Мајанска религија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Мајанската религија од Јукатан во Мексико, Гватемала, Белизе и Хондурас е рерион каде традиционалната стара религија сè уште постои и се практикува од Маите, заедно со христијанството и христијанските обичаи. Традиционалната мајанска религија опстојува повеќе од два милениума, каде последните 500 години се забележува симбиоза со друга религија. Пред да биде христијанството донесено на тлото на Америка, старата религија била расширена кај сите мали кралство во Средна Америка и секое кралство или заедница имале свои карактеристики и специфичности.
[уреди] Извори
Најзначајните извори за традиционалната мајанска религија се Маите, нивните обичаи, религиозни обреди и приказни прекажани на антрополози. За мајанската религија од пред колонизацијата се црпат информации воглавно од трите преживеани хиероглифски книги, потоа значаен е Попол Вух, книгите од Чилам Балам, шпански документи, археолошки истражувања и проучувања.
[уреди] Основите на обредите
Традиционалната мајанска религија е често наречена како „костимирана“ поради присуството на костими. Мајанската религија е сложена во поглед на религиските обреди и обичаи.
