Мајабеке (покраина)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мајабеке
Provincia de Mayabeque
—  Покраина во Куба  —

Грб
Земја Куба
Админ. центар Сан Хосе де лас Лахас
Површина[1]
 • Вкупна 3.732,73 км2
Население (31 дек 2010)[1]
 • Вкупно 381.385 жит.
Час. појас EST (UTC-5)
Повик. бр. +53-47

Мајабеке (шпански: Provincia de Mayabeque) е една од двете нови покраини на Куба, создадени на почетокот на 2011 г. со подвојување на покраината Хавана.[2][3]

Покраината се состои од 11 источни општини од поранешната покраина Хавана, а главен град е Сан Хосе де лас Лахас. Наречена е по реката Мајабеке, на чиј лев брег во 1514 г. е основано селото Хавана (Сан Кристобал де ла Хабана), кое потоа прераснало во престолнина на земјата.[4]

Така, оваа нова покраина е најмала и најмалку населена во земјата, ако не се смета градот-покраина Хавана. Новите покраини стапиле на сила на 1 јануари 2011 г.

Стопанството е мешано. Во земјоделскиот секртор се одгледуваат земјоделски култури како овошјето, компирот, раноградинарските производи и шеќерната трска, а важна улога има и сточарството, особено за производство на млечни производи. Индустријата е застапена главнмо во Сан Хосе де лас Лахас и Санта Круз дел Норте со производство на градежни материјали, електрични кабли, гума, стаклени и керамички садови, преработка на прехранбени производи и хартија, шеќерани, две големи фабрики за рум (марката Havana Club), биофармацевтика (во Бехукал), рибни производи, електрани и експлоатација на нафра и гас. Во покраината има и неколку важни научни установи и универзитет од областа на агрономијата.

Општини[уреди]

Карта на покраината Мајабеке
Патна карта на покраината Мајабеке
Општина Површина (км²) Население Густина
Батабано 263,43 26.944 102,3
Бехукал 116,36 26.966 231,7
Гвинес 433,09 67.919 156,8
Кивикан 227,1 29.463 129,7
Мадруга 459,58 29.805 64,9
Мелена дел Сур 233,56 20.646 88,4
Нуева Паз 522,8 25.471 48,7
Сан Николас де Бари 228,86 20.695 90,4
Сан Хосе де лас Лахас 592,67 74.186 125,2
Санта Круз дел Норте 379,38 34.216 90,2
Харуко 275,9 25.135 91,1
Вкупно 3.732,73 381.446 102,2

Извор: Државни статистики за 2010 г.[5]

Најнаселени градови се Гвинес (42.000 жит.) и Сан Хосе де лас Лахас (37.000 жит.)

Наводи[уреди]