Пјер Булез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пјер Булез во 2004

Пјер Булез (француски: Pierre Boulez) (роден на 26 март 1925) е француски композитор на современа класична музика и диригент.

Биографија[уреди]

Ран период[уреди]

Како дете Булез започнал да зема часови по пијано и покажувал интерес како за музика така и за математика. Учел музика со Оливие Месијан и со Андре Ваурабург.[1] Преку Месијан ја открил додекафонската техника. Подоцна учел со Рене Лејбовиц и навлегол во атоналните техники на компонирање во пост-Вебернистички стил. Меѓу првите дела во периодот од доцните 1940-ти години се Le Visage nuptial и Le Soleil des eaux, кантати за женски гласови и оркестар, како и ревизијата на Втората Соната за Пијано во 1948, дело кое Булез го создал на 23 години. Булез бил под силно влијание на Месијановиот интегрален серијализам, каде ја истражувал организацијата на висината на нотите, нивното времетраење, динамиката, начините на атакот на звуците итн. Булез предавал на Школата за Нова Музика во Дармштат, Германија, заедно со Карлхајнц Штокхаузен и Џон Кејџ, каде жестоко се спротивставувал на национализмот и неговото влијание во музиката.

Серијализам[уреди]

Примери за целосно серијални дела на Булез се: Polyphonie X (1950-1951, повлечено подоцна), двете Etudes за лента од (1951-1952) и првата книга од Structures за 2 пијана. Structures е и пресвртница кај Булез, поради најочигледниот серијален пристап кој предизвикал многу реакции и критики. Лигети издал текст каде ја зема предвид целата серијална структура на делото и посочува дека Булезовиот "аскетски пристап" мора да се прекине... [2] Овие критики го пренасочуваат Булез кон пофлексибилен експресионистички пристап, споменати и од него во есејот "На лимитот на плодната земја...". Серијализмот го ублаува со гестикулативна музика.

Le marteau sans maître[уреди]

Најголемото постигнување применувајќи ја оваа техника е Le marteau sans maître за ансамбл и глас, напишана во период од 1953 до 1957 и е едно од врвните постигнувања на 20тиот век [3]. Le marteau sans maître е револуционерна синтеза на различни стилови во модерната музика, од џез, Гамелан, традиционална африканска музика и јапонска музика. Една од иновациите во оваа композиција е тн. "мултипликација на висините на нотите" [4].

Експериментирање[уреди]

По Le marteau sans maître, Булез започнува да ја зајакнува својата позиција на музичката сцена преку диригирањето и изедувањето на дела од втората половина на 20ти век. Започнува да применува нови концепти во неговите композиции. Со Pli selon pli за оркестар и соло сопран, Булез користи техники на импровизирање и нецелосно детерминирани фрази. Се осврнува и на можноста диригентот да импровизира на неконкретни нотации. Ја презема и идејата на Штокхаузен околу поливалентните форми, каде композиторот ја остава можноста на изведувачот да го одреди редоследот на деловите во композицијата. Булез истражува и на полето на алеаториката [5], каде неговата "контролирана шанса" се наоѓа веќе од Третата Соната за Пијано од 1957 и Éclat (1965), Domaines (1961-68) и Rituel in Memoriam Bruno Maderna (1974–75), кои што за разлика од Џон Кејџ каде изведувачите се слободни да импровизираат со непредвидливи звуци, Булез ја дава слободата на изведувачот само да избере можности што ги нуди композиторот. Оваа структура Булез ја нарекува "мобилна форма".

Наводи[уреди]

  1. „Pierre Boulez: A Master With Class“. Inspired Minds. http://www.inspiredminds.de/detail.php?id=30. конс. 18 август 2009. 
  2. Ligeti 1960, 62
  3. Hopkins and Griffiths 2006.
  4. Koblyakov 1977.
  5. Boulez 1991c and 1986.