Разговор со корисник:Brainmachine

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Содржина

[уреди] Благодарам за помошта

Ви благодарам за одговорот,не ги прочитав упатствата.Затоа сум ви благодарен за исправката.Поседувам голема колекција книги со која можам да си помагам при уредување.Сепак доколку имам потреба од помош ке ја побарам,исто така и јас можам да се понудам за помош.мило ми е што можеме на нашиот јазик и писмо да уредуваме,како наше неотуѓиво право.благодарам уште еднаш. Jovicaleksandar (разговор) 00:04, 5 април 2012 (CEST)јовицалександар

[уреди] Статии за мрежни места

Здраво, како си? Видов си ја кандидирал статијата Ин магазин за бришење поради нпознатост. Статијата ја избришав бидејќи имаше грешни информации, не зошто била непозната. Тука се појавува проблем. На нашава Википедија немаме правилник или некое начело за статии од ваков тип (мрежни места). Не знаеме кои да ги оставиме, а кои не (барем не сум видел јас такво нешто). Истово важи и за статии за живи лица. На ен Вики имаат такви правила. На пример, ќе треба да ги оставаме статиите од типот Ин магазин, бидејќи веќе имаме статија kajgana.com која е од сличен вид. Поздрав--Никола Стоіаноски 16:36, 21 април 2012 (CEST)

Да, ама каде ќе ја повлечеме границата? Моментално единствено знам дека не може сите сајтови ќе бидат доволно значајни за да имаат сопствена статија. Мора да напишеме јасни правила што ја претставува значајноста и како таа да се докаже, особено за живи лица (се сеќаваш ли на дискусијата за Дејан Велкоски?). Ајде, и тоа е за сработување во блиска иднина. --Brainmachine (разговор) 22:19, 22 април 2012 (CEST)

[уреди] Македонски интерпункција

Здраво ! Ви благодариме за информации. Јас направив истата грешка и за други артикли : Can't Get You Out of My Head, In Your Eyes, Love at First Sight, Come into My World, Slow, All the Lovers. Јас ќе ја поправи. -- Hypuxylun (разговор) 16:44, 30 април 2012 (CEST)

[уреди] Наводници

Здраво Зоки. Со наводници се пишуваат: наслови на сите творби - пишани дела (белетристички или стручни, списанија, весници) цели музички дела (албуми и сл.) и нивни делови (на пр. нумери, композиции); имиња на организации, установи, фирми доколку не се чисто описни (на пр. Еколошко друштво „Спас за животните“, ОУ „Гоце Делчев“, Вселенски центар „Кенеди“ наспроти Завод за статистика, Лабораторија за млазен погон, кои немаат наводници), имиња на музички групи и состави. Игрите, како творби, би требало да имаат наводници, но бидејќи најчесто се на латиница, повообичаено да се само закосени. Се надевам дека со ова ги покрив сите случаи. Потпрашај ме ако испуштив нешто. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:12, 30 април 2012 (CEST)

[уреди] Дрогба

Ете друже го ставив во статија остана само уште викифицирањето ќе го сторам тоа кога ќе имам време, ако можеш ти среди го тоа.(Carshalton (разговор) 19:22, 1 мај 2012 (CEST))

[уреди] Корица

Благодарам за помошта...--Јоханес Климакус (разговор) 20:14, 4 мај 2012 (CEST)

[уреди] Неделно Вики-чистење

Здраво Зоки. Мислам дека помина доволно време откако се договаравме да започнеме со неделното средување на статии, па мислам дека би било добро да воведеме една мала новина и наскоро да започнеме. Според мене, најдобро би било секој да може да средува статии кога ќе посака, а во временскиот период кога ќе биде организирано неделното чистење, трудот да се вреднува двојно. Кажи ми што мислиш и дали си заинтересиран на крајот од оваа седмица да започнеме? Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:30, 15 мај 2012 (CEST)

Ајде, заинтересиран сум да почнеме! --Brainmachine (разговор) 00:01, 17 мај 2012 (CEST)

[уреди] Посредување во спор

Здраво. Ќе замолам доколку е можно посредување во спорот на оваа страница за разговор, во којшто погрешно бев обвинет дека: сум одобрил измена којашто ја има одобрено друг корисник; сум примил порака на Facebook, која што излезе дека била испратена на погрешен профил; и дека мој налогодавач е господинот Љубомир Цуцуловски, што на неколку наврати беше споменато без никакви докази. Освен тоа, на корисникот му ги посочив основните правила на Википедија кои беа прекршени и кои е неопходно да се почитуваат, а за возврат добив дополнителни обвинувања, се разбира, без никакви докази. Сметам дека посредувањето ќе биде од помош и спорот наскоро ќе биде разрешен. Благодарам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 02:44, 28 мај 2012 (CEST)

[уреди] Предлог за систематско решавање на спорот

Здраво. Сакам да Ве известам дека поднесов предлог за систематско решавање на спорот во врска со статијата Љубомир Цуцуловски. Вашето мислење е од големо значење. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:41, 28 мај 2012 (CEST)

Не сакам да барам дополнителна помош, но во претходниот коментар побарав и дисциплинска мерка за однесувањето на корисникот. Некоклку пати бев обвинет за работи кои не сум ги направил и за тоа дека добивам налог од господинот Љубомир Цуцуловски, се разбира, без никаков доказ. Поради неучтивост и неосновани обвинувања, барам корисникот да биде казнет со соодветни казнени мерки. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:01, 29 мај 2012 (CEST)
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник