не расте секогаш во директна пропорција со монетарната инфлација. Врз неа влијае брзината на обрт на парите и други фактори. При инфлација на цени, со текот на времето куповната моќ на доларот е сѐ помала и помала. Последици од монетарната инфлација и инфлацијата на цени се:
- Инфлацијата на цените предизвикува полоша финансиска состојба за работниците ако нивните приходи не растат толку брзо како и цените.
- Пензионерите добивајќи фиксен приход живеат сѐ полошо ако пензиите не растат побрзо од цените.
- Позајмувачите губат бидејќи парите што ќе ги добијат назад нема да бидат со истата вредност како претходно.
- Штедачите губат бидејќи парите што денес ги штедат нема да ја имаат истата вредност тогаш кога ќе сакаат да ги потрошат.
- Фирмите и луѓето сѐ потешко ќе можат да планираат, така што во иднина инвестирањето би можело да опадне.
- Сопствениците на финансиски сретства губат.
- Индустриите кои се ранливи на каматни стапки, како што се хипотекарните компании, страдаат бидејќи монетарната инфлација ги покачува долгорочните каматни стапки, а ФЕД краткорочните каматни стапки.
Стапка на невработеност [уреди]
Бирото за статистика на работна сила ги собира статистичките податоци за стапката на невработеност. Со оглед на тоа што една од веќе споменатите цели на монетарната политика е максималното вработување, стапката на невработеност е знак за успехот на ФЕД. Како и ИПЦ, стапката на невработеност се користи како барометар за мерење на економското здравје на нацијата, а според тоа и како мерка за успехот на економските политики на администацијата.
Буџет [уреди]
Федералните резерви сами се финансираат. Најголемиот дел од приходот на ФЕД (повеќе од 90%) доаѓа од примената на отворен пазар, а особено од интересот за хартиите од вредност на Трезорот како и од ,,капиталните добивки/загуби’’ што може да се појават при купување/продавање на хартиите од вредност и нивните деривативи како дел од примената на отворен пазар. Билансот на приходи произлегува од продажба на финансиски услуги (процесирање на чекови и електронско плаќање) и од вратените заеми. Одборот на гувернери (Одбор на федералните резерви) еднаш годишно му приложува на Конгресот извештај за буџетот. Се разликуваат два извештаи со информации за буџетот. Оној кој ја содржи листата на завршени билансни извештаи со приходи и трошоци како и листата на нето профит или нето загуба е големиот извештај, едноставно наречен Годишен извештај. Тој исто така содржи податоци за вработување во системот. Другиот извештај кој подетално ги објаснува трошоците на разни сегменти на системот е наречен Годишен извештај: Ревизија на буџетот. Ова се сеопфатни извештаи со многу детали и може да се најдат на веб локацијата на Одборот на гувернери под делот Извештаи за Конгресот.
Нето вредност [уреди]
Биланс на состојба [уреди]
Еден од клучните моменти за разбирањето на Федералните резерви е постоењето на Билансот на состојба на ФЕД (или билансен извештај). Според дел 11 од Законот за федерални резерви, Одборот на гувернери на ФЕД еднаш неделно го објавува ,,Консолидиран извештај за состојбата на сите федерални резервни банки’’ кој ја покажува состојбата на секоја федерална резервна банка и консолидираниот извештај за сите федерални резервни банки. Одборот на гувернери бара вишокот на заработка на резервните банки да се префрли во Трезорот во интерес на банкнотите на федералните резерви.
Наводи [уреди]
- ↑ Sue C. Patrick, Reform of the Federal Reserve System in the Early 1930's: The Politics of Money and Banking, Garland, 1993.
