Трансматеријали

Од Википедија — слободната енциклопедија

Како трансматеријали може да се сретнат:

Бетон со високи перформанси[уреди | уреди извор]

Бетон со високи перформанси

Овие бетони инкорпорираат влакна за зацврстување и отвораат хоризонт на екстремно висока изведба, заради специјалниот состав кој му дава исклучителната јачина, шест до осум пати поголема од јачината на традиционалниот бетон.

Арматурата со влакна“ - метални влакна го прават материјалот растеглив. Бидејќи е високо отпорен на свиткување, неговата голема отпорност на флексија овозможува издржливост на значителни трансформации без да се скрши.

Бетон кој пропушта светлина[уреди | уреди извор]

Ѕид направен од ЛитраКон (“LitraCon“), има јачина на традиционален бетон, но, благодарение на вградената низа стаклени влакна може да овозможи делумна транспарентност.

Илјадници оптички стаклени влакна формираат матрица и стојат паралелно меѓу себе, помеѓу две главни површини на секој блок. Дури и боите останувaт исти. Овој специјален ефект создава општа импресија дека густината и тежината на бетонските ѕидови исчезнувa.

Проѕирен бетон[уреди | уреди извор]

Проѕирниот бетон e направен од збир на кршено стакло и пластичен сврзувач. Осветлен од едната страна, изгледа како да дише со светлина, онака како што сонцето се прекршува преку зимскиот мраз. Испитувањата покажуваат дека новиот материјал е супериорен во однос на традиционалниот бетон, во услови на притисок и виткање.

Пропустлив бетон[уреди | уреди извор]

Пропустливиот тротоар е бетон на основа на цемент кој има порозна структура, која дозволува водата од дождовите да поминува директно низ тротоарот и да оди по природен пат во почвата. Оваа порозност е постигната без да се компромитира јачината, трајноста или севкупноста на самата структура на бетонот.

Овој бетон се состои од специјална мешавина на Портландски Цемент конгломерација од груби камења и вода.

Бетон кој плови[уреди | уреди извор]

Со замената на песокот и чакалот со тенки сфери од полимер, создаден e бетон кој е поцврст од традиционалниот бетон, но толку лесен што може да плива во вода.

Пенест алуминиум[уреди | уреди извор]

Пенестиот алуминиум e десет пати поцврст од традиционалниот алуминиум и со само една десеттина од тежината.

Производот има голема цврстина, екстремно е лесен, поседува одлики на долготрајност, одлична завршна вредност и трајност.

Има бројна примени, вклучувајќи ги архитектурата, автомобилите, пловните објекти, воената индустрија, воздухопловството, патниот превоз, електрониката, уредите, сигнализацијата и многу други намени.

Ткаен не'рѓосувачки челик[уреди | уреди извор]

Ткаениот не’рѓосувачки челик во 18 различни плетки, се произведува во Швајцарија од страна на Г. Боп (G. BOPP).

Овој производ се користи во проекти со разновидни одлики, како шински системи и делови од мебел. Исто така, може да се добијат и обични плетки и модели.

Аеро гел[уреди | уреди извор]

Аерогел

Аерогел или “ерглас” е проѕирен материјал кој изгледа како стакло, подобро изолира од стаклена волна и е поотпорен на топлина од алуминиумот. Овој материјал има многу интересни одлики и можности за примена, како изолација за прозорци и сончеви колектори, прозорци во ѕидови, компоненти во опрема за разладување, итн.

Аерогелот e калупиран, со што дава можност за добивање различни форми: цилиндри, коцки, табли со различна дебелина итн.

Аерогел може да се сече со тракаста тестера или во него да се дупчат дупки со дупчалка за метал. Треба да се забележи дека Аерогел е незапаллив и нетоксичен.

Вакумирани изолациски панели[уреди | уреди извор]

Вакумираните изолациски панели (VIP = Vacuum insulation panels) со право може да станат материјали на иднината.

Вакумирани изолациски панели

ВИП работи на ист принцип како шише од термос: кога возухот ќе се извлече од празнината на еден сад со дупли ѕидови, спроведувањето топлина нагло се намалува. Металниот слој на површината, понатаму го намалува пренесувањето на топлина со инфрацрвено зрачење.

Панелите со дебелина од два сантиметри, ефикасно изолираат како 20 см минерални влакна.

Светлечки блокови[уреди | уреди извор]

Светлeчките блокови покажаа дека нивната издржливост на влијанија е во просек трипати поголема од издржливоста на повеќеслојните сигурносни стакла и дека имаат шест пати поголема отпорност на удар од отпорноста на обичното стакло.

Освен тоа, светлeчките блокови се за 50% посветли од стаклото.

Тие се на располагање во неограничен број проѕирни и непроѕирни бои и со докажана отпорност без какви било забележливи оштетувања при изложеност на временски влијанија и сонце во долги периоди.

Супер црно[уреди | уреди извор]

Британските научници го измислиле најтемниот материјал на планетата Земја - Супер црниот премаз кој може да доведе до револуција на оптичките инструменти, бидејќи рефлектира 10 до 20 пати помалку светлина од црната боја која моментално се произведува, а која се користи за да се намали несаканата рефлексија. Клучот за црната боја на премазот од никел и фосфор е во тоа што нивната површина е издупчена со микроскопски кратери. Со светлосен извор под соодветен агол, премазот рефлектира помалку од 0.35%. Црната боја рефлектира околу 2.5% - седум пати повеќе.

Столица од јаглеродни влакна[уреди | уреди извор]

Целосно изработена од јаглеродни влакна, столицата Z5 тежи само 6 кг. a издржува тежина која надминува 550 кг. Технологијата која е употребена за да се изработи оваа столица, првенствено била развиена за употреба во армијата и таа е основна компонента во сите модерни борбени авиони.

Структури од растегливо платно[уреди | уреди извор]

Провокативни структури од растегливо платно кои се трансформираат се соодветни за употреба за време на забавни настани, специјални настани, изложби и трговски саеми или секаде каде што е соодветна архитектурата од платна. Направени од растеглив најлон, овие структури нудат менлива површина за секој тип проекција или осветлувачка површина, вклучувајќи предна или задна видео проекција.