Манко Капак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сапа Инки
Приказ на Сапа Инките.
Хуринска династија
   Манко Капак
   Синчи Рока
   Локе Јупанки
   Мајта Капак
   Капак Јупанки
Хананска династија
   Инка Рока
   Јахуар Хуакак
   Виракоча
   Пачакути
   Тупак Инка Јупанки
   Хуајна Капак
   Нинан Кујочи
   Хуаскар
   Атахуалпа
Сапа Инки од Вилкабамба
   Тупак Хуалпа
   Манко Инка Јупанки
   Паулу Инка
   Сајри Тупак
   Титу Куси
   Тупак Амару
Поврзано
   Тавантинсују
   Сапа Инка
   Список

Манко Капак (кечуански: Manqo Qhapaq или Manku Qhapaq - „раскошно основање“) бил легендарен прв Сапа Инка на Кралството Куско и еден од божествата на митологијата на Инките. Постојат неколку верзии за неговата поврзаност со основањето на Куско.

Легендата Инти[уреди]

Според овој мит, Мако Капак бил син на богот на сонцето Инти и Мама Квила и брат на Пача Камак. Мако Капак бил прославуван како оган и бог на сонцето. Исто така, Манко Капак и негови пријатели биле испратени на земјата од страна на богот на сонцето и излегле од пештерата во Пакаритамбо носејќи златен предмет наречен тапак-јаури. Тие требале да изградат храм на богот на сонцето на местото каде ќе се зарил самиот златен предмет. Местото било во Куско.

Легендата Виракоча[уреди]

Според легендата Виракоча, Манко Капак бил син на Виракоча. Тој и неговите браќа Ајар Анка, Ајар Качи и Ајар Учу и неговите сестри Мама Окло, Мама Хуака и Мама Кура живееле во близина на Куско и тие го обединиле народот со околните народи за да ја освојат долината на Куско. Исто така, во оваа легенда има златен предмет, но за разлика од останатите, во оваа легенда Манко Капак ги убил своите браќа и станал прв Сапа Инка.

Живот[уреди]

Манко Капак владеел со Кралството Куско околу 40 години, создавајќи закони и се верува дека го укинал човековото жртвување. Законот забранил женење со своите сестри, но овие закони не биле имплементирани за благородничките семејства и тој се оженил со својата сестра Мама Окло. Со неа, Манко Капак имал дете по име Синча Рока кој станал нареден Сапа Инка. Манко владеел во периодот кога титулата се нарекувала „капак“ што значи лидер на војна, а подоцна се сменила со титулата „Сапа Инка“. Манко Капа владеел до 1230, додека некои тврдат дека тој владеел до 1107.

Галерија[уреди]

Видете исто така[уреди]

Претходник
(нема)
Сапа Инка
о. 1200
Наследник
Синчи Рока