Гвантанамо (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гвантанамо
Provincia de Guantánamo
—  Покраина во Куба  —
Земја Куба
Админ. центар Гвантанамо
Површина[1]
 • Вкупна 6.164,47 км2
Население (31 дек 2010)[1]
 • Вкупно 510.863 жит.
Час. појас EST (UTC-5)

Гвантанамо (шпански: Provincia de Guantánamo) е најисточната покраина на Куба. Нејзин главен град е Гвантанамо. Друг поголем град е Баракоа. Покраината ја заобиколува важната поморската база на САД во заливот Гвантанамо.

Архитектурата и културата на Гвантанамо не е иста како во останатиот дел од Куба. Покраината е само 80 km од Хаити, нејзината најблиска точка преку Виндвардскиот Премин, и доволно блиску за да навечер се видат светлата од светилниците во Хаити. Гвантанамо исто така има и голем број имигранти од Јамајка, што значи дека многу згради се споредливи со оние од Францускиот Кварт на Њу Орлеанс во Луизијана.

Планините Нипе-Сагва-Баракоа доминираат во покраината, притоа делејќи ја климатски и географски. Северниот брег е највлажниот дел од земјата, додека на југ е најтоплиот дел. Северот се карактеризира со дождовни шуми, додека југот е неплоден и има многу кактуси.

Општини[уреди]

  1. Баракоа
  2. Гвантанамо
  3. Ел Салвадор
  4. Имијас
  5. Јатерас (Паленке)
  6. Кајманера
  7. Мајси (Ла Макина)
  8. Мануел Тамес
  9. Нисето Перез
  10. Сан Антонио дел Сур

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Портал „Куба