Павел Флоренски
Павел Александрович Флоренски (руски: Па́вел Алекса́ндрович Флоре́нский ) (21 јануари [ст. ст. 9 јануари] 1882 - декември 1937) бил руски православен теолог, филозоф, математичар, електроинженер, изумител и новомаченик[1] понекогаш од страна на неговите следбеници споредуван со Леонардо да Винчи.[2][3]
Животопис
[уреди | уреди извор]Ран живот
[уреди | уреди извор]Павел Александрович Флоренски е роден на 21 јануари 1882 година, во семејството на железничкиот инженер (Александар Флоренски) во градот Јевлак во западниот дел на Азербејџан. Татко му потекнува од семејство на православни свештеници, додека неговата мајка Олга (Саломиа) Сапарова (Сапарашвили) е од грузиско благородништво.[4][5].
По дипломирањето на гимназијата во Тбилиси се запишува на Катедрата за математика на Московскиот државен универзитет, и истовремено студира филозофија. Во 1904 година дипломира на Државниот универзитет од Москва и одбива да прифати да предава на Универзитетот: наместо тоа, продолжил да студира теологија во црковната академија во Сергиев Посад. Заедно со неговите колеги-студенти Ерн, Свеницки и Брикничев тој основал здружение,Сојуз на христијанската борба(Христиaнской Борьбы Союз), со цел обнова на револуционерното руско општество во согласност со принципите на Владимир Соловјов. Подоцна тој бил уапсен за членство во ова општество, во 1906 година: Меѓутоа, тој подоцна го изгубил интересот за радикалното христијанството движење.
Интелектуални интереси
[уреди | уреди извор]За време на неговите студии на Академијата се интересирал за Филозофија, религија, уметност, фолклор. Станал истакнат член на движењето на рускиот симболизам, започнал пријателство со Андреј Бели, и објавил трудови во списанијата Нов Пат (Новый Путь) и Либра (Весы ). Тој, исто така, ја започнал работата врз своето дело Столб и основа на вистината: Есеј во Дванаесет писма. Целата книга била објавена дури во 1924 година, но поголемиот дел бил завршен за време на неговото дипломирање на Академијата во 1908 година.
По дипломирањето на Академијата, предавал филозофија и живеел во Тројце-Сергиева Лавра до 1919 година. Во 1911, бил примен во свештенството. Во 1914 ја напишал својата дисертацијаЗа духовната Вистина. Објавил дела од филозофијата, теологијата, уметничката теорија, математиката, електродинамиката. Помеѓу 1911 и 1917 година, бил главен уредник на Bogoslovskiy Vestnik. Тој исто така бил и духовен учител на контроверзниот руски писател Василиј Розанов, барајќи од него да се помири со Православната Црква.
Период на комунистичката власт во Русија
[уреди | уреди извор]По октомвриската револуција и по затворањето на Тројце-Сергиева Лавра (1918) и на црквата Сергиев посад(1921), каде што тој бил свештеник, се преселил во Москва да работи на државниот план за електрифицирането на Русија. (ГОЭЛРО) Според препораките на Леон Троцки, кој силно верува во способноста на Флоренски да помогне на владата да ги електрифицира руралните делови на Русија.
Во 1924, објавил голема монографија за Диелектрика, како и столб Столб и основа на вистината: Есеј во Дванаесет писма. Тој, исто така, истовремено работел и како научен секретар на Комисијата за Троице Сергејева Лавра и објавил дело за старата руска уметност. Се шпекулирало дека бил дел од заговорот за спас на моштите и на Св Сергеј Радонецки, кои владата наредила да бидат уништени.
Во втората половина на 1920-тите, тој главно ќе работи во областа на физиката и електродинамиката, објавувајќи го делото Имагинарните броеви во Геометријата(«Мнимости в геометрии. Расширение области двухмерных образов геометрии ») посветено на геометриското толкување на Алберт Ајнштајновата теорија за релативноста.
Прогон, затвор и смрт, 1928-1937
[уреди | уреди извор]Во 1928 година, Флоренски бил прогонет на Нижни Новгород. По посредување на Екатерина Пешкова (сопруга на Максим Горки), на Флоренски му беше дозволено да се врати во Москва. Во 1933 година тој повторно бил уапсен и осуден на десет години во работните кампови од страна на озлогласениот член педесет и осум од Сталиновиот Кривичниот законик (клаузули десет и единаесет -агитација против Советскиот систем ииздавање вознемирувачки материјали против Советскиот систем). Вознемирувачкиот материјал била монографијата за теоријата за релативноста.
Тој бил во еден логор, сè до 1934 година, кога тој бил преместен во друг - Соловски, каде спровел истражување во производството на јод и агар од локалните алги . Во 1937 година бил префрлен во Санкт Петербург (тогаш познат како Ленинград), каде што вонсудски бил осуден на смрт. Според една легенда, тој бил осуден заради одбивање да ја открие локацијата на главата на Св Сергеј Радонецки комунистите сакале да ја уништат. Главата на светецот навистина била спасена и во 1946 година вратена во Сергејевата лавра кога манастирот повторно бил отворен.
Службените советски информации изјавиле дека Флоренски умрел на 8 декември 1943 некаде во Сибир, но една студија на архивите, по распадот на СССР покажува дека тие информации треба да се лажни. Флоренски бил снимен веднаш по распитот во декември 1937 година. Најверојатно, тој бил погубен воРзевскиот артилериски опсег, во близина на Токсово, кој се наоѓа на околу дваесет километри североисток кон Санкт Петербург и закопан во тајна масовна гробница во близина Токсово заедно со останатите 30.000 луѓе кои биле погубени во исто време.[6]
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Flight from Eden "d0e2864"
- ↑ „Florensky School of Theology and Ministry on Euclid University Consortium“. Архивирано од изворникот на 2007-09-29. Посетено на 2009-12-07.
- ↑ „article 'Russian da Vinci' May Be Among Remains ib The St. Petersburg Times“. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2009-12-07.
- ↑ Oleg Kolesnikov. „Pavel Florensky“.(руски)
- ↑ Pavel V. Florensky; Tatiana Shutova. „Pavel Florensky“. Nashe Nasledie (руски)
- ↑ Antonio Maccioni, "Pavel Aleksandrovič Florenskij. Note in margine all'ultima ricezione italiana", eSamizdat, 2007, V (1-2), pp. 471-478 Antonio Maccioni. „Pavel Aleksandrovic Florenskij“ (PDF) (италијански). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-06-05. Посетено на 2009-12-07.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Животопис
[уреди | уреди извор]- (руски) Site devoted to Florensky
- (руски) - Biography
- (руски) - Church biography Архивирано на 5 ноември 2004 г.
- (италијански) - Biography, by Abate Herman and Padre Damascene
Дела
[уреди | уреди извор]- (англиски) The Pavel Florensky School of Theology and Ministry Архивирано на 14 мај 2006 г.
- (италијански) DISF: P.A. Florenskij - Voice by N. Valentini
- (италијански) Paper about some Florenskij's book Архивирано на 21 февруари 2007 г.
- (италијански) Florenskij in Italy - Article by A. Maccioni Архивирано на 5 јуни 2016 г.
- (грчки) Page devoted to Florenskij
- Florensky, Pavel (2004). The Pillar and Ground of the Truth: An Essay in Orthodox Theodicy in Twelve Letters. Princeton, New Jersey: Princeton University Press. ISBN 978-0-691-11767-6.
- Florensky, Pavel (1999-02-13). Salt of the Earth (The Acquisition of the Holy Spirit in Russia Series, Vol. 2). Saint Herman Press. ISBN 0-938635-72-7. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - Florensky, Pavel (1996). Iconostasis. Crestwood, New York: St. Vladimir's Seminary Press. Text " ISBN 0-88141-117-5" ignored (help)
- Florensky, Pavel (2006-08-15). Beyond Vision: Essays on the Perception of Art. London: Reaktion Books. ISBN 978-1-86189-307-9. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - Florensky, Pavel. „Onomatodoxy as a Philosophical Premise (excerpts)“. A. F. Losev page. Архивирано од изворникот на 2007-08-08. Посетено на 2007-09-04.
- „Pavel Florensky on Brotherhood Rite“ (translated from Russian by Fr. German Ciuba). Gay.ru. Russian National GLBT Center. Посетено на 2007-09-04.
- Titova, Irina (2002-10-01). „'Russian da Vinci' May Be Among Remains“. St. Petersburg Times. стр. 73. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2007-09-04. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - „Pavel Florensky's House - Sergiev Posad“. Golden Ring of Russia. 2007-02-14. Архивирано од изворникот на 2007-05-28. Посетено на 2007-09-04. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - Leach, Joseph H. J. (Fall 2006). „Parallel Visions - A consideration of the work of Pavel Florensky and Pierre Teilhard de Chardin“. Theandros. 4 (1). Посетено на 2007-09-04.
- Rhodes, Michael C. (Spring 2005). „Logical Proof of Antinomy: A Trinitarian Interpretation of the Law of Identity“. Theandros. 2 (3). Посетено на 2007-09-04.
- Berdyaev, Nikolai (February 1917). „Khomyakov and Fr. Florensky“. Journal Russkaya Mysl (257). Архивирано од изворникот (reprint, translation from Russian) на 2007-09-28. Посетено на 2007-09-04.
- Steineger IV, Joseph E. (Spring/Summer 2006). „Cult, Rite, and the Tragic: Appropriating Nietzsche's Dionysian with Florenskii's Titanic“. Theandros. 3 (3). Посетено на 2007-09-04. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - Bird, Robert. „The Geology of Memory: Pavel Florensky's Hermeneutic Theology“. equestrial.ru. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2007-09-04.
- Seiling, Jonathan (2005). „Kant's Third Antinomy and Spinoza's Substance in the Sophiology of Florenskii and Bulgakov“. Florensky Conference. Архивирано од изворникот (RTF document) на 2009-10-27. Посетено на 2007-09-04.
- Reardon, Patrick Henry (1998-09-01). „Truth Is Not Known Unless It Is Loved: How Pavel Florensky restored what Ockham stole“. Books & Culture. Christianity Today. Архивирано од изворникот (fee required) на 2007-09-29. Посетено на 2007-09-04. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - Dvoretskaya, Ekaterina. „Personal approach to Symbolic reality“. crvp.org. Council for Research and Values in Philosophy. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2007-09-04.
- (италијански) Florenskij, Pavel A. на Curlie (англиски)
|