Разговор со корисник:Brest/Архива/2009/јануари/31

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
brest T 
архива на разговори (1,26M+)
тековни

2012/13 (67.6k)


2012.01.01 - 2013.12.30 67.6k 

2010/11 (205k)


2010.10.31 - 2011.12.30 30k 
2010.08.05 - 2010.10.31 58k 
2010.04.25 - 2010.08.05 74k 
2009.12.31 - 2010.04.25 43k 

2009 (318k)


2009.09.22 - 2009.12.31 32k 
2009.04.30 - 2009.09.22 44k 
2009.02.28 - 2009.04.30 58k 
2009.01.31 - 2009.02.28 129k 
2008.12.31 - 2009.01.31 55k 

2008 (460k)


2008.10.06 - 2008.12.31 76k 
2008.08.22 - 2008.10.06 63k 
2008.05.21 - 2008.08.22 63k 
2008.04.21 - 2008.05.20 46k 
2008.03.21 - 2008.04.20 50k 
2008.03.03 - 2008.03.21 50k 
2008.02.24 - 2008.03.03 39k 
2008.01.22 - 2008.02.24 34k 
2007.10.08 - 2008.01.22 39k 

2007 (209k)


2007.09.01 - 2007.10.08 56k 
2007.07.12 - 2007.09.01 39k 
2007.06.25 - 2007.07.12 32k 
2006.04.17 - 2007.06.25 82k 
mini
mini
За подобрување и унапредување на Македонската Википедија
за Брест од Виктор

Нови потенцијални статии (Астрономски објекти)[уреди извор]

Здраво, brest. Случајно налетав на оваа категорија, па мислам дека и статиите во неа лесно ќе ги преведеме на мк.вики. Над 11.000 се. Го разгледав и ботот кој ги уредувал, има некои кодови, па мислам дека треба да ги разгледаме. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:01, 31 декември 2008 (UTC)

Паметна идеја, да се реализира што поскоро. Тие секако треба да се направат кога тогаш.-- MacedonianBoy  Oui? 16:10, 31 декември 2008 (UTC)

Договорив човек после нова година да помогне околу статии за ѕвезди и соѕвездија - астроном е :) Така што на таа тема ќе имаме стручна помош. Поздрав --Виолетова (разговор) 16:43, 31 декември 2008 (UTC)

Тоа е супер. Би можел да ни помогне околу уредувањето на квалитетни статии поврзани со астрономијата. Конкретно горе наведената категорија содржи кратки статии, кои лесно може да се уредат, но сепак потребни ни се и квалитетни и информативни статии. Само напред.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:53, 31 декември 2008 (UTC)

Интересно, може да започнеме еден проект кој би ја опфатил оваа проблематика (астрономија, ботови, ...). Доколку почнеме со систематска работа може да ќариме десетилјадарка плус. Потребно е да се преведат /креираат/ основните статии од астрономијата (неколку десетици), плус неколку десетици нови шаблони и после тоа /или паралелно со тоа/ со бот да се креираат нови статии за овие вселенски тела.--brest (разговор) 00:10, 2 јануари 2009 (UTC)

Најпрвин, среќна нова 2009. Ми се допаѓаат овие зборови, но да не заборавиме. Мора да го задржиме и процентот на добри статии. Па, така моментно имаме над 17.500 статии на дофат, со што би дошле до бројката од 40.000, но ќе ни требаат и квалитетни статии во тие 40.000, па така мислам да уредуваме околу 200 статии на ден, а во меѓувреме да уредуваме нови, но квалитетни и обемни статии, или пак да ги прошируваме постоечките. Тоа е најмал проблем, а за тоа и неколку иницијативи ќе помогнат.--Kiril Simeonovski (разговор) 07:25, 2 јануари 2009 (UTC)
Ги има многу повеќе од 17.000! Ама сепак треба да се започне проект. Преку проектот добро ќе дефинираме што сакаме да постигнеме и како да ја распределиме работата за да добиеме квалитетни никулци за небеските тела. А прашање е дали после ова додавање за 0.001% од овие статии некој ќе смени барем една буква во наредните неколку години! Затоа во старт треба да се погрижиме никулците да бидат издржани (со шаблон - инфокутија со основните податоци, текстуален дел - прераскажани податоците во инфокутијата, надворешни врски, интервики јазични врски, категоризација, шаблони за навигација во долниот дел од статиите, слики од commons поврзани со објектот.). Ова го велам затоа што ми мириса дека кај сите википедии кои во скоро време имаат драстичен пораст на бројот на статии најверојатно тоа се должи на вметнување на никулци од овој тип. Како резултат на ова не е ништо чудно да се поведе некоја иницијатива, од авторитетите кои управуваат со фондацијата, истите да бидат избришани, бидејќи може да се покаже дека се косат со принципите на википедија?! Но ако направиме добро средени никулци, плус уште десетици или стотици мануелно уредувани статии за позначајните небески тела, тогаш најверојатно нема да има проблем кај нас.--brest (разговор) 14:42, 2 јануари 2009 (UTC)

За да можеме да започнеме со ѕвездите (мислев да почнам по нешто и јас) - ќе треба некој од вас да ја среди најавната кутија-шаблон што се појавува на англиската википедија за ѕвездите - како оваа овде. Пробав да ја `украдам` ама не е како оние шаблончиња какви што ги правев, ова е нешто посложено. Поздрав --Виолетова (разговор) 10:08, 03 јануари 2009 (UTC)

Иако не сум многу по астрономија, повеќе сум за јазици и географија, сепак сакам преку бот да се направат овие статии. Кажете дали треба да се преведе нешто од англиската за да ни функционира ботот? Тука сум на располагање. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 10:23, 3 јануари 2009 (UTC)

Јас штотуку почнав да ги средувам шаблоните. Погледни ја статијата за ѕвездата Бетелгез. Можеш веќе да ја средуваш содржината на статијата. Јас за тоа време ќе завршам со шаблоните.--brest (разговор) 10:29, 3 јануари 2009 (UTC)

MacedonianBoy, и за бот има бааѓи работа, бидејќи не се сите ѕвезди и соѕвездија толку важни за да има големи текстови на статиите :) ОК, Брест, почнувам со Бетелгез. --Виолетова (разговор) 10:31, 03 јануари 2009 (UTC)

Еееееее, ставив две реченици и се појавија под шаблонот десно... Кај е грешката? --Виолетова (разговор) 10:39, 03 јануари 2009 (UTC)

Сеуште не е завршено со преведувањето на шаблоните, но нема да има проблем, кога ќе ги завршам шаблоните се ќе си дојде на свое место. Само напред.--brest (разговор) 10:43, 3 јануари 2009 (UTC)

Превод на основните шаблони[уреди извор]

Треба да направиме напор на самиот почеток црвените врски кои се појавуваат во шаблоните за ѕвезди и астероиди (види во статиите 10255 Taunus, Бетелгез) да станат плави, т.е. да креираме соодветни статии за нив. За некои од нив јас сеуште немам соодветен превод, па не би било лошо и на тој план да направиме напор, за да најдеме соодветен превод. Доколку имате проблеми со директно преведување во шаблоните (поради нивната комплексност) посочете ми каде треба да се направат исправките јас ќе ги направам. Јас сега ќе се сконцентрирам на симнување на податоци за астероидите од главниот астероиден појас како би можел да ги подготвам статиите за масовен внес. До тогаш да ги расчистиме црвените врски (со креирање на соодветни статии) и за непреведените поими да најдеме соодветен превод на македонски јазик.--brest (разговор) 18:45, 3 јануари 2009 (UTC)

Е па вака, овие ми се јавуваат непреведени: Variable type - тип на променливост (или нешто така што може да биде и наслов на статија); Proper motion - немам идеја како да се преведе; Semimajor axis - некаква `полу` оска... ; Longitude of the node - лонгитуда на јазолот (?); Argument of periastron - ? ; Metallicity - металност (?)... повеќето се кај Сириус. Астрономот со кого контактирам не ги знае македонските термини, за жал... сепак ја прочита статијата за Бетелгез и освен 2-3 забелешки (кои ги внесов) другото рече дека е ОК. Ме посочи за термини да го барам Ѓоре, главниот астроном од друштвото во Скопје, ама него деновиве нема да го најдам --Виолетова (разговор) 19:00, 03 јануари 2009 (UTC)

Супер би било кога некој стручен во оваа област би можел да се вклучи во нашиов ВикиПроект. Но во меѓувреме додека тоа не се случи може да го искористиме нашето знаење. (Mboy каде си, ни треба твојата преведувачка моќ, те повикуваме). Една идеја како да стигнеме до правилен превод би било да погледнеме во сродните јазични википедии (бугарски, српски, хрватски, ...). Хрватската википедија е прилично добра во тој поглед според моето досегашно искуство. Друга идеја би било со преведување на соодветните статии од англиската википедија да дојдеме до идеја како би бил соодветниот назив кај нас.--brest (разговор) 19:22, 3 јануари 2009 (UTC)

Ќе се вклучат, ако ништо друго само со совети... сепак поарно нешто отколку ништо, нели? Дечково-астроном прееска го прашував за термините - рече дека поголемиот дел од литературата што ја читаат тие - е на англиски, па ми ги објаснува поимите, ама не знае кој е соодветниот термин на македонски... а празаници се сега, па не ми е пријатно да го барам Ѓоре (фамилијарен човек е)... Како и да е, може да скоцкаме нешто, па кога ќе седнам со Ѓоре - нека ги корегира термините - можда и полесно е така. --Виолетова (разговор) 19:34, 03 јануари 2009 (UTC)

Мислам дека најдобро е сега за сега да останат така, па како ќе напредуваме сигурно ќе најдеме решение за сите или барем за поголемиот дел од нив. Само добро би било пред да започнеме со масовен внес сите да ги испреведеме. Погледни го и ВикиПроектот, веќе поголемиот дел го преведов, така да сега можеме сиве овие работи (поголемиот дел) да ги координираме таму.--brest (разговор) 19:43, 3 јануари 2009 (UTC)

Хеј, тука сум, ама сега го видов разговоров. Кажете што треба да се преведе, кои шаблони да ги преведам, дајте линк? Поз-- MacedonianBoy  Oui? 19:47, 3 јануари 2009 (UTC)

Еј царе, следи дискусија. Види во статиите 10255 Taunus, Бетелгез, 221 Eos. Во шаблоните има непреведени поими, за кои сеуште немаме најдено соодветен превод на македонски јазик. Исто така за некои поими има превод ама нема напишано статија. Па ете тоа е работата. Дај помагај оти заглавивме.--brest (разговор) 20:02, 3 јануари 2009 (UTC)

Соѕвездија и галаксии[уреди извор]

Еј здраво, и за соѕвездијата и галаксиите ќе ни треба шаблон како овој за ѕвездите. Еве ги примерите на англиската Википедија: за галаксија, за соѕвездија. Ѕирни ги, па додека бараме соодветни термини за ѕвездите, и за овие да бараме истовремено :) Ѕвезден поздрав :)))) --Виолетова (разговор) 10:15, 04 јануари 2009 (UTC)

За соѕвездијата веќе го средив шаблонот. Направи некоја статија за галаксија, ќе го/ги средам и тој/тие шаблон/и. Иначе сакам само да ти укажам кога вршиш категоризација на соѕвездијата, немој да го ставаш во надкатегорија самото соѕвездие, ами стави [[:Категорија:Соѕвездија|Лав]], наместо Категорија:Соѕвездие Лав за Лав (соѕвездие), например.--brest (разговор) 10:21, 4 јануари 2009 (UTC)
Еве имаме: Андромеда (галаксија), си постоеше, само го ставив шаблонот :) Тоа со надкатегориите не ми е баш најјасно...--Виолетова (разговор) 10:41, 04 јануари 2009 (UTC)

Ок ќе го средам шаблонот за галаксија. А во врска со надкатегориите, погледни таму каде што имам правено исправки и ќе сватиш во што се состои поентата.--brest (разговор) 10:53, 4 јануари 2009 (UTC)

Категории за астероиди[уреди извор]

Мислам дека најдобро и најсоодветное да ги преведеме на следниов принцип: имињата на астероидите плус соодветниот збор (фамилија или група). Така имаме, Category:Adeona asteroids би го превеле како [[Категорија:Астероиди адеона]] и сите би ги правеле на овој начин. Мислам ова е соодветно зошто со ова се означува група на астероиди или фамилија на еден вид астероиди. Поздрав и дали е овој начин на превод добар?-- MacedonianBoy  Oui? 09:37, 7 јануари 2009 (UTC)

Преземање[уреди извор]

Мала забелешка, правилно е преземање, а не превземање. Поздрав, Brainmachinewtf? 01:21, 7 јануари 2009 (UTC)

Ботови[уреди извор]

Здраво Брест! Да прашам, до кај е работава со ботот за правење на тие 15 000 статии за ѕвезди? Дали ќе биде поскоро или не? Треба да започне да работи, да си накачиме број. Патем, дали има некој бот што ќе може да прави статии за броеви? Јас правев броеви до 150 и кусур, но таа работа е измислена за бот. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 20:44, 14 јануари 2009 (UTC)

Честитки MB за твојата работа. Што се однесува до ботот тој е подготвен над 80% според моја слободна проценка, впрочем некои страници со него и беа создадени пред некој ден, (пример погледни: 129 Antigone, 127 Johanna, 126 Velleda 124 Alkeste, 123 Brunhild, ...). Создадена е бот корисничка сметка user:Brest-bot, на Википедија:Портал/Други јазици поставено е барање за доделување на бот статус на оваа сметка (сеуште чекам на некој од локалните бирократи да му текне да погледне таму и да одговори на моето барање). Според мене има уште малку работа за средување на црвените врски во шаблоните, посебно шаблонот {{tl:Infobox Planet}} кој ќе се ползува во работата на ботот, т.е. треба за секоја црвена врска да се напише барем мала статија која ќе го објасни поимот во шаблонот. Имам дилема за насловите на статиите, ако забележа кај погоренаведените се со латинични букви, се прашувам дали да им направиме транскрипција на кирилица? Има и други прашања на кои ми треба одговор пред да бидам задоволен со работата на ботот. Но гледам нема некоја голема заинтересираност за овој проект (Википедија:ВикиПроект Астрономски објекти) каде би можеле да ги споделиме идеите и мислењата, така да се чувствува некој застој тука. И за сето тоа не ми е гајле, ама во последно време имам многу малку време да се посветам на википедија и тоа е причината што овој проект стои сега засега во место. Иначе за бот душа дале и статиите никулци за броеви, како и многу други.--brest (разговор) 03:07, 16 јануари 2009 (UTC)
Ако ме прашуваш мене, најубаво имињата да стојат на латиница, ем помалку работа ем што ќе преведуваме наслови за кои никој не слушнал. Не бери гајле за заинтересираноста, доволни сме јас, ти Виолетова, Кирил, гледам и Викимк сака повеќе статии да имаме и Рашо сигурно подршка ни дава. А дали треба да направам некој шаблон или нешто за статиите за броеви за бот да ги прави? Јас направив 200 статии, сите се на ист принцип правени (ги правеше МБ Бот :) рачно)? Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 12:08, 16 јануари 2009 (UTC)

Се вклучив сега само да пишам - тука сум јас, и ќе помагам за овие статии за сè што треба. Инаку, дознав дека 2009 е прогласена за година на астрономијата! Хехе, таман ни легнуваат астрономските статии :). За превод на имињата на астероидите - може транскрипција да се направи евентуално онаму каде што има име, ама каде што нема име, какви што се и голем број од ѕвездите, означени само со броеви и скратеници - нема што да измислуваме ние топла вода: треба така да ги оставиме. Јас со соѕвездијата малку подзапрев (тие 88 можам да ги довршам рачно, не е проблем), а ботот слободно пуштете го, ќе менуваме ако има отпосле за менување и дополнување. За црвените врски немај гајле - пишав статија за една, ги разгледав другите, може и да ги пополнам деновиве. --Виолетова (разговор) 13:57, 17 јануари 2009 (UTC)

Означените минорни планети (астероиди) се во форма XXX Name, каде XXX е некој цел број, според редоследот на именувањето, додека Name е доделено име, најчесто тоа се митолошки термини, името на нивниот откривач и слично и не секогаш се состои од букви од англиската abcd, туку има и unicode знаци. Т.е. најверојатно во познатите каталози (JPL) направена е транскрипција од некои други писма (en:10365 Kurokawa) на латиница. Пример ако некој астероид се именува како en:10241 Miličević зошто ние не би го транскрибирале како mk:10241 Миличевиќ. Јас мислам дека нема да биде проблем да се изврши транскрипција на овие имиња, ги има некаде околу 17.000 али би требало да оди многу брзо сето тоа. Така да може да го средам ботот покрај тоа што ќе креира статија во форма XXX Name, да креира и пренасоочувачка страница од типот XXX Транскрибирано име ---> XXX Name. На овој начин би можело транскрипцијата да се стави во статијата со аглести загради Транскрибирано име со што би се овозможила интерна вики врска до веќе постоечка статија или статија која во иднина би се креирала со име на статија на некое митолошко суштество и сл. --brest (разговор) 03:30, 25 јануари 2009 (UTC)
За статиите за броеви: предлагам да се погледне соодветниот шаблон на википедија на англиски јазик, кој содржи во себе подшаблони кои автоматски го претвораат бројот во бинарен, декаден, октален и хексадецимален броен систем, како и го испишуаваат со римски цифри. Така да нема потреба од бот за оваа работа. Мислам дека некаде после 200 се редат само стотките и некои други позначајни броеви кои на некој начин нешто симболизираат, а не се редат со ред, бидјеќи така за кратко време би стигнале до милијарда статии. Значи само да се средат/прекопираат соодветните подшаблони--brest (разговор) 03:30, 25 јануари 2009 (UTC)
И баш добро што се креираат статии никулци за црвените врски во шаблоните, бидејќи на тој начин овој проект навистина ќе биде издржан.--brest (разговор) 03:32, 25 јануари 2009 (UTC)
Видете сега вака. Јас сега се враќам во полна форма по техничките проблеми, па ќе средам многу околу класификацијата на статии кои треба да ги среди ботот. Ќе има една голема иницијатива, која ќе има за цел да се работи на подобрување на квалитетот на статиите. Јас знам и се залагам да порањсне бројот на статии. Во ракав ни се над 17.000, а ќе се обидам да најдам и многу повеќе. Но, мора да држиме и добар % на квалитетни статии. Моментно е околу 2%, а тоа е супер, но доколку имаме 40.000 статии, ќе ни бидат потрени уште околу 400 статии, кои би можеле да бидат избрани на главната страница. Поради тоа, јас мислам, кога ботот ќе биде готов, да средиме неколку квалитативни иницијативи, во стилот „Иницијатива за подобрување на квалитетот на статиите за државите во светот“ или „Иницијатива-избрана статија“ и сл. Се радувам што сме на вистинскиот пат. Само наопред.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:04, 17 јануари 2009 (UTC)

Инфокутијата за ѕвездите[уреди извор]

Да извршиш неколку преправки, затоа што јас не знам како и каде. Терминот: Variable type - е сработен: променлива ѕвезда; Епоха (астромија) го пренасочив како Епоха (астрономија) (фалеа букви, избриши ја грешната), исто и Ѕведена класификација избриши го, пренасочено е како што треба Ѕвездена класификација. Поздрав --Виолетова (разговор) 20:32, 18 јануари 2009 (UTC)

Ок гледам Гитар, веќе тоа го средил. --brest (разговор) 03:33, 25 јануари 2009 (UTC)

Нови потенцијални статии (минорни планети)[уреди извор]

Здраво. Случајно го најдов и ова. Нумерирани се 203.000 планети. Нема статии за сите нумерирани планети, но сепак има сигурно повеќе од 10.000. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:07, 21 јануари 2009 (UTC)

П.С.Некои се оклопуваат со категоријата за астероиди, но има и нови.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:08, 21 јануари 2009 (UTC)

Мислам дека тоа е истата работа, минорни планети/астероиди. Има откриено не 200.000 ами некаде околу 400.000 - 500.000 илјади а околу 18.000 се именувани, другите се со привремено име. Наш предмет на работа се овие 17 - 18.000 именувани минорни планети.--brest (разговор) 03:36, 25 јануари 2009 (UTC)

За преведување[уреди извор]

Ќе земам уште сега барем 200-300 да преведам, но кажи ми дали само имињата на астероидите или и годината на откривање, местото на откривање и откривачот?--Kiril Simeonovski (разговор) 01:09, 1 февруари 2009 (UTC)

Види упатство во 1-100 на разговор. (Имиња на астероидите, место на откривање и откривач, година не мора, бидејќи можам да го средам со бот)--brest (разговор) 01:11, 1 февруари 2009 (UTC)
Покрај година и дата не треба, нели?--Kiril Simeonovski (разговор) 01:15, 1 февруари 2009 (UTC)
Да, да, мислев комплетно на датумот, бидејќи со бот ќе го претворам во формат [[дд ммм]] [[гггг]], на македонски.--brest (разговор) 01:18, 1 февруари 2009 (UTC)

Молба за знаци [[ ]] , {{ }} и [[Категорија:]][уреди извор]

Дали ќе можеш следниве знаци [[ ]] , {{ }} и [[Категорија:]] да ги ставиш во тулбарот што е веднаш над просторот за уредување статии? Мислам за тулбарот што ги има командите за закосен текст, задебелен текст итн. Полесно е за работа така. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 13:39, 2 јануари 2009 (UTC)

Ќе видам Дали имаш некаде на некоја друга википедија забележано дека ги има овие својства имплеметирано и ако да на која? За да погледнам како тоа го направиле, да не измислувам топла вода.--brest (разговор) 14:29, 2 јануари 2009 (UTC)
На бугарската ги имаат ставено овие {{ }} загради и некои глупости соодветни за нивната википедија. Види и ако можеш вметни ги тие три работи за кои те замолив. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 14:32, 2 јануари 2009 (UTC)
Здраво дечки, извинете што ќе ви се вмешам во муабетот :) MacedonianBoy, копчето , кое веќе се наоѓа на тулбарот, автоматски ти ги дава [[]]. Доколку сакаш копчиња и за {{}} и [[Категорија:]], постои можност да ти се додадат само на тебе, а не на сите корисници. Мислам дека вака е најдобро. За да го сториш ова, следи го ова кратко упатство:
1. Отвори ја страницата Корисник:MacedonianBoy/monobook.js
2. Кликни на уреди/креирај и внеси го овој код:
addButton('http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/3/3b/Button_template_alt.png','Додај загради за шаблон','{{','}}',' ','mw-editbutton-bold');
addButton('http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/c/c6/Button_Kat.png','Додај категорија','[[Категорија:',']]',' ','mw-editbutton-bold');
3. Кликни на зачувај, потоа исчисти го кешот од твојот пребарувач (ако е Mozilla - ctrl+shift+R)
Толку! Поздрав и кажи дали работи. --Brainmachinewtf? 16:28, 2 јануари 2009 (UTC)

Проза и песни[уреди извор]

Сакам да те прашам дали да ги бришеме статиите што имаат прозни тврби или да ги оставаме? Има повеќе статии што содржат само по една песна од некој писател и незнам што да правам, дали да ги категоризирам или да им ставам шаблон за бришење? -- MacedonianBoy  Oui? 11:59, 3 јануари 2009 (UTC)

Треба да се префрлат во викиизвор, а од википедија да се избришат. --brest (разговор) 12:05, 3 јануари 2009 (UTC)

Еј за Инфокутијава - Infobox award[уреди извор]

Еј сакам да те замолам да видиш зошто не работи параметрот „website“ во шаблонот „Infobox award“. И ако веќе си одлучил вака да се вика шаблонот може ли да ја преместиш и документацијата што ја направив за „Инфокутија Награда“. Фала однапред и позз!

Greek monuments[уреди извор]

Hello. I want translate this: "Greek monuments outside Greece" to macedonian language. I am from Czech republic (also czech Wikipedian;)) and I write little work about this. Very thank for translate. --Orange.man (разговор) 13:29, 5 јануари 2009 (UTC)

Медија на денот[уреди извор]

Дефинитивно, со задоволство би се залагал за Медија на денот да оди на главната, така ќе влееме многу поголема доверба за содржајноста и кредибилитетот на нашето издание на Википедија. Само дај ми инструкции што понатаму да правиме. Патем, дололку имаш пристап до интерфејсот, би сакал она ужасно „креирај“ да се замени со „создади“. Срамота е :) Поздрав --Б. Јанкулоскиразговор 01:39, 16 јануари 2009 (UTC)

Одлично, тогаш ќе направиме нешто слично како Википедија:Портал/Идеи#Избрана слика на денот, сега што се однесува до техничката страна ќе оди многу полесно, бидејќи веќе патот е изоден со Слика на денот. Се надевам дека викизаедницата ќе го одобри овој проект. Јас мислам дека згодно би било веднаш до Избрана слика на денот да стои Избрана медија на денот, нема да зафаќа многу место а и така таму стои прилично голем бел простор. Доколку имаш време би те замолил да го направиш предлогот Википедија:Портал/Идеи#Избрана мултимедијална содржина на денот на Порталот/Идеи по урнек на веќе постоечкиот за Избрана слика на денот, а останатото јас ќе се потрудам да го уредам.
Што се однесува до креирај/создади, јас ова зборче го лоцирав на следниве места:
Кога се работи за превод на корисничкиот интерфејс на википедија јас во принцип работам на http://translatewiki.net а од таму после тоа на регуларен начин се пренесува на сите викимедија сестрински проекти. Така да тоа таму веќе е корегирано (го корегирав), а овде треба да почекаме некое време кога ќе се врши надградба на корисничкиот интерфејс. Ако тоа не се случи скоро тогаш може директно тука да се направат промените. Секој администратор ги има привилегиите да го направи тоа. Ако си заинтересиран за преведување на корисничкиот интерфејс и имаш доволно време те поканувам да се регистрираш на http://translatewiki.net и да дадеш свој придонес и таму. --brest (разговор) 03:24, 16 јануари 2009 (UTC)

За делот за мултимедијална содржина на главната страница[уреди извор]

Здраво. А, зошто избраната мултимедијална содржина да не биде под избраната слика? Мислам дека и така има доволно празен простор, кој може да се пополни под секцијата На денешен ден, а за Вести сѐ уште не сме одлучиле што ќе биде, но сепак и за тоа мислам дека ќе се снајдеме. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:24, 28 јануари 2009 (UTC)

Јас кога ја прелистувам главната страница на резолуција 1440х900 на wide screen монитор сосема добро ми го прикажува сето тоа. Е сега незнам како е тоа на пониска резолуција и на квадратен монитор? Секако на пониска резолуција подобро е да биде во втор ред, отколку десно од избрана слика. А најдобро би било вики да види на која резолуција е клиентот и да избере како ќе го направи прегледот. Во моментов не ми е познато дека тоа може да се изведе во вики. Поздрав.--brest (разговор) 18:34, 28 јануари 2009 (UTC)

Индијанци[уреди извор]

Hello, I am a user of Russian Wikipedia. I noticed your edits in the Портал:Индијанци. I develop a similar portal in Russian, ru:Портал:Индейцы. If you like, let's cooperate on this topic! Regards, --Dmitri Lytov (разговор) 08:55, 22 јануари 2009 (UTC)

Welcome, any idea, any eforts. --brest (разговор) 03:38, 25 јануари 2009 (UTC)

Брест-бот[уреди извор]

Јас му реков на Бојан да додели бот статус на Брест-бот па се надевам дека ќе почнеме да ги правиме тие статии за планети и ѕвезди. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 10:31, 22 јануари 2009 (UTC)

Алелуја --brest (разговор) 03:39, 25 јануари 2009 (UTC)

Нови статии за бот (Провинции во Италија)[уреди извор]

Здраво, brest. Во минатите неколку недели уредував статии за папите, па видов некои места (општини) во провинции во Италија кои се многу кратки на сите Википедиии, има посебни шаблони за овие статии, а на сите други јазични изданија бот ги има уредено. Јас веќе ги уредив статиите од овој пшаблон: {{Авелино (провинција)}}, но има уште многу вакви шаблони од по стотина статии, па мислам дека е добро да го ангажираме ботот по уредувањето на статии за астрономските објекти. Мислам дека овие статии добро ќе ни дојдат, а со иницијативите мислам дека ќе се зголеми ентузијазмот во проширување а постоечките статии и создавање голем број на нови квалитетни статии. Како што уредувањето на астрономските објекти ќе биде придружено со иницијативата 50 (избрани) статии, така уредувањето на овие статии може да биде придружувано со иницијатива за државите во светот, која ќе има за цел подобрување нља квалитетот на статиите за државите во светот, бидејќи навистина се многу кратки. А, и станува збор за географија, па мсилам дека без проблем ентузијазмот за остварување на целите на иницијатиовата ќе се зголеми. Така мислам дека на еден многу ефикасен начин ќе го зголемиме бројот на статии, но и бројот на квалитетни статии. Мене за уредување на статиите од еден шаблон ми требаат неколку часа, но зошто кога може тие статии да ги уиреди бот, а за тоа време ние да работиме за проширување на статиите или уредување новуи, квалитетни статии. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:40, 31 јануари 2009 (UTC)

За шаблоните нема да има проблем. Ако треба уште сега ќе ги преведам сите за да може полесно да му биде на ботот. Тука мислам дека е полесно, отколку со астрономските објекти, бидејќи статиите не се само дадени во категории, туку има готови шаблони кои само треба да ги преведеме. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:53, 31 јануари 2009 (UTC)

Иницијативи - Кирил[уреди извор]

Иницијатива 2009-година на астрономијата[уреди извор]

Иницијатива
         Здраво, Brest/Архива/2009/јануари/31!
Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 13:57, 23 јануари 2009 (UTC)

Мислам дека иницијативата е добредојдена, а и со помош на ботот навистина мислам дека многу ќе направиме за астрономијата во годината којашто и е посветена. Му доделивме бот-статуст, сега уште преостанува да започне да уредува статии. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:06, 24 јануари 2009 (UTC)
Алелуја. Со оглед на тоа што во моментов имам други обврски, како што можевте да забележите извесно време не сум активен на википедија. Но верувајте постојано размислувам како да ја унапредиме википедија и се надевам дека скоро ќе имам доволно време да се посветам на проектите кои тука ги имаме заеднички започнато. До тогаш ви посакувам успешна работа. Поздрав.--brest (разговор) 03:43, 25 јануари 2009 (UTC)

Иницијатива 500 (избрани) статии[уреди извор]

Иницијатива 500 (избрани) статии
         Здраво, Brest/Архива/2009/јануари/31!
Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашите придонеси во остварувањето на целите на претходните иницијативи. Сакам да Ве известам дека на Википедија на македонски јазик се покренува иницијативата за уредување на 500 (избрани) статии, која ќе има за цел проширување на постоечките и уредување на нови квалитетни статии, кои без поголеми промени може да бидат избрани на Главната страница. Може да придонесувате со уредување на квалитетни статии од сите области. Подобрените квалитетни статии или новите квалитетни статии додадете ги во порталот со 500 статии. Порталот служи и како увид за тоа како напредуваме во остварувањето на целта, а е и помагало за полесен избор на избрана содржина. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 00:38, 1 февруари 2009 (UTC)