Серијализам

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во музиката, серијализмот е метод или техника на компонирање (Griffiths 2001, 116), која користи организирани серии на вредности во различни музички елементи. Серијализмот започнува првично со Арнолд Шенберг и неговата додекафонска техника, потоа неговите следбеници работат на серијализмот како пример на пост-тоналната мисла. (Whittall 2008, 1). Дванаесет-тонската (додекафонска) техника предвидува неутрална база на 12 ноти од хроматската скала, формирајќи тонски серии кои резултираат со унифицирани мелодиско-хармонски структури. Други типови на серијализам исто така работат со шеми кои одат вон традиционалните музички димензии и техниката ја воведуваат и на времетраењето, динамиката и бојата на звукот. Идејата за серијализам е исто така присутна и во визуелната уметност, дизајнот и архитектурата. (Bandur 2001, 5, 12, 74; Gerstner 1964, passim). Музичката употреба на зборот "серија" не треба да се побуни со математичкото значење на истиот термин.

Интегрален серијализам или тотален серијализам е техника која употребува серии во сите музички аспекти, од времетраењето, динамиката, регистарот до висината на нотите (Whittall 2008, 273). За истата техника, во Европа се користи терминот генерален серијализам. (Grant 2001, 5–6).

Композиторите како Арнолд Шенберг, Антон Веберн, Албан Берг, Карлхајнц Штокхаузен, Пјер Булез, Лујџи Ноно, Милтон Бабит и Жан Барак користат серии на нивни сопствен начин. Други композитори како Бела Барток, Лучано Берио, Бенџамин Бритен, Џон Кејџ, Арон Копланд, Оливие Месијан, Арво Пjарт, Валтер Пистон, Нед Рорем, Алфред Шнитке, Димитриј Шостакович, Игор Стравински, па дури и некои џез композитори како Јусеф Латиф и Бил Еванс го користат серијализмот во одредени наврати.