Здраво! Јас сум
Brainmachine (вистинското име ми е
Зоран) и сум
корисник на
Википедија на македонски јазик од март 2008. На
овој проект го создаваме „збирот на човековото знаење“ (зборовите на Џими Вејлс, основачот на Википедија), знаење кое ќе биде бесплатно и лесно достапно до секого. Горд сум што сум дел од заедница која овозможува
слободно знаење, а посебно сум горд што тоа го правиме на мојот
мајчин јазик и
писмо. Од август 2008 сум
администратор на овој проект. Тоа значи дека слободно можете да ме контактирате за извршување на било каква техничка работа — преместување, заштитување и бришење на страници, пријавување на неправилности и неучтиво однесување на други корисници, барања за оценка или рецензии на статии или медијаторство во разрешување на проблеми, прашања во врска со пишувањето на статии и нивниот енциклопедиски стил и за многу други работи. Покрај барања и прашања, отворен сум и за совети, прекори и пофалби. :) Сето ова можете да го направите на
мојата страница за разговор. Често сум присутен овде, што значи дека ќе сторам с
ѐ во моја моќ да ви одговорам што е можно побргу. Исто така достапен сум и по
е-пошта (во случај да не сте регистирани: zoki_mailmk

yahoo.com).
Роден сум и живеам во
Штип,
Република Македонија, а по татко водам потекло од
Малешевскиот регион. Моментално имам 20 години, престојувам во
Скопје и сум студент по
медицина.
На други проекти
Корисничкото име Brainmachine ми важи за сите проекти на Викимедија: Заедничката ризница, Мета, Иницијативата за употребливост, сите јазична изданија на Википедија (видете лево за врски), како и на сродните проеки Викиизвор и Викиречник кои се на македонски јазик. Ова корисничко име го имам и на translatewiki и freedomdefined кои не се на Викимедија.
Потстраници