Мрша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Орел се храни со мрша од кенгур во Австралија
Којот се храни со мрша во текот на зимата

Мрша е поим кој се однесува на труп од умрено животно.

Мршата е важен извор на исхрана на поголемите месојади и сештојади во целиот екосистем. Животни кои се хранат со мрши се, на пример: хиените[1], мршојадните птици (мршојадци, орли, соколи)[2], тасманскиот ѓавол[3], најголемиот жив гуштер комодскиот варан[4], којотите[5], црната мечка, итн. Многу без’рбетници , исто така, се харнат со мрши. Како на пример, белите црви (ларвите од мувите) и некои видови муви се хранат со мрша и играат важна улога во разградувањето на остаотците од мртвите животни. Мршата почнува да се распаѓа од моментот на смртта на животното. Како поминува времето, привлекува сè поголем број инсекти и станува плодна почва за развој на бактерии. Не многу долго по смртта, телото добива непријатен мирис предизвикан од присуството на бактериите и испуштањето на биогени амини - кадаверин и путрескин.

Некои растенија (цвеќиња) и габи мирисаат слично на мрша за да привлечат инсекти кои помагаат во опрашувањето.

Во културата[уреди]

Зборот мрша е често употрбуван во данската митологија за да се опишат животните кои се жртвувани или кои се убиени во текот на божјиот гнев.

Понекогаш зборот мрша се употребува за да се опише заразно или инфицирано тело кое не смее да се допира. Пример за ваква употреба имаме во драмата на Вилијам Шекспир „Јулиј Цезар“, каде мртвите тела на луѓето се опишани како:

мрши кои повикуваат да бидат закопани“. (III.i)[6]

Уште еден сличен пример е романот „Робинзон Крусо“ од Даниел Дефо, каде главниот лик убива непозната птица, и нејзиното тело го смета за мрша која не смее да се јаде.

Наводи[уреди]

  1. "San Diego Zoo's Animal Bytes: Striped hyena". San Diego Zoo. 7 May 2010.
  2. Hovenden, Frank. The Carrion Eaters. Comox Valley Naturalists Society. 7 May 2010.
  3. "San Diego Zoo's Animal Bytes: Tasmanian Devil". San Diego Zoo. 7 May 2010.
  4. Irvin, Randall. Attachment and Colonization of Pseudomonas aerugionsa: Role of the Surface Structures. Pseudomonas aeruginosa as an Opportunistic Pathogen. 1993.
  5. Stegemann, Eileen. "Skull Science: Coyote". NYS Department of Environmental Conservation April 2006
  6. The Life and Death of Julies Caesar. SCENE I. Rome. Before the Capitol; the Senate sitting above.