Жолта тресиопашка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жолта тресиопашка
Возрасен мажјак со сина глава (M. f. flava)
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Тресиопашки
Род: Motacilla
Вид: Жолта тресиопашка
Биномен назив
Motacilla flava
Linnaeus, 1758
Подвидови

Околу 15-20, но види во текстот

Синоними

Motacilla tschutschensis (но види во текстот)

Жолтата тресиопашка (говедарка), (науч. Motacilla flava) е мала врапчевидна птица од фамилијата на тресиопашките Motacillidae.

Овој вид го има низ цела умерена Европа и Азија, вклучувајќи ја и Македонија. Постојан жител е во потоплите краишта, како во западна Европа, но посеверните и поисточните популации се птици преселници кои зимуваат во Африка и јужна Азија.

Таа е тенка, вита птица, која е долга 15-16 см, со карактеристична долга опашка што постојано се тресе. Овој вид има најмала опашка од европските тресиопашки. Возрасниот мажјак во сезоната на парење е маслинастозелен одозгора и жолт одоздола. Во останатото перје жолтото може да биде заменето со бело. Главата на мажјакот има разни варијанти на обоеност и декорација, зависно од подвидот.

Повикот е карактеристично, високо чиит.[2]

Ова е инсектојадна птица која живее во отворени предели, близу вода, како на пример, влажни ливади. Гнезди во грмушки и несе 4-8 дамчести јајца.

Систематизација[уреди]

Систематизацијата и филогенијата на овој вид е многу конфузна. Буквално десетици подвидови се опишани со текот на времето, но моментално се распознаваат 15-20.

Обоеноста се однесува на мажјаците, освен ако не е поинаку нагласено.

Возрасен мажјак M. f. flavissima
Возрасен, веројатно женка M. f. thunbergi или plexa
Возрасен мажјак M. f. beema
Возрасна женка M. f. melanogrisea
Младенче M. f. flava
  • M. f. flava Linnaeus, 1758
Синосива глава со бела линија над окото и на образот кај мажјаците, а женките се бледо кафеавозелени.
Распространетост: јужна Скандинавија до Франција и централноевропските планини до Урал. Зимува во субсахарна Африка.
  • M. f. flavissima Blyth, 1834
Жолтозелена глава со посветла жолта линија над окото. Женките се значително посветли одоздола од мажјаците.
Распространетост: Велика Британија. Зимува: Африка.
  • M. f. thunbergi Billberg, 1828
Темно сива глава што достига до образите, без бело кај мажјаците; посветло зеленкаво кај женките со светла линија над очите.
Распространетост: Централна и северна Скандинавија до северозападен Сибир. Зимува во источна Африка, Индија и југоисточна Азија.
  • M. f. iberiae Hartert, 1921
Сличен на flava, но грлото е бело и темно сиво, речиси црно зад очите.
Распространетост: југоисточна Франција, Пиринејски Полуостров, до Тунис. Зимува: Гамбија до Централноафриканска Република.
  • M. f. cinereocapilla Savi, 1831
Како iberiae но без линија над окото или незабележлива.
Распространетост: сицилија, Сардинија, Италија, Словенија. Зимува: на брегот од Тунис и Алжир, Мали до езерото Чад.
  • M. f. pygmaea (A. E. Brehm, 1854)
Слично на cinereocapilla, помало, со помалку светли делови.
Делтата на Нил и долен Нил, постојан жител.
  • M. f. feldegg Michahelles, 1830
Како thunbergi но со црна капа кај мажјаците, бело грло и многу светло жолти одоздола, а женките се како посветла варијанта на thunbergi.
Распространетост: источен Балкански Полуостров до Касписко Море, јужно до Турција, Иран и Авганистан; зимува: централна Африка, од Нигерија до Уганда и во јужен Судан.
  • M. f. lutea (S. G. Gmelin, 1774)
Жолта глава со зелен врат кај мажјаците, а женките како поживи flava женки.
Распространетост: долна Волга до реката Иртиш и Зајсанско Езеро. Зимува: Африка и Индија.
  • M. f. beema (Sykes, 1832)
Како flava но главата е посветло зелена, ушите белкави, а половите се слични.
Распространетост: северно од опсегот на lutea. Зимува: Индија, источна Африка и Арабија.
  • M. f. melanogrisea (Homeyer, 1878)
слична на feldegg, понекогаш со зелен врат.
Распространетост: делтата на Волга, околу Касписко Море и до северен Авганистан. Зимува: Пакистан, северозападна Индија до западен Непал, веројатно и во северозападна Африка.
  • M. f. plexa (Thayer & Bangs, 1914)
Мажјаците како thunbergi но ушите им се потемни, врвот на главата посветол, рудиментитана линија над окото. Женките се како мажјаците, ама посветли.
Распространетост: Сибир, меѓу реките Катанга и Колима. Зимува: Индија и југоисточна Азија.
  • M. f. leucocephala (Przevalski, 1887)
Мажјаците како flava, но сивото на главата е многу светло, речиси бело. Женките се како flava женки, но главата им е малку потемна.
Распространетост: северозападна Монголија и до границата со Кина и Русија. Зимува веројатно во Индија.


Наводи[уреди]

  • Tyler, Stephanie J. (2004): 60. Yellow Wagtail. In: del Hoyo, Josep; Elliott, Andrew & Christie, D. (eds.): Handbook of Birds of the World (Vol. 9: Cotingas to Pipits and Wagtails): 781-782, plate 77. Lynx Edicions, Barcelona. ISBN 84-87334-69-5. Plate 77 image (all birds except the 4 grey/black-backed ones at lower left are M. flava)
  • Voelker, Gary (2002): Systematics and historical biogeography of wagtails: Dispersal versus vicariance revisited. Condor 104(4): 725–739. [English with Spanish abstract] DOI: 10.1650/0010-5422(2002)104[0725:SAHBOW]2.0.CO;2 HTML abstract


Надворешни врски[уреди]