Моче

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Moche
Култура Моче
култура
Blank.png
100–800 Blank.png
Location of Моче
Карта на културното влијание на Моче.
Главен град Нема дадено
Јазици мучикски
Религија многубожна
Уредување теократија
Историски ери пред-колумбиска
 - Основана 100
 - Распуштена 800


Цивилизацијата Моче се развила во периодот од 100 до 800 година за време на историскиот период на регионален развој. Денес има голема дебата за тоа дали Моче биле организирани во некоја политичка единица, па така некои научници веруваат дека Моче не биле обединети во една политичка целина, туку во заедница од градови кои споделувале заеднички културни и исторски вредности.

Моче се доста познати по вештото бојадисување керамика, изработка на производи од злато, грандиозни споменици, водоводни системи и слични архитектонски подвизи.[1] Историјата на народот Моче може да биде поделена на три периоди, па така има: ран период од 100 до 300 година кога се развила цивилизацијата, потоа следува средниот период од 300 до 600 година кога започнал урбаниот живот и доцен период кога се распаднала цивилизацијата во периодот од 500 до 700 година.[2] Општеството на Моче било базирано на земјоделството со значителни напори и резултати за изградба на водоводни канали. Општо гледано, оваа цивилизација била доста развиена и според археолошките артефакти се добиваат уште подетални информации за цивилизацијата.

Оваа цивилизација се протегала низ неколку долини во северниот брег на Перу, поточно околу Ламбајеке, Хекетепеке, реката Чикама, реката Моче, реионот на цивилизацијата Виру, Чао, реката Санта и Непена. Пирамидата Хуака дел Сол е најголема градба во пред-колумбиската ера, но била делумно уништена од шпанските колонизатори. За голема среќа на археолозите и научниците, храмот Хуака де ла Луна е скоро недопрена и има голем број сликовите прикази за општеството. Останати Моче локалитети се Сипан, Пампа Гранде, Лома Негра, Дос Кабезос, Пакатнаму, Сан Хозе де Моро, Ел Брухо, Моколопе, Керо Мајал, Галиндо, Хуанкако и Панамарка.

Содржина

[уреди] Галерија

[уреди] Видете исто така

[уреди] Наводи

  1. Beck, Roger B.; Linda Black, Larry S. Krieger, Phillip C. Naylor, Dahia Ibo Shabaka, (1999). „World History: Patterns of Interaction“. Evanston, IL: McDougal Littell. ISBN 0-395-87274-X. 
  2. Bawden, G. 2004. The Art of Moche Politics, in Andean Archaeology. (ed. H. Silverman). Oxford: Blackwell Publishers.

[уреди] Додатни информации

  • Schmid, Martin, Die Mochica an der Norküste Perus. Religion und Kunst einer vorinkaischen andinen Hochkultur. Hamburg, 2008

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици