Силван Видмер

Од Википедија — слободната енциклопедија

[1]

Швајцарија Силван Видмер
Лични податоци
Роден на 5 март 1993(1993-03-05)(31 г.)
Роден во Арау, Швајцарија
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Базел Базел
Број 5
Младинска кариера
Арау Арау
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011–2012 Арау Арау 29 (3)
2012-2013 Гранада Гранада 0 (0)
2012–2013Арау Арау 34 (8)
2013-2018 Удинезе Удинезе 131 (5)
2018- Базел Базел 10 (0)
Репрезентација
2010-2011 Швајцарија Швајцарија 18 8 (1)
2012 Швајцарија Швајцарија 19 8 (3)
2012 Швајцарија Швајцарија 21 17 (1)
2014- Швајцарија Швајцарија 21 9 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Силван Видмер (роден во Арау, 5 март 1993) — швајцарски фудбалер, десен бек на Базел и на швајцарската репрезентација.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Агилен играч, кој има добар удар со глава, солидни физички предиспозиции, одлично чувство за заземање добра позиција на теренот и може да игра во сите улоги по десната страна; во одбрана со четворица и како бек/крило во 3-5-2 формација.[2]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Својте фудбалски почетоци Видмер ги направил во екипата на Виренлос, каде тренирал шест години пред да се префрли во екипата на Баден во 2007 година. Во 2008 година, бил купен од страна на Арау, фудбалски клуб, од неговиот роден град. Во сезоната 2010-11, одиграл 9 натпревари за вториот тим на Арау, а во летните подготовки за новата сезона бил промововиран во првиот тим и му бил доделен дресот со број 4. Своето професионално деби го направил на 23 јули 2011, во победата на гости над Винтертур во Швајцарската Челенџ лига.[3]. Својот прв погодок во кариерата го постигнал на 21 ноември, во ремито 2-2 против Санкт Гален на домашен терен. Својата прва сезона во дресот на Арау ја завршил со 29 првенствени настапи и 3 гола.

На 8 април 2012 година потпишал за Гранада, шпански клуб во сопственост на Џампаоло Поцо (инаку сопственик и на италијанскиот прволигаш Удинезе), но сезоната ја поминал на заем во Арау, каде бил одличен постигнувајќи 8 гола во 34 настапи.

Пред почетокот на следната сезона, Гранада решила да му го продаде Видмер на Удинезе за сума од 750.000 .[4][5] Клубот му го доделил дресот со број 27, кој претходно со голем успех го носел колумбиецот Пабло Армеро. Тој дебитирал за Удинезе на 1 август 2013 година во натпревар од квалификациите за Лига Европа против Широки Бријег кој Удинезе го добил со 3-1 во Босна. На 24 ноември 2013 дебитирал во Серија А, влегувајќи од клупата во натпреварот против Фјорентина. На 9 јануари 2014 година го имал своето деби во италијанскиот куп играјќи ги сите 90 минути во вториот круг; Удинезе - Интер (1-0).

Својот прв гол за Удинезе го постигнал на 2 ноември 2014, во поразот со 2-4 на домашен терен од Џенова. Голот го постигнал со низок, прецизен удар во спротивниот агол, по одличното додавање на Антонио Ди Натале.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Дебитирал за швајцарската репрезентација под 18 години во 2010 година, а откако запишал 8 натпревари на кој постигнал еден гол, во 2011 година бил повикан во репрезентацијата под 19 години.

29 февруари 2012 година го направил своето деби во репрезентацијата под 21 година, играјќи како стартер против врсниците од Австрија.[6]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2011-2012 Швајцарија Арау ЧЛ 29+2[7] 3+0[7] КШ 1 0 - - - - - - 32 3
2012-2013 ЧЛ 34 8 КШ 2 0 - - - - - - 36 8
Вкупно Арау 63+2 11+0 3 0 - - - - 68 11
2013-2014 Италија Удиинезе А 16 0 КИ 2 0 ЛЕ 1 0 - - - 19 0
2014-2015 А 11 1 КИ 1 0 - - - - - - 12 1
Вкупно во кариерата 90+2 12 6 0 1 0 99 12

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://twitter.com/silvanwidmer27 twitter
  2. Gianluca Castagna. generazioneditalenti.com (уред.). „Silvan Widmer: 1993 - Svizzera“ (италијански). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 7 април 2012.
  3. soccerway.com (уред.). „Winterthur vs. Aarau 1 - 2“. Посетено на 23 јануари 2014.
  4. fcaarau.ch, уред. (8 април 2012). „Silvan Widmer wechselt - und bleibt trotzdem“ (германски). Архивирано од изворникот на 2013-12-02. Посетено на 23 јануари 2014.
  5. Matteo Bursi (10 април 2012). Tuttomercatoweb.com (уред.). „Ufficiale: Udinese, colpo per il futuro. Preso Widmer via Granada“. Посетено на 23 јануари 2014.
  6. Football.ch (уред.). „Switzerland vs. Austria 1-2“ (англиски). Посетено на 7 април 2012.
  7. 7,0 7,1 Плејоф-промоција/испаѓање