Лучано Берио

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лучијано Берио

Лучано Берио, (24 октомври 1925 - 27 мај 2003) бил италијански композитор. Познат е по неговите експериментални дела (пред сè Sinfonia и серијата соло дела наречени Sequenza) како и неговите пионерски дела во електронската музика.

Композиции[уреди]

Електронските дела на Берио датираат од периодот кога тој поминува време во миланското Studio di Fonologia. Едно од најзначајните дела создадени таму е Thema (Omaggio a Joyce) (1958), базирано на читањето на Улис на Џејмс Џојс од страна на Кети Берберијан, кое се смета за првото електроакустично дело во историјата на западната музика кое што користи глас и елетронска обработка на глас.[1] Во подоцнежното дело Visage (1961), Берио создава емотивен јазик без зборови преку кратење и реанажирање на снимките на гласот на Кети Берберијан, јазик базиран на симболични и репрезентативни гестови и гласовни промени "од неартикулирани звуци до слогови, од смеа до плач и пеење, од афазија до променливи шеми на одредени јазици како Англиски, Италијански, Еврејски и Наполитански дијалект". [2] [3]

Во 1968 година, Берио ја завршува композицијата O King која се состои од две верзии, една за глас, флејта, кларинет, виолина, виолончело и пијано и другата за осум гласови и оркестар. Делото е во сеќавање на Мартин Лутер Кинг, кој беше убиен кратко пред Берио да ја напише композицијата. Во неа, гласовите ги интонираат првите самогласки (вокали) и потоа консонантите го компонираат неговот име, расчекорувајќи ги за да го дадат неговот име во целост при крајот на делото.

Оркестралната верзија на O King е интегрирана во едно од најпознатите дела на Берио Sinfonia (1967/69), за оркестар и осум амплификувани гласови. Гласовите не се користени на традиционален начин, најчесто ниту пејат, но зборуваат, шепотат и врискаат. Третиот став е колаж на литературни и музички цитати. A-Ronne (1974) е слично структурирано, но пофокусирано на гласот. Првично е создадено како радио програма за пет глумци и потоа обработено за осум вокалисти и опционален дел за тастатури. Делото е една од соработките со поетот Едоардо Сангуинети, Т. С. Елиот и Карл Маркс.

Уште еден пример за влијанието на Сангуинети во делата на Берио е и Coro (премиерно изведено во 1977), за оркестар, соло гласови и голем хор, каде што хористите се парирани со инструментите од оркестарот. Ова дело трае околу еден час и истражува повеќе теми од фолклорната музика на различни региони, од Чиле, Северна Америка до Африка. Повторливите теми се израз на љубов и страст, тага и смрт. Фразата повторена често е "дојдете и видете ја крвта на улиците", повикувајќи се на поемата на Пабло Неруда, напишана во контекст на суровите настани во Латинска Америка за време на милитарните режими.

Во последниот период од творештвото, Берио се фокусира на користењето на live electronics, во делата Ofanìm (1988–1997) и Altra voce (1999), каде што техничкиот и електронскиот дел го спрема со музичарите од институтот Tempo Reale.

Наводи[уреди]