Планинска тресиопашка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Планинска тресиопашка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Тресиопашки
Род: Motacilla
Вид: Планинска тресиопашка
Биномен назив
Motacilla cinerea
Tunstall, 1771
Синоними

Motacilla melanope
Calobates melanope

Планинската тресиопашка (науч. Motacilla cinerea) е мала птица од фамилијата на тресиопашките (Motacillidae). Видот е сличен на жолтата тресиопашка, но жолтото на долните делови е ограничено само на грлото и задникот. Во сезоната на размножување, мажјаците имаат црно грло. Видот е широко распространет, со неколку популации низ Европа и Азија кои мигрираат во тропските предели на Азија и Африка. Вообичаено можат да се видат на отворените мочурливи места, каде одат сами или во пар по земјата и ловат инсекти. Како и другите птици од оваа фамилија и овој вид ја тресе својата опашка, лета ниско со брзи свртувања и има остар повик, најчесто во лет.

Таксономија и систематизација[уреди]

Планинската тресиопашка за првпат била опишана од Мармадук Танстел во неговата „Орнитологија британика“ од 1771 година. [2]

Односите на овој вид не се доволно расветлени; припаѓа на неафриканскиот клад тресиопашки кои се малку конфузни во надворешната морфологија и мтДНК. Овој вид најверојатно е најблизок до цитронската тресиопашка и подвидот со сина глава од жолтата тресиопашка, но точната поврзаност е нејасна.[3]

Опис[уреди]

Мажјак M. c. melanope

Оваа вита тресиопашка има права бела линија над окото и скршен престен околу очите. Горните делови ѝ се сиви и во контраст со жолтото кај задникот и белите долни делови. Мажјакот во сезоната на парење има црно грло кое е обрабено со бели линии како мустаќи. Тие пасат крај бреговите на мочуриштата сами или во пар. Ги користат и камењата и гранките од дрвјата за перчење. Имаат јасен остар повик, а пеењето им е содржано од црцорења.[4]

Распространетост и живеалиште[уреди]

Птицата е широко распространета низ палеарктичкиот регион и има неколку добро забележани популации. Номинираната форма (вклучувајќи ја и caspica од Иран, Турција и Кавказ) е од западна Европа, со Британија, Скандинавија и Медитеранот. Расата melanope, која не е целосно издвоена како подвид е опишана како популација која се размножува низ источна Европа и централна Азија, претежно од Урал, Тјан Шан и Хималаите.[5] Зимуваат во Африка и Азија. Расата robusta се размножува во североисточните делови на Азија и Сибир, проширувајќи се до Кореја и Јапонија. Овие зимуваат во југоисточна Азија. Островските форми ги вклучуваат: patriciae на Азурен Брег, schmitzi на Мадеира и canariensis на Канарски Острови.

Понекогаш се среќаваат на островите кај западна Алјаска и заскитуваат до Калифорнија на југ.[6]

Однесување[уреди]

Планинска тресиопашка во Белгија

Сезоната на размножување им трае од април до јули, а гнездата ги сместуваат во близина на брзи потоци или реки, на насипи од камења или меѓу корења.[4] При додворувањето, мажјакот прави кратки летови нагоре и полека, размавтано се спушта надолу испуштајќи серија чипови високи ноти. [7] Во Европа, гнездта често се направени во дупки од човечки структури. Леглото содржи 3-6 испрскани јајца, и може да имаат повеќе легла, но секое наредно има помалку јајца.[8] Вообичаената големина на леглото во Ирска е 5 јајца со успешност од 80%.[9] На Канарските Острови леглата се помали, а сезоната на парење не е толку кратка и точно определена.[10] Инкубацијата трае околу две недели и уште толку за оперјување на пилињата. Живеат најмногу 8 години во дивина.[11][12]

Овие птици се хранат со различни водени без’рбетници, вклучувајќи муви, водни цветови, бубачки, ракови и школки.[13] Тие често „пасат“ долж патишата зимно време, одлетувајќи со остар повик чи-чип, но по извесно растојание повторно се враќаат на истото место на хранење.[7]

Зимно време се собираат во мали јата.[14] Тие се враќаат на истите места секоја зима, понекогаш во градските градини.[7][15]


Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Motacilla cinerea. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106008412. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. Tunstall, Marmaduke (1771) (на Latin). „Ornithologia Britannica: seu Avium omnium Britannicarum tam terrestrium, quam aquaticarum catalogus, sermone Latino, Anglico et Gallico redditus.“. London, J. Dixwell. 
  3. Voelker, Gary (2002). „Systematics and historical biogeography of wagtails: Dispersal versus vicariance revisited“. „Condor“ 104 (4): 725–739. doi:10.1650/0010-5422(2002)104[0725:SAHBOW]2.0.CO;2. 
  4. 4,0 4,1 Rasmussen PC and Anderton, JC (2005). „Birds of South Asia: The Ripley Guide. Volume 2“. Smithsonian Institution & Lynx Edicions. стр. 317. 
  5. Hume, AO (1890). „The nests and eggs of Indian Birds. Volume 2.“. R H Porter, London. стр. 207. http://www.archive.org/stream/nestseggsofindia02hume#page/206/mode/2up. 
  6. „Checklist of Alaska birds. 15th Edition“. University of Alaska, Fairbanks. 2009. http://www.uaf.edu/museum/bird/products/checklist.pdf. конс. октомври 2009. 
  7. 7,0 7,1 7,2 Ali, S and Ripley, S D (1998). „Handbook of the birds of India and Pakistan. Volume 9“ (2 издание). стр. 290–292. 
  8. Klemp S. (2000). „Effects of parental effort on second brood, moult and survival in the Grey Wagtail Motacilla cinerea“. „Ardea“ 88 (1): 91–98. ftp://80.57.161.240/artikelen/G/Grote%20Gele%20Kwikstaart1.pdf. 
  9. Smiddy, P. and O'Halloran, J. (1998). „Breeding biology of the Grey Wagtail Motacilla cinerea in southwest Ireland“. „Bird Study“ 45 (3): 331–336. doi:10.1080/00063659809461104. 
  10. Rodríguez B., Rodríguez A. (2007). „Breeding biology of Grey Wagtail Motacilla cinerea canariensis on Tenerife, Canary Islands“. „Acta Ornithol.“ 42 (2): 195–199. doi:10.3161/068.042.0203. http://www.ebd.csic.es/Airam/pdf/Rodriguez_&_Rodriguez_2007_Acta_Ornithol.pdf. 
  11. Robinson, R.A. (2005). „BirdFacts: profiles of birds occurring in Britain & Ireland“. BTO Research. http://blx1.bto.org/birdfacts/results/bob10190.htm. конс. 28 октомври 2009. 
  12. Jørgensen OH (1976). „Migration and Aspects of Population Dynamics in the Grey Wagtail Motacilla cinerea“. „Ornis Scandinavica“ 7 (1): 13–20. doi:10.2307/3676170. 
  13. Santamarina, Jesus (1989). „The Grey Wagtall (Motacilla cinerea) diet in the Ulla river basin, Galicia. NW Spain“ (на Spanish). „Ardeola“ 37 (1): 97–101. http://www.ardeola.org/files/Ardeola_37%281%29_97-101.pdf. 
  14. Neelakantan, KK (1964). „Roosting of the Grey Wagtail [Motacilla caspica (Gmelin)] in the Thekkady Wild Life Sanctuary“. „J. Bombay Nat. Hist. Soc.“ 61 (3): 691–692. 
  15. Nickell, Walter P (1968). „Return of Northern Migrants to Tropical Winter Quarters and Banded Birds Recovered in the United States“. „Bird-Banding“ 39 (2): 107–116. doi:10.2307/4511469. 

Надворешни врски[уреди]