Оливие Месијан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Оливие Месијан (француски: Olivier Messiaen, се родил на 10 декември 1908 во Авињон, починал на 28 април 1992 во Париз) бил француски композитор, оргулист и професор. Неговата музички јазик се базира од француската традиција за оргули, иновациите кои ги наследува од Клод Дебиси и Морис Равел, до употреба на модални системи и серијализам. Тој бил еден од ретките композитори на 20-ти век кој цврсто се држел до католичкото верување, иако често се инспирирал од не-европските култури, како јапонската и индиската. Како професор, тој е клучна фигура во оформувањето на пост-воената генерација на композитори, како Пјер Булез, Јанис Ксенакис, Карлхајнц Штокхаузен и други.

Живот и дело[уреди]

Месијан се раѓа во фамилија полна со култура и посветена на уметноста. Неговата мајка уште пред да се роди Оливие напишала циклус на поеми кои Месијан подоцна ги користи за неговата музика. Неговиот татко Пјер, бил професор по англиски јазик и бил многу посветен на делата на Шекспир. Оливие од него го наследува талентот за јазици. Во 1919 целата фамилија се преселува во Париз, каде Оливие се запишува на Конзерваториумот во Париз на исклучително рана возраст. Како професор по композиција го добива Пол Дика и Марсел Дипра по оргуљи и импровизација. Месијан тука се запознава и со метрите на старогрчките стихови, кои подоцна ќе му станат специјалност, со фолклорот и со христијанските литургии кои ќе го "ковертираат кон модалната музика". Во овој период, Месијан се запознава со новата музика од Игор Стравински, Артур Хонегер, Даријус Мијо, Виенската Школа, но она што вистински ќе го инспирира е музиката на Клод Дебиси. Во 1930 се откажува од Конзерваториумот и станува оргуљист во Ла Трините во Париз. Ова искуство ќе остави силно влијание врз неговото творештво, кое има религиозна конотација. Во 1932 Месијан стапува во брак со виолинистката Клер Делбо, од која во 1937 го добива единственото дете Паскал. За нив, ја компонира Chants de terre et de ciel. Како подарок на Клер по бракот, Оливие пишува ја пишува Poèmes pour Mi која е пример за ретката "не-илустративна" нео-класична музика, која станува една од главните музички движења во Париз во тој период. Од друга страна, истата година формира група заедно со Андре Жоливе, Даниел-Лезур и Ив Бодрие, со кои несомнено разменува мислења и влијанија, како и посетите на Едгар Варез и Вила-Лобос во Париз. Во 1936 започнува да предава во Ecole Normale de Musique и Schola Cantorum. Следната година ја пишува Fête des belles eaux за шест Мартенови Бранови (Ondes Martenot), каде за прв пат употребува електронски инструменти.
За време на Втората Светска Војна го регрутираат во воениот сервис и во 1940 го заробуваат како воен затвореник во Герлиц, каде го компонира Quatuor pour la fin du temps и го изведува во воениот камп пред заробеници.
По ослободувањето започнува да предава хармонија на Конзерваториумот во Париз, каде како студенти ги има Пјер Булез, Серж Ниг и Ивон Лориод, која ќе стане негова нова љубов, по тешкиот период со неговата дотогашна жена која тешко ќе заболи и ќе почине во санаториум. Оваа нова љубов, Месијан ја искажува преку Visions de l'Amen, Trois petites liturgies, Vingt regards sur l'Enfant-Jésus од 1944, Turangalîla-symphonie од 1948, итн.
Turangalîla е најголемо негово дело напишано дотогаш, за голем оркестар со соло пијано (изведено од Лориод) и мартенови бранови, нарачано од Кусевицки и изведено за прв пат од Леонард Бернштајн. И покрај масовноста на ова дело и комплицираноста при изведбата, Turangalîla го прославува на меѓународно ниво.
По претставувањето на Виенската Школа на Булез и Ниг, Месијан подготвува дело каде додекафонијата ја применува врз ритмичките вредности. Ова дело, Mode de valeurs et d'intensités, го пишува за време на неговите предавања во Дармштад, каде значително ќе влијае врз музичката мисла на Булез и Штокхаузен.
Незадоволувајќи ја својата идеја да компонира илустративна музика, Месијан брзо го напушта серијалниот метод за да се посвети на нови мелодиско-хармонски инвенции. Неговиот интерес во орнитологијата ќе го искористи во неговата музика. Почнувајќи од Le merle noir за флејта и пијано, за прв пат ќе ги тестира пеењата на одредени птици при формализирањето на мелодиите, ритамот и хармонијата.
Кулминацијата на користењето на пеењата на птици е во Chronochromie од 1960 за голем оркестар, каде ги употребува во апстрактен контекст со речиси серијални формулации. По ова дело, се враќа кон воздигнувањето на Господ и компонира инспириран од католичката христијанска религија. Така го создава Et exspecto resurrectionem mortuorum од 1964 за дувачки оркестар и перкусии. Месијан често зборува за бои во звуците. Така на пример акордот на А-дур со додадена секста го асоцира на светло сина боја, бојата на небото. Во истиот контекст создава 3 масивни дела: La Transfiguration de notre Seigneur Jésus-Christ од 1969 эа 7 инструментални солисти, хор и голем оркестар, Des canyons aux étoiles од 1974 эа пијано и оркестар, муэичкиот театар Saint François d'Assise од 1983, композицијата за оргуљи Livre du Saint Sacrement од 1984 и Eclairs sur l'Au-delà од 1992 за огромен оркестар нарачано од Њујоркшата Филхармонија.
Месијан го има Булез во неговата класа од 1943 до 1947, со кој одржува и приватни предавања по компоэиција и анализи и каде заедно со другите студенти создава револуционерна атмосфера кој ќе се спротивстави на академската ригидност. Месијан ги нарекувал неговите студенти "les flèches" ("стрелки"), кои ги втурнувал во создавањето на нивен стил. Во неговата кариера на професор на Конзерваториумот во Париз, како студенти ги има Карлхајнц Штокхаузен, Јанис Ксенакис, Тристан Мурај и други.