Спика

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Alpha Virginis A/B
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Девица
Ректасцензија 13h 25m 11.6s
Деклинација −11° 09' 41"
Привидна величина (V) +1,04
Карактеристики
Спектрален тип B1III-IV/B2V
U−B боен показател −0,93
B−V боен показател −0,13 [се бара извор]
Променлив тип β Cep,
Rotating ellipsoid
Астрометрија
Радијална брзина (Rv) +1.0 км/с
Сопствено движење (μ) Рек.: −42.50 млс/г
Дек.: −31.73 млс/г
Паралакса (π) 12.44 ± 0.86 млс
Оддалеченост 260 ± 20 сг
(80 ± 6 пс)
Апсолутна величина (MV) −3.55
Податоци
Маса 11/7 M
Радиус 7.8/4.0 R
Сјајност 13,400/1,700 L
Температура 22,400/18,500 K
Други ознаки
Spica,aztec 角宿一, Spica Virginis, Alaraph, Dana, α Virginis, 67 Virginis, HR 5056, BD -10°3672, HD 116658, GCTP 18144, FK5 498, CCDM 13252-1109, SAO 157923, HIP 65474.
Како да се најде Спика на ноќното небо.

Спика (Spica) позната и како Ариста (α Vir / α Virginis) е најсјајна ѕвезда во соѕвездието Девица, и 15-та најсјајна ѕвезда на ноќното небо. Се наоѓа на 260 светлосни години од Земјата. Оваа ѕвезда е син џин, променлива ѕвезда од типот Beta Cephei.

Историја на набљудувањата[уреди]

За Спика се верува дека е ѕвезда која Хипарх ја искористил за да ја открие прецесијата на еквинокс.[1] Храмот на Менат (порано Хатор) во Теба бил изграден во 3200 година п.н.е., и свртен кон Спика, но со време, поради прецесијата, забележливо е изместувањето на линијата што ја имале ѕвездата и храмот.[2] Никола Коперник направил многу забелешки во врска со оваа ѕвезда, при неговото проучување на прецесијата.[3]

Карактеристики[уреди]

Спика е сјајна ѕвезда, чија привидна магнитуда варира меѓу +0,92 и +1,04, со период на ротација од 4,0142 дена. Таа е променлива ѕвезда од типот Beta Cephei. Сјајноста ѝ е 2.300 пати поголема од онаа на нашето Сонце. Спика е двојна ѕвезда, а растојанието меѓу двете ѕвезди е толку мало што речиси и не се забележуваат како две, туку како една.

Видливост[уреди]

Бидејќи е сместена блиску до еклиптиката, Спика може да биде затемнета од Месечината и понекогаш од некои од планетите. Последното затемнување на Спика се случило кога Венера поминала пред ѕвездата (гледано од Земјата) на 10 ноември 1783 година. Наредното затемнување ќе се случи на 2 септември 2197 година, кога Венера повторно ќе помине пред Спика. Сонцето поминува на околу 2º северно од Спика секоја година околу 16 октомври.

Најлесниот начин да се најде Спика на ноќното небо е да се следи линијата на седумте ѕвезди од соѕвездието Голема Мечка до Арктурус, а потоа да се додаде истата должина и ќе се дојде до Спика.

Етимологија и значење[уреди]

Името „Спика“ доаѓа од латинското spīca virginis „Клас жито на Девицата“ (обично се мисли на пченица). Во кинеската астрономија, оваа ѕвезда е позната како Jiao Xiu 1 (角宿一). Во хиндуистичкиот календар, Спика се нарекува „Накшатра Читра“.

Во астрологијата, Спика е една од фиксните ѕвезди, со значење смарагд која носи неограничена добра среќа. Корнелиус Агрипа кабалистичкиот симбол за Спика Agrippa1531 Spica.png го посветил на Хермес Трисмегистус.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]