Младен Србиновски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Младен Србиновскиписател од Република Македонија и публицист. Роден е во 1958 година во село Вруток, Гостивар. И покрај добро развиениот стил на пишување и одличниот литературен израз[се бара извор], Србиновски пред македонската јавност е познат по тоа што во неговите дела преовладуваат силни изрази на нихилизам и национален дефетизам, чија заедничка одлика е сомнежот во квалитетот на јазикот и на сопствениот народ. Познати се неговите ставови дека македонската нација е вештачки создадена, и се состои од однародени Бугари.

Професионални ангажмани[уреди | уреди извор]

Високото образование го стекнал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, на катедрата по социологија. Сепак, и покрај тоа што е дипломиран социолог, неговото професионално дејствување досега било насочено повеќе кон новинарството и пишувањето книги. Така, тој работел во Македонската Телевизија како новинар во редакцијата за наука, сè до 2000 година, кога станува директор на Народната и универзитетска библиотека „Св Климент Охридски”. На ова работно место тој не се задржува долго, па така веќе во 2001 година почнува да работи како помошник на генералниот директор на Македонската Телевизија, Љупчо Јакимоски. Функцијата на помошник на генералниот директор на МТВ ја врши до 2002 година, а во периодот што следи повторно се враќа во новинарските води, но овојпат тоа е во секторот а истражување и развој на Македонската Телевизија.

Творештво[уреди | уреди извор]

Периодот до 2001 година се покажува како многу успешен и плоден за Младен Србиновски, не само на професионално поле, туку и за неговото творештво[се бара извор].

Тој пишува и издава повеќе новели, од кои ги издвојува Година со тринаесет месеци и Чувар на виножитата. Освен овие новели, тој ги има напишано и книгите есеи Македонските Авгиеви штали и Обеди Ништожност, како и повеќе драмски текстови, меѓу кои Марко Крале, Итар Пејо и Македонски Фауст[1] Архивирано на 24 август 2007 г.. Претставата Македонски Фауст, според текстот на Србиновски, а во режија на Сашо Миленковски, ја имаше својата премиера во јули 1999 година на Самуиловата тврдина во Охрид, како дел од манифестацијата Охридско лето. Во „Македонски фауст“ настапија глумци од разни театри, како Бранко Ѓорчев, Јелена Жугиќ, Владе Талевски, Митко Апостоловски, Николина Кујача, Нино Леви, Дејан Лилиќ, Александар Микиќ и др. Костимите беа дело на Александар Ношпал, а музиката на Венко Серафимов.

Потоа следуваат романот Грабнувањето на мртвиот Дизни и најновото дело на Србиновски насловено Приказни од Долна Земја. Овој роман кој излезе од печат во 2005 година е инспириран од историските и животни вистини за (не)возможниот соживот меѓу Албанците и Македонците. Неговиот роман „Шашма“ излезе во 2010 година и ја разработува македонската шашма од 1913 година до сегашните денови. Него критиката го споредува со Орхан Памук и со Иво Андриќ. Издан е во 2011 г. и во Бугариjа и промоциран во Националната библиотека "Свети Кирил и Методи" - Софиjа. На 20 јуни 2012 година, благоевградскиот универзитет Св. Неофит Рилски го прогласи Младен Србиновски за свој почесен доктор. Група познати бугарски интелектуалци во ноември 2014 година направија Иницијативен одбор за да го кандидираат Младен Србиновски за Нобелова награда за литература.

Преглед на опусот[уреди | уреди извор]

  • „Година со тринаесет месеци”, новела
  • „Чувар на виножита”, новела
  • „Македонските Авгиеви штали”, збирка есеи
  • „Обеди ништожност”, збирка есеи
  • „Марко Крале”, драма
  • „Итар Пејо”, драма
  • „Македонски Фауст”, драма
  • „Грабнувањето на смрзнатиот Дизни”, роман
  • „Приказни од Долна Земја”, роман
  • „Шашма“, роман
  • "За македонистките работи" - збирка есеи
  • „Роман за Мајка Тереза“, 2012 - роман
  • „Њујоркчани“, 2014 - роман

Политички ставови[уреди | уреди извор]

Со името на Младен Србиновски, освен пофалбите и признанијата за неговите дела, се врзуваат и бројни контроверзии. Овие се должат на неговите ставови во врска со идентитетот на Македонците. Имено, тој вели дека македонската нација е вештачки создадена и дека се состои од однародени Бугари. И покрај добро развиениот стил на пишување и одличниот литературен израз, Србиновски пред македонската јавност е познат по тоа што во неговите дела преовладуваат силни изрази на нихилизам и национален дефетизам, чија заедничка одлика е сомнежот во квалитетот на јазикот и на сопствениот народ. Во многу негови публикувани текстови тој во историски контекст ја проблематизира автентичноста на денешната национална идеологија во Република Македонија.

Тој исто така се активира и во политичките води, како близок пријател на поранешните владејачки гарнитури на ВМРО-ДПМНЕ. Со години наназад, тој соработува со неговите истомисленици, Димитар Димитров, Миле Неделкоски, Милош Линдро и др. во пласирање на тезата за непостоењето на македонскиот литературен јазик и во деградирањето на македонскиот јазичар Блаже Конески како српски агент и како творец на вештачки јазик.

Овие негови ставови и размислувања, кои често се одликуваат како про-бугарски, се највидливи во книгата Обеди Ништожност[2] Архивирано на 17 јануари 2006 г., каде преку единаесет елаборирани есеи, тој ги изнесува неговите гледишта за историјата и сегашноста на Македонија. Токму во есејот насловен како Вилает на врховизми[3] Архивирано на 1 март 2005 г. тој зборува за процесот на отцепување на Македонија и нејзиниот народ од нејзината ‘матична’ држава Бугарија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]