Фалечки дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фалечки дијалект
Pfälzisch[1]
Застапен во Германија[1]
Говорници непознато[1]  
Јазично семејство
Писмо германска азбука[1]
Јазични кодови
ISO 639-3 pfl
Говорното подрачје на фалечкиот во Германија

Фалечкиот (Pfälzisch/Pälzisch или Pfaelzisch/Paelzisch) е западнофранконски дијалект на германскиот јазик што се говори во долината на Рајна, во подрачјето помеѓу градовите Цвајбрикен, Кајзерслаутерн, Алцај, Вормс, Лудвигсхафен, Манхајм, Хајделберг, Шпајер, Ландау, Верт на Рајна и границата регионот Алзас во Франција. Постојат говорници и вон ова подрачје. Пенсилванискиот германски потекнува главно од фалечките дијалекти на населението што се преселило во Северна Америка од XVII до XIX век. Многу елементи на ова наречје се застапени и во говорот на Дунавските Шваби во Хрватска и Војводина.

Дијалектот може да се подели на две групи: западнофалечки (Westpfälzisch) и источнофалечки (Vorderpfälzisch). Некои примери за разликите помеѓу горногерманскиот и фалечкиот говор се:

Источнофалечки Западнофалечки Горногермански Македонски
Mais Mais Mäuse глувци
Lais Lais Läuse вошки
Grumbeea Grumbeer Kartoffel компир
Schnoog(e) Stechmigg Mücke комарец
Bääm Bääm Bäume дрва
Schdää Schdää Stein камен
soi sei sein негов
unsa unser unsere наш
ned/nid net nicht не
dowedder/dwedda degeche dagegen против
Fusch Fisch Fisch риба
ebbes ebbes etwas нешто
Ärwedd Arwett Arbeit работа
Doa Dor Tor порта
Abbel Abbel Apfel јаболко
hawwe hänn haben има

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Википедија
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на фалечки дијалект