Хипарх

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хипарх

Хипарх (грчки: Ἵππαρχος, Hipparkhos; околу 190 п.н.е. – околу 120 п.н.е.), бил грчки астролог, астроном, географ и математичар. Се смета за основач на тригонометријата.[1]

Роден во Турција), а најверојатно умрел на островот Родос. Познато е дека работел како астроном меѓу 162 и 127 п.н.е.[2] Хипарх се смета за најголем антички астроном и набљудувач. Ја развил тригонометријата, создал тригонометриски таблици, и решил неколку проблеми од областа на сферичната тригонометрија. Со неговите теории за Сонцето и Месечината, можеби е и првиот кој создал сигурен метод за предвидување на соларните еклипси. Меѓу останатите негови откритија се откривањето на Земјината прецесија, создавањето на првиот разбирлив ѕвезден каталог во западниот свет, и најверојатно смислувањето на првиот астролаб.

Наводи [уреди]

Надворешни врски [уреди]