Николај Доброљубов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Доброљубов

Николај Доброљубов (на руски: Никола́й Алекса́ндрович Добролю́бо 5 февруари 1836 - 29 ноември 1861) бил руски литературен критичар, новинар, поет и револуционер демократ.

Биографија[уреди]

Доброљубов е роден во Нижни Новгород, каде што неговиот татко бил свештеник. Изучувал духовна семинарија од училиштето 1848-1853. Поради неговата дарба бил штитеник на неговите учители во семинаријата, а дома поголемиот дел од времето го поминувал во библиотеката на својот татко, читајќи книги за науката и уметноста. На 13 годишна возраст започнал да пишувал поезија и преведува на стихови од римски поети како што Хорациј. Во 1853 година заминал за Санкт Петербург и се запишал на тамошниот државен универзитетот. По смртта на неговите родители, во 1854 година, тој ја презел одговорноста за своите браќа и сестри. Доброљубов работел како учител и преведувач, со цел за издршка на неговото семејство, а паралелно ги продолжил своите студии. Тешката обемна работа и стресот од неговата позиција имале негативно влијание врз неговото здравје [1].

Во текот на универзитетските години организирал нелегален демократски кружок и започнал со издавање на весник. Во овој период тој агитирал меѓу учениците за водење на борба против реакционерната управа на универзитетот. Неговите песни На 50-ти роденден на Н. У. Греч (1854), и Ода за смртта на Николај I (1855), чии примероци биле дистрибуирани надвор од Универзитетот, го покажа неговиот непријателски став кон автократијата.

Во 1856 тој се запознал со влијателниот критичар Николај Чернишевски‎ и издавачот Николај Некрашов. Набргу започнал да ги издава своите дела во популарниот весник Современик. Во 1857 година, по неговото дипломирање на универзитетот, тој се приклучи на персоналот на весник Современик како раководител на неговиот критички оддел. Во текот на следните четири години тој создал неколку тома на важни критички есеи. Еден од неговите најпознати дела биле есејот Што е Обломвизам?, кој бил заоснован на неговата анализа на романот Обломов од Иван Гончаров [2][3][4] .

Во мај 1860 година, по инсистирањето на своите пријатели, Доброљубов заминал во странство, во обид да ја излекува туберкулоза, која се влошила од обемната работа. Тој живеел во Германија, Швајцарија, Франција и во Италија, каде што национално то ослободително движење предводено од Џузепе Гарибалди, се случува. Ситуацијата во Италија му овозможиле материјали за пишување на серија на артикли.

Се врати во Русија во јули 1861 година. Доброљубов починал во ноември 1861 година, на дваесет и пет годишна возраст, од акутна туберкулоза. Тој бил погребан веднаш до Висарион Белински на гробишта во Санкт Петербург.

Извори[уреди]

  1. Russian Literature, Peter Kropotkin, McClure Phillips, NY, 1905.
  2. Russian Literature 1905
  3. The Great Soviet Encyclopedia 1970-79
  4. Anthology of Russian Literature, Part 2, Leo Weiner, G.P. Putnam's Sons, NY, 1903.