Разговор со корисник:MacedonianBoy

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Знаме на Монголиiа
Знаме на Македониiа


Свети Кириле, денес во твоіот и наш Солун е камен на камен од твоето дело. Денес во твоіот роден град сѐ е пепел и прав и нема слобода ни за книга, ни за буква ни за слово од іазикот твоі и наш. Во краіот во коі сите тогаш говореа како тебе и како ние денес, во ова наше време, забрането е не само говорен’ето и молен’ето на тоі іазик, туку и на постоен’ето. Денес, за жал, таму однесуван’ето е полошо од она на триіазичниците во тоа време. Светителе, денес се е урнато од она што би потсетило и на тебе и на нас, и во Солун и во Кукуш, и во Лерин и во Костур Таму не само живите, туку и покоіните немаат мир.
Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан



[уреди] ДСЗ факт

ДСЗ Еден факт од статијата Каролински Остров, која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 14 март 2012. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 18:31, 18 март 2012 (CET)

[уреди] Азиски јазици

„Бурма“ стои и во англискиот оригинал, а и на други места во статии, што значи дека го подразбира географското подрачје наспроти државата. Ќе ги погледам шаблоните. Мене не ми се видоа особено мали, мислев дека така и треба. Но ајде да проверам, па да ги зголемам ако се слабо читливи. Поздрав Б. Јанкулоски (разговор) 10:34, 1 април 2012 (CEST)

[уреди] ВикиПроект Одржување (ВП:ОД)

Wikipe-tan mopping.png

(ова е известување за сите администратори и поактивни корисници)

Здраво! Јас ја собрав работата која што треба рутински да се врши за одржување на Википедија и ја поделив во 1)секојдневни, 2)неделни и 3)долгорочни задачи. На ВП:ОД има детален алгоритам којшто секој може да го следи ако сака да се приклучи во работата. Целта ми беше да воведам систематски начин на одржување кој ќе ни помогне правилно да ја фокусираме работата. Овде има врски до страници кои помагаат во одржувањето, плус некои корисни шаблони.

Исто така, за поискусните корисници, го создадов овој многу корисен шаблон: {{Вики-Одржување}} кој ги има собрано сите задачи, врски и шаблони на кратко. Тој шаблон можеш да го ставиш на твојата корисничка страница или некаде во корисничкиот простор за редовно да имаш пристап до овие задачи (види ја документацијата на шаблонот за параметрите).

Поздрав, и се надевам дека ова ќе ни користи и дека ќе ја олесни работата. --Brainmachine (разговор) 16:12, 1 април 2012 (CEST)

Здраво Никола... Статијата Ли Куан Ју можно е да има повеќе печатни грешки, а треба да ја провереам и транскрипција на кинеските имиња... поздрав--Јоханес Климакус (разговор) 15:06, 13 април 2012 (CEST)

[уреди] Морфологија

Здраво Никола. Видов дека си ја преместил „Морфологија (лингвистика)“ во „Морфологија“. Мислам дека ова не е правилен избор, бидејќи објаснувањето „најчесто морфологија се мисли на јазичната дисциплина“ е релативно и е гледна точка на лингвистот. Освен тоа, наведувам и барем две други причини кои потврдуваат дека овој потег не е сосема коректен:

  • Со пребарување на Google се добиваат далеку повеќе резултати кои го содржат поимот „морфологија“ во биолошка смисла отколку во лингвистичка и
  • Поимот „морфологија“ во биологијата е воведен порано (независно од Гете во 1790 и Бурдах во 1800) од што е во лонгвистиката (Шлајхер, 1859).

Затоа, предлагам името на статијата да се врати во првобитната форма. Поздрав. -- Бојан имаш за кажување? 22:11, 13 април 2012 (CEST)

Здраво. Прво не е важно кој кога го смислил поимот и второ и ти збориш од биолошка гледна точка. И како трето, не ми е важно името, содржината ми е важна. Поздрав--Никола Стоіаноски 22:58, 13 април 2012 (CEST)
ПС: Како увиде дека морфолигија на Гугл повеќе дава за биолошкиот поим? Првите топ резултати се за лингвистика линк.--Никола Стоіаноски 23:00, 13 април 2012 (CEST)

Бидејќи јас во текот на моето целокупно образование сум се среќавал со морфологијата како дел од биологија, секако дека ќе зборувам од таа гледна точка :) Истото горе-долу, претпоставувам, важи и за тебе (од гледна точка на лингвистика). Токму затоа сметам дека додавката во заграда (лингвистика) или (биологија) ја отстранува пристрасноста.

Што се однесува до твојот аргумент дека содржината е важна - имено, верувам дека лингвистичката морфологија е покомпактна научна гранка отколку што е морфологијата во биологијата (каде има морфологија на растенија, на животни, на габи итн., за кои може да се напишат посебни статии), па така, содржината на овие две статии по квантитет не може да се споредува (научниот квалитет не го споредувам од разбирливи причини, а оној стилско-правописен квалитет е индивидуален).

Ги наведов пребарувањата на Google: Морфологија лингвистика и Морфологија биологија. Поздрав. -- Бојан имаш за кажување? 23:32, 13 април 2012 (CEST)

Само сакам да ми ја дообјасниш оваа дел-реченица: „содржината на овие две статии по квантитет не може да се споредува (научниот квалитет не го споредувам од разбирливи причини, а оној стилско-правописен квалитет е индивидуален).“ Патем, не можеш да одредиш на Google според тоа како што си барал бидејќи ти дава резултати и само за биологија (без морфологија пред него).--Никола Стоіаноски 23:34, 13 април 2012 (CEST)

Да се разбереме - ти за мене си еден од најдобрите придонесувачи на Википедијава и тој дел или реченица не се однесува конкретно на морфологија (лингвистика) или било кој твој придонес овде. Зборував воопштено.

P.S. Знам дека овие мои забелешки комотно можат да се сфатат како тролање, ама морав :) Ти благодарам на разбирањето, имај пријатна ноќ. -- Бојан имаш за кажување? 23:40, 13 април 2012 (CEST)

Не ја разбирам дел-реченицата (clause на англиски, така се вика бидејќи е дел :) ) Ако мислиш со реченицата дека морфологијата е индивидуална и дека се однесува за стилско-правописното, мислам дека си ја згрешил науката :) Ако сум сфатил погрешно, извини. Не мислев за придонеси од корисници, далеку да е. Пријатна ноќ. --Никола Стоіаноски 23:44, 13 април 2012 (CEST)

[уреди] Сецвана

Истата логика за важи за сите јазици, па може да се забележи дека никој не го нарекува јазикот така. Очигледно дека е повообичаено да се нарекува јазикот во непридавен облик, а евентуално, ако инсистираме, би требало да биде цвански. Точно е тоа за Боцвана, но тоа се одамна утврдено име на земја и нема некаква логичка врска со понатамошните поими што би ги изведувале (како што, впрочем, можеш да видиш кај другите јазици). Придавката исклучиво мора да доаѓа од основниот поим. Името на земјата е специјален случај.

[уреди] СТЕРЕОТИПОВИ

Стереотипови се най-добро знаме група од ВЕЛЕС! Защо уредуванье од артикъл? FokkerTISM (разговор) 13:05, 18 април 2012 (CEST)

Не те разбирам што сакаш да кажеш. Пиши на англиски јазик, мислам дека ти е мајчин јазик. --Никола Стоіаноски 13:11, 18 април 2012 (CEST)
Сори. „Стереотипови се најдобро знаме група од ВЕЛЕС! Зошто уредување од артикл? FokkerTISM (разговор) 07:58, 19 април 2012 (CEST) (оваа бил македонски во бугарски ортографија)
OK, let me translate this sentence literary in English and see if it makes any sense: Sorry. Stereotipovi are the best flag group from Veles! Why editing of the article? No matter you use Bulgarian or Macedonian alphabet, the sentence does not make any sense? You want to edit the article or something else?--Никола Стоіаноски 10:44, 19 април 2012 (CEST)
I'm trying to ask why you deleted the artilcle on STEREOTIPOVI, a well known progressive rock band from VELES. FokkerTISM (разговор) 11:08, 19 април 2012 (CEST)
The reasons was "the band is not known well enough in order to have an article". If I am wrong, provide reliable references and the article probably will be published. Best--Никола Стоіаноски 13:46, 19 април 2012 (CEST)

[уреди] Избрана статија

Здраво Никола. Забележувам дека веќе три седмици по ред избрана статија на главнта страница е статијата Будимпешта. Немам ништо против статијата, но мислам дека е потребна поголема разновидност на главната страница. Веќе кога нема кандидати за избрани статии, нека се ставаат избрани статии од порано. Јас колку толку ја крпев оваа работа, но ете, не бев активен дваесетина дена и гледам дека работата е оставена. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:13, 19 април 2012 (CEST)

Знам и тоа е голема штета. Јас го прашам Далчо за една статија која тој ја правеше да ја кандидирам ама не била готова. Ќе побарам и други статии, нови, кои не биле објавени на главната. Позз--Никола Стоіаноски 13:47, 19 април 2012 (CEST)

Може ли статијата Франциско Франко, поздрав --Јоханес Климакус (разговор) 14:52, 19 април 2012 (CEST)

Може. поздрав--Никола Стоіаноски 14:53, 19 април 2012 (CEST)

[уреди] Коментар

пример

Абе баталиго... Неговото тролување е само дел од кампањата за бугаризирање на Јане Сандански, за да се оневоможи ОМО Илинден - Пирин да го чествува Јане во Роженскиот манастир... поздрав --Јоханес Климакус (разговор) 16:33, 21 април 2012 (CEST)

[уреди] Медал за заслуги

Writers Barnstar Hires.png Награда за обемни придонеси
За одличната работа поврзана со Боливија. brest (разговор) 14:47, 23 април 2012 (CEST)
Thanks, ама не е уште завршена. Ќе биде и пообемна. Поз--Никола Стоіаноски 14:56, 23 април 2012 (CEST)

[уреди] Поим

Би те замолил редовно и доследно да се користи поимот „навод“ наместо референца, како што е употребен тука. Не би можеле да бараме од корисниците доколку ние не им дадеме пример. Психолошки, тие мора да добијат претстава дека тоа е иусправно и неизбежно. Во спротивно, со такв пристап, јазикот ќе ни отиде курбан. Знаеш и самиот. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 04:42, 28 април 2012 (CEST)

Може да ми излетал, не велам не. Но се користам наводи секаде каде треба. Се прават грешки. Поз--Никола Стоіаноски 20:18, 28 април 2012 (CEST)

[уреди] Избрани статии

Здраво Никола. Гледам дека си одредил која избрана статија во која седмица ќе биде објавена, но сакам да те известам дека статијата за Старата скопска чаршија не е сè уште готова. Статијата беше назначена за добра статија, бидејќи квалитативно ги задоволуваше сите критериуми, но сепак, темата целосно не беше опфатена и заради тоа беа потребни дополнувања. Кога видов дека е предожена за избрана, не сакав со тешко срце да гласам „против“, а веќе беше доцна за започнување на овој разговор, откако имаше 6 гласови „за“, па само се одлучив да оставам и да гласам непосредно пред истекот на гласањето. Ќе се потрудам колку е можно повеќе, но не ветувам дека статијата ќе биде готова до 7 мај, а ова уште повеќе зависи и од тоа што Arwena треба да ни помогне со материјали. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:14, 30 април 2012 (CEST)

Добро, нема проблем. Наместо Скопска чаршија ќе ја ставиме Боцвана или Германија ако се изгласаат до тогаш. Поз--Никола Стоіаноски 11:01, 30 април 2012 (CEST)

[уреди] Боливија

Cscr-featured.svg Статијата Боливија, која Вие ја проширивте и предложивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да напишете некоја друга статија, а доколку знаете веќе некоја постоечка која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Одлично.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:42, 3 мај 2012 (CEST)

[уреди] Срна

Знам јас дека на македонски би бил Дарио, ама Даријо Срна е хрват, па мислам дека би требало да се земе во предвид потеклото на играчот. Штом е на хрватски Даријо би требало секаде на светот да биде Даријо. Како ти што се викаш Никола, ќе се викаш така и во Русија, нема таму да бидеш Николај. (Carshalton (разговор) 14:33, 3 мај 2012 (CEST))

[уреди] Лиценца

Posthuman future.jpg

Задраво Никола... Како да лиценцирам корица на книга... поздрав--Јоханес Климакус (разговор) 17:42, 3 мај 2012 (CEST)

Ставај го овој шаблон {{Корица на книга}}. Шаблонот/ лиценцата може да се одбере и при подогнување на сликата, од менито на лиценци. Поз--Никола Стоіаноски 19:09, 3 мај 2012 (CEST)

[уреди] Најпаметен

Добро штом јас незнам да пишувам, еве пишувај си ти сам, гледам дека знаеш се и не ти треба помош. Среќно поз (Carshalton (разговор) 20:21, 3 мај 2012 (CEST))

Олабавете малку и двајцата. Не е ова ни прв ни последен пат да се случи вакво нешто на Википедија. Ако немавме трпение досега за вакви работи, немаше воопшто да се изгради заедница која ќе уредува на Википедија на македонски јазик. Топло ви препорачувам да си продолжите и двајцата со уредување ан она што ве интересира, а стилските правила од овој вид сами ќе си излезат на виделина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:35, 4 мај 2012 (CEST)

[уреди] „Лингвист“ или „јазичар“

Здраво Никола. Во една статија којашто скоро ја имаш уредувано, за бележав дека е употребен поимот „лингвист“. Се заинтересирав дали е добро да се употребува „лингвист“ и „лингвистика“ или истите да се заменат со „јазичар“ и „наука за јазикот“. Знам дека звучи малку чудно, но во последно време, најверојатно, за да се сочува македонскиот јазик, зголемена е употребата на македонските поими. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:07, 12 мај 2012 (CEST)

Дефинитивно јазичар. Може да ми се пропуштило или да не сум го пишал јас зборот. Што се однесува за науката, стандарден збор кај нас е лингвистика и немаме еквивалент. Наука за јазикот е описна форма на зборот. Хрватите, Бугарите и останатите народи имаат свој збор, но кај нас таков збор не постои. Поради тоа се користи лингвистика. --Никола Стоіаноски 12:09, 12 мај 2012 (CEST)
Благодарам. Тоа и ми беше главното двоумење, бидејќи „лингвист“ ми звучи како нафрлен странски збор. За „лингвистика“ не е проблем, доколку „наука за јазикот“ не претставува еквивалент или има друг опфат. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:12, 12 мај 2012 (CEST)
Се користи и лингвист, но тоа е странски збор. Македонскиот развил еквивалент на „лингвист“, но за лингвистика таков збор нема заживеано.--Никола Стоіаноски 12:16, 12 мај 2012 (CEST)

[уреди] ru:Калиопи

Hi, I want you to clarify a bit... So, she's Aromanian maternal or paternal? This information is important for us; and the phrase suggested by you sounds not so good in Russian. Surely you know... Thank you very much. (by the way, I like Kaliopi's performance in semi-final :) )--U.Steele (разговор) 05:37, 25 мај 2012 (CEST)

[уреди] Посредување во спор

Здраво. Ќе замолам доколку е можно посредување во спорот на оваа страница за разговор, во којшто погрешно бев обвинет дека: сум одобрил измена којашто ја има одобрено друг корисник; сум примил порака на Facebook, која што излезе дека била испратена на погрешен профил; и дека мој налогодавач е господинот Љубомир Цуцуловски, што на неколку наврати беше споменато без никакви докази. Освен тоа, на корисникот му ги посочив основните правила на Википедија кои беа прекршени и кои е неопходно да се почитуваат, а за возврат добив дополнителни обвинувања, се разбира, без никакви докази. Сметам дека посредувањето ќе биде од помош и спорот наскоро ќе биде разрешен. Благодарам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 02:46, 28 мај 2012 (CEST)

[уреди] Предлог за систематско решавање на спорот

Здраво. Сакам да Ве известам дека поднесов предлог за систематско решавање на спорот во врска со статијата Љубомир Цуцуловски. Вашето мислење е од големо значење. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:41, 28 мај 2012 (CEST)

Не сакам да барам дополнителна помош, но во претходниот коментар побарав и дисциплинска мерка за однесувањето на корисникот. Некоклку пати бев обвинет за работи кои не сум ги направил и за тоа дека добивам налог од господинот Љубомир Цуцуловски, се разбира, без никаков доказ. Поради неучтивост и неосновани обвинувања, барам корисникот да биде казнет со соодветни казнени мерки. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:02, 29 мај 2012 (CEST)

[уреди] Помош околу шаблони и функции

Здраво Никола. Имам проблеми со некои шаблони и функции, па мислам дека ти се имаш занимавано повеќе со нив и можеш да ми помогнеш. Во примерокот за уредување го користам шаблонот {{{број}}}, кој функционира на сите места и во сите надворешни врски, освен во врските кои се дел од наводи. Проблемот морав рачно да го исправам во статиите NGC 2 и NGC 3, бидејќи не знам зошто се појавува и како истиот да се реши. Исто така, постои и проблем со функцијата „if“, но тој мислам дека отпосле може да се решие соодвеетно. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:07, 4 јуни 2012 (CEST)

ОК, да завршам со еден јазик па ќе видам дали можам да го средам. Позз--Никола Стоіаноски 12:09, 4 јуни 2012 (CEST)

Види ако можеш среди го и делот со „Алтернативни оознаки“ во инфокутијата, кој доколку нема содржина да не се појавува во статиите (пр. NGC 4). Ова се само ситни работи кои е подобро да се средат уште на почетокот, бидејќи рачното исрпавање по илјадници статии е премногу напорно.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:36, 4 јуни 2012 (CEST)

Промената на бројот може да се изврши со ботот, така што и тој проблем во голема мера е решен. Следна работа е да се направат последните подготовки и да се започне со уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:06, 4 јуни 2012 (CEST)

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник