Сива врана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сива врана
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Врани
Род: Corvus
Вид: Сива врана
Биномен назив
Corvus cornix
Linnaeus, 1758

Сивата врана (науч. Corvus cornix) е врапчевидна птица од фамилијата на враните (Corvidae). Распространета е низ северна, источна и јужна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, како и во дел од Блиски Исток. Taa e пепелавосива птица со црна глава, врат, крилја, опашка и слабини, како и црни очи, клун и нозе. Исто како другите врани, таа е сештојад и опортунист во исхраната.

Таксономија и систематика[уреди]

Сива врана во Берлин
Во Египет
Сива врана во лет

Сивата врана е еден од многуте видови за првпат опишани од Linnaeus во неговата Систем на природата под нејзининото сегашно научно име Corvus cornix.[1] Името потекнува од латинското Corvus, „гавран“,[2] и cornix, „врана“.[3] Многу години се сметаше за подвид на црната врана (Corvus corone),[4] и беше позната како Corvus corone cornix, заради сличностите во структурата и навиките.

Сега, сивата врана има четири подвида (кои претходно се сметаа за подвидови на црната врана). Петтиот, Corvus cornix sardonius (Trischitta, 1939) се наоѓа во списокот иако е поделен меѓу C. c. sharpii (најбројна популација), C. c. cornix (Корзиканска популација) и C. c. pallescens (популацијата на Блискиот Исток).

  • C. c. capellanus (P.L. Sclater, 1877), познат како месопотамиска врана, распространет во Ирак и југозападен Иран. Има многу посветлосиво перје, што од далеку изгледа како бело.[5] Веројатно е доволно различен за да се смета за посебен вид.[6]

Опис[уреди]

Освен главата, грлото, крилјата, опашката и слабините кои се црни и сјајни, перјето на оваа птица е пепелавосиво, а темните линии ѝ даваат прошаран изглед. Клунот и нозете ѝ се црни, а очите темнокафеави.

Должината на телото на сивата врана варира од 48 до 52 см, распонот на крилјата е околу 98 см, а тежи просечно 510 грама.[7] Се митари само еднаш, наесен, како и другите врани. Мажјакот е малку поголем, инаку половите се исти. Младенчињата со првото перје се многу поцрни од возрасните. Перјето им е побледо и имаат синкави или сивкави очи и во почетокот црвена уста. Летот ѝ е бавен и тежок, и обично прав.

Оваа птица со своето контрастно сиво-црно перје не може да се помеша со друга, но повикот краа  е речиси идентичен со оној на црната врана.[8]

Распространетост и живеалиште[уреди]

Сивата врана се размножува низ северна и источна Европа, и блиските подвидови во јужна Европа и западна Азија. Каде опсегот со црната врана им се преклопува, во северна Велика Британија, Германија, Данска, северна Италија и Сибир, има многу хибридни форми.

Но, хибридите помалку се адаптираат од чистата форма и ова е една од причините зошто сивата врана е издвоена како посебен вид. [9]

Однесување[уреди]

Исхрана[уреди]

Барајќи храна во фрлено ѓубре
Гнездо со јајца во урбанизирана средина (Москва)

Сивата врана е сештојад и е постојан „чистач на улици“. Ги крши обвивките на мекотелите и ракчињата, на крајбрежните гребени ги краде јајцата од галебите и кормораните, а и од другите птици кога возрасните се отсутни; се храни со помали цицачи, птици, остатоци од храна и мрши.

Размножување[уреди]

Гнездењето започнува подоцна во постудените предели, како во Русија, на пример, од средината на мај до средината на јуни, или при крајот на февруари во регионот на Персискиот Залив[5] Во потоплите региони тоа се случува во април.[10] Гломазното гнездо го сместуваат на високо дрво, пукнатини на карпи или стари згради и далноводни столбови. Поретко го сместуваат близу или на земја. Го прават од гранчиња, но често ставаат и животински коски и жици, а го постилаат со помеки материјали. Несат 4-6 сини јајца со кафеави точки, кои ги инкубира само женката во период од 17 до 19 дена, а за тоа време мажјакот ја храни.[7] Пилињата се оперјуваат по 32 до 36 дена. Забележано е дека женките чуваат од сопствената храна за пилињата додека инкубираат.[11]

Просечниот животен век не е познат, но оној на црната врана е 4 години.[12] Максимална забележана возраст е 16 години и 9 месеци.[7]

Овој вид е чест домаќин на паразитската кукавица, по страчката. Но, на местата каде страчката ја нема, враната е омилен домаќин.[13]

Сивата врана, како и нејзините роднини, редовно се убивани од земјоделците. Во Ирска, раните осумдесетти биле убиени над 23.000 птици од овој вид.

Статус[уреди]

Во Црвениот список на МСЗП не се разликуваат црната од сивата врана, но двата вида имаат широк опсег од 10 милиони км² и голема популација од 14 до 34 милиони поединци само во Европа. Популацијата не се намалува и се смета за вид со најмала загриженост од изумирање.[7][14]


Наводи[уреди]

  1. (латински) Linnaeus, C (1758). „Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata.“. Holmiae. (Laurentii Salvii).. стр. 105. http://dz1.gdz-cms.de/index.php?id=img&no_cache=1&IDDOC=265100. „C. cinerascens, caplte gula alis caudaque nigris“ 
  2. „Corvus“. „Merriam-Webster online“. http://www.m-w.com/dictionary/corvus. конс. 4 февруари 2008. 
  3. Simpson DP (1979). „Cassell's Latin Dictionary“ (5 издание). London: Cassell Ltd.. стр. 153. ISBN 0-304-52257-0. 
  4. Vere Benson, S. (1972). „The Observer's Book of Birds“. London: Frederick Warne & Co. Ltd. ISBN 0-7232-1513-8. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Goodwin D. (1983). „Crows of the World“. Queensland University Press, St Lucia, Qld. ISBN 0-7022-1015-3. 
  6. Madge, Steve & Burn, Hilary (1994): Crows and jays: a guide to the crows, jays and magpies of the world. A&C Black, London. ISBN 0-7136-3999-7
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 „Сива врана Corvus cornix [Linnaeus, 1758“]. „BTOWeb BirdFacts“. British Trust for Ornithology. http://blx1.bto.org/birdfacts/results/bob15673.htm. конс. 4 февруари 2008. 
  8. Mullarney, Killian; Svensson, Lars, Zetterstrom, Dan; Grant, Peter. (2001). Birds of Europe. Princeton University Press. 336 ISBN 0-691-05054-6
  9. Jones, Steve (1999): Almost Like A Whale: The Origin Of Species Updated. Doubleday, Garden City. ISBN 978-0-385-40985-8
  10. Evans G (1972). „Птичји јајца“. London: Warne. стр. 18. ISBN 0-7232-0060-2. 
  11. Yom-Tov, Y. (1974) The effect of food and predation on breeding density and success, clutch size and laying date of the crow Corvus corone. J. Anim. Ecol. 43, 479-498
  12. „Carrion Crow Corvus corone [Linnaeus, 1758“]. „BTOWeb BirdFacts“. British Trust for Ornithology. http://blx1.bto.org/birdfacts/results/bob15671.htm. конс. 4 февруари 2008. 
  13. Snow & Perrin (1998) 873–4
  14. BirdLife International (2004). Corvus corone. „Црвен список на МСЗП - Загрозени видови“ од 2006 г. МСЗП 2006. консултирано на 05 May 2006 (англиски) Database entry includes justification for why this species is of least concern

Надворешни врски[уреди]